- Ѓубрето и канализацијата си стојат покрај Детската клиника и Клиниката за хематологија во Клиничкиот центар – „Операција помор“, а таму се лекува леукемија во „стерилни услови“. Тоа е „златото“ на нашата култура. Изгледа сите министри за здравство обожаваат ѓубре и дефектна канализација (се вика мизофилија) – оти ни со мал прст не мрднаа за тоа прашање. Тоа е од пред 34 години, не само сега. Ааааах…, се извинувам, денес донеле голем корпус закони за јавно здравство, особено за заразни болести и санитарна инспекција. Браво! А интрахоспиталните инфекции (смртоносни)? Извинете што го кажав тоа сто пати. Не чув за закон по тоа прашање. Македонија е „бела точка“, што значи единствена земја во Европа што не го решила проблемот со инфекции добиени во болници
Сега моите другари од „Нова Македонија“ ќе прашаат – „каков е овој наслов – на што алудираш“? Да, да, тоа може да биде сешто – метафора за личност, политичар, комунизам, капитализам, антифеминизам, антисемитизам, етнопропагандизам, либерализам, евроскептицизам, хипхоп, чистач, град, градоначалник, работничка класа, работничка плата, анти-ЛГБТ, партија, предизборна кампања, „шмрка“, „тревка“…, па ете, ова е глобален термин, јас сум универзалист! Има нешто што е поголемо ѓубре од ѓубрето – загадување на воздухот и пушење! Да не изигрувам некаков морален принц или докторски пуританец – мошне сте информирани – дали сакате да живеете или да се самоубиете? Размислете!
Еднаш во детството бев во едно детско летувалиште (сега сите ги збришаа со „транзицијата“) и едно дете, сега многу реномиран интелектуалец, за приредба напиша поема што ја нарече „Ода за ѓубрето“. Воспитувачите му рекоа дека тоа е супкултура и примитивизам. Сега велам дека типот е гениј – точно кажал што ќе се случи по 70 години. Мајка ми, која беше строга, педантна и командна личност што во Америка се нарекува „Jewish mother“ (еврејска мајка), еднаш ми се развика кога мацкав во тегла со ајвар – „ете гледаш, сега новата кошула ќе оди во ѓубре“. Гледате, во раното детство како мамин син имав развиен „политички“ поим за тоа што е ѓубре. Перењето раце беше „марксизам“, а не пауперизам. Во детството многу шетавме низ Европа и демек бев „европско дете“. Најмногу одевме во Франција каде што имав куп роднини. Во Париз доаѓаа многу Арапи, кои погрдно ги викаа „pied noir“ (црно стапало) и работеа мануелна работа, најчесто беа чистачи. Посакаа да ги избркаат, ама тие штрајкуваа, па прекрасниот Париз по неколку дена се давеше во ѓубре и смрдеше на тоалет. Што да се прави, „pied“ мораа да си останат. Толку се намножија што сиротиот Макрон не смее ни да писне, ни да врисне против нив. Не смее да напаѓа Арапи и џихадисти, па затоа ги напаѓа Македонците. Да си се издува човекот. Но тоа не е тема за денес.
Шетаме со еден стар другар покрај МНР и тој извика „гледај бе што е ова ѓубриште“? Еј навистина, еден рид од ѓубре. Замислете не го забележав. Трагично што веќе и не гледаме, ниту ѓубрето ниту фекализмот што го прикажа Канал 5. Нехигиената е смрт. Уште во средниот век знаеле дека ако вецето е на дистанца под 30 метри се умира. Во Лондон во 1800-тите имало епидемии на колера. Д-р Џон Сноу забележал дека тоа има врска со канализацијата (валкана вода и ѓубре на улица) и по некои поправки состојбата многу се подобрила. Нашево Скопје е Лондон од 19 век. Уште еден историски куриозитет. Во антички времиња користеле ѓубре како оружје – фрлале стрели и предмети премачкани со отпад и екскременти или лешеви за да пренесат зарази. Тоа го правеле во Кина, а потоа Џингис-хан, Суботаи, а неодамна и Виет Конг. Вилијам Освојувачот користел отпад за да загади земја и имоти („Harrying of the North“) во Англија, со што предизвикал масовна смрт од глад и болести. Во Втората светска војна користеле метален отпад за правење муниција. Нацистите загадувале вода и терен. Денес над 40 отсто од водата во светот е загадена (УНЕП) и две милијарди луѓе немаат вода за пиење. Околу три милијарди риби годишно се уништуваат со лов и загаденост и се множат мртвите зони. Само 49 отсто риби се останати од 1970 до 2012, а од големите риби (туна, бакалар, сабјарка) се останати 10 отсто. Дали треба да се загрижиме?
Ама ѓубрето и канализацијата си стојат покрај Детската клиника и Клиниката за хематологија во Клиничкиот центар – „Операција помор“, а таму се лекува леукемија во „стерилни услови“. Тоа е „златото“ на нашата култура. Изгледа сите министри за здравство обожаваат ѓубре и дефектна канализација (се вика мизофилија) – оти ни со мал прст не мрднаа за тоа прашање. Тоа е од пред 34 години, не само сега. Ааааах…, се извинувам, денес донеле голем корпус закони за јавно здравство, особено за заразни болести и санитарна инспекција. Браво! А интрахоспиталните инфекции (смртоносни)? Извинете што го кажав тоа сто пати. Не чув за закон по тоа прашање. Македонија е „бела точка“, што значи единствена земја во Европа што не го решила проблемот со инфекции добиени во болници. Замислете – чув дека нема ни закон за вонредни состојби! Ви се верува? А ако пак букне пандемија или, не дај боже, непогода и војна? Имаме утеха – не сме први со ѓубрето во светот и ЕУ. Полоши се Азија и Африка. Во Европа сме на 26-то место од 37 испитани земји (ИБИСВорлд). Супер! Над 99 отсто од ѓубрето се диспонира во депонии, ретко со рециклирање, а сега сѐ повеќе го има по улиците, како во средниот век или во Азија. Годишно, во Македонија се создаваат 790.866 тони ѓубре, што е 438 килограми по човек. Не сакам да се мешам во изборната кампања, но ми паѓа во очи дека многу кандидати ветуваат дека „веднаш ќе го решат“ проблемот со ѓубрето. „Љубави, сѐ ќе ти подарам, само… гласај за мене“. Но прашање е дали воопшто може да се реши проблемот на диспозиција. Можноста во светот да се менаџира ѓубре е од 0,1 до пет килограми дневно, значи имаме шанси ако не сме најзаостаната земја. Во целиот свет се зголемува количеството ѓубре, според експертите – експоненцијално (како карцином), па и најразвиените не можат да го решат. Негде со чистење се занимава мафијата, бидејќи од ѓубрето многу се заработува. Инаку, лично помнам дека пред земјотресот во Скопје, во моето детство, помалку се создаваше ѓубре. Пред сѐ немаше пластични ќесиња, туку директно се собираше во мали метални канти. Шишињата беа од стакло.
- Има податок дека кај нас некогаш имало локални епидемии на секои 10-20 години. Тоа е голем сигнал дека со сегашната депонизација, отпадизација и неодговорност – состојбата со болестите може да се врати. Вистинско чудо е што тоа веќе и не се случило. Денес сме поинформирани, понашетани, поисхранети, подотерани, поурбани и позбеснати
Една канта беше колку едно ќесе сега и за да се наполни требаа неколку дена. Дури и при пикници не се фрлаше храна. Сега дневно полниме по неколку ќесиња. Електрониката беше многу помала (уште не беше откриен транзисторот), стандардот беше помал, а Скопје беше четири пати помало. Со вецињата состојбата беше лоша, бидејќи во провинцијата имаше многу полски клозети, кои не беа по потребните стандарди. Затоа, имаше многу случаи на ентероколитиси, тифус, паратифус, цревен хепатит и маларија. Неодамна во Европа и кај нас имаше и колера (кај нас во Првата светска војна во Битола), но и чума (има податок дека кај нас некогаш имало локални епидемии на секои 10-20 години). Тоа е голем сигнал дека со сегашната депонизација, отпадизација и неодговорност – состојбата со болестите може да се врати. Вистинско чудо е што тоа веќе и не се случило. Денес сме поинформирани, понашетани, поисхранети, подотерани, поурбани и позбеснати. Во светот е уште полошо. Се сеќавам дека кога во Париз ги срушија „Халите“, „стомакот на Париз“ (вели Зола), од каде што пред тоа се дистрибуираше храна во целиот град, се појавија милиони глувци. Но брзо го решија проблемот. Глувците се извор на тешки болести, а привлекуваат и опасни змии, дури и во градови (Индија, Бурма, Јужна Америка, Австралија, Бангкок, јужни градови на САД, па дури и Лондон). Кај нас се размножуваат, но за среќа нема егзотични типови како кобри или анаконди, кои се најдени и во големи градови по отпади. Не е смешно – во антиката имало такви егзотични суштества (змијата на мајката на Александар Велики Олимпија, Натрикс, Амодитес, легендите за Лаокоон, Ескулапианска змија, Асклепиус итн.).
Да ги оставиме змиите и да се вратиме на ѓубрето. Во светот се создаваат над две милијарди тони „комунално ѓубре“ годишно, а за 2050 година се пресметува до четири милијарди. Значи дуплирање за 25 години – а што ќе биде за сто години? Нуклеарниот проблем е посебен проблем и не знаеме колку починале поради него. Ние користиме мало количество радиоактивен материјал. Во врска со менаџирањето на отпадот, постојат следните опции: 1) Транспорт (повеќе возила, модерен транспорт). 2) Депонии – само за пластика во светот би биле потребни 18.000 квадратни км. Во длабочина од 10 метри – површина на Лондон или Багдад, а за сето ѓубре треба многу повеќе. Опасно е каде што има вода. 3) Рециклирање – претворање во продукт.
Плазма-гасифицирањето е посебен извор на енергија. 4) Инцинерација – горење во специјални печки. 5) Компостирање – бактериска трансформација. 6) Решавање на канализацијата. На пример, во Римската Империја користеле поголеми канализациски цевки од денес во Скопје. Зошто? Затоа што имало император. 7) Помалку градби, а повеќе шуми. 8) Вештачката интелигенција може да помогне во организацијата, оптимизацијата, учењето, иновациите итн. 9) Разузнавачки се можност (важно за иднина), но сега мислам дека е внатрешен проблем. Потребна е и едукација на населението за околина, инфекции, селекција на отпад, култура, хигиена на кучињата, хигиена во болниците, дисциплина и иницијативи, дебати, медиуми…
Изборите за старци како мене се играчки за возрасни и за агенции, но ако не сум во право – нови градоначалници со „златни усти“ имате нови предизвици – покажете се!
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио