Фалсификатот „Грчко чудо“ (1)

„Европа по инерција трупа сѐ во грчка вреќа“ Х.Д. Лоренс

Сега ќе пловиме малку, драг читателу, во античката историја, иако мене еднаш строго ме укори една универзитетска сорбонка, специјалист за неа, дека ѝ се мешам во нејзината област. Изгледа дека не знае оти писателите по дефиниција не се еднодимензионални тесни специјалисти. Тие сепак имаат дар и за синтеза, да градат од многуте елементарни факти приказна. А покрај тоа, тие имаат уште еден скапоцен дар, што е една од нивните основни творечки алатки, интуицијата, да откријат што се крие зад наизглед едноставните но истовремено и непроѕирни нешта. Во таа смисла не е случајно ни откривањето на англискиот писател поет Д.Х. Лоренс на енигмата на европската едиповска патологија кон Грција, која патем е причината и за големите историски страдања на Македонците од нив. Имено, што толку значајно открива овој англиски духовен љубопитник. Едноставно, го открива, колку што ми е познато прв, феноменот „грчка вреќа“. И тој феномен има цивилизациска вредност на перверзија. А тој и мене, независно од Лоренс, ми беше познат. Тој само ми го потврди. Разликата е само во различните мотиви што го детектирале него кај него и кај мене. Кај мене тоа е античка Македонија и нејзиниот со помош на Европа грабеж од Грците, а кај англискиот писател тоа е игнорирањето на неговата етрурска култура сопоставена со старогрчката, ставена на маргините од европските енциклопедии и истории на уметноста. Тоа го повредило него и долго во интелектуална јанѕа размислувал на што се должи тој дефект на модерната европска цивилизација, сѐ додека во стилот на еурека откровенски не извикал: тоа се должи на „грчката вреќа“. Имено, нему, драг читателу, кога ја открил молскавично како зен-мислител таа абракадабра-формула на западните историски алхемичари и ја објаснил така концизно, одговарајќи си на распнувачкото прашање што го измачувало долго време. Имено, уште еднаш во стилот на еурека крикнал: тоа е затоа што „Европа по инерција трупа сѐ во грчка вреќа“. Да. Ама таа „инерција“ не е само од Њутнов карактер како некој вид природен историски закон карактеристичен за западната цивилизација. Не ќе да е баш така, бидејќи во тој „закон“ е вглобено и перверзното западно рацио за градење модерни митови според своја волја, а со тоа и на градење, не бирајќи средства за тоа, на општата западна културно-историска слика која е незамислива без Грција и без Грците. Но дали е така?
Сега значи, драг читателу, по овој кус вовед дојдовме речиси in medias res до „светата“ културно-цивилизациска европска синтагма со откровенско значење „грчко чудо“. Неа можеме да ја најдеме без исклучок во сите европски енциклопедии, истории на уметноста и историски и филозофски книги. Таа мистериозна синтагма крие два аспекта. Во прв ред таа има естетски карактер, а потоа и интелектуално-филозофски, што го опфаќа подрачјето на мислата.

Грците од историски и цивилизациски аспект и лажат и крадат, да не заобиколуваме. Тоа се супстанциите што ја дефинираат менталната слика на нивната данајска супсахарска психа од антиката до денес. Имено, врз основата на тој и таквиот менталитет, поддржан, како што ќе видиме, но и обликуван од Европа, самата таква, е крената повисоко од Кеопсовата пирамида и зградата на „грчкото чудо“. Да. А немаше да се крене доколку Европа не ги озакони како канон грчката кражба и лага во кои и самата учествуваше како лажга и крадливка. Постојат многу екстатични, речиси со еротска екстаза изливи на цела сурија западни мислители од „грчкото чудо“ како еден и единствен културно-цивилизациски феномен, кој не само грчката, туку ја обликувал и сѐ уште ја обликува и европската цивилизациска душа. Настрана од тоа што, како што нѐ известуваат старата германска легенда и Гете, таа неа веќе одамна ѝ ја продала на Мефистофел (ѓаволот). Постојат многу примери. Ние сега се одлучивме за Соломон Ренак, историчар на уметноста, кој во неговото славно „Аполо“, историја на светската уметност од почетоците до денес, му пее химна на чудото што го разгледуваме и ние, драг читателу. Но еве го конкретно екстатичниот излив на Ренак: „Ако, значи, ја ставиме настрана бесконечно старата уметност на ловците на северни елени, светот пред времето на расцутот на хеленскиот гениј видел само две големи уметнички школи, едната во Египет и другата во Халдеја. Првата посебно ја изразувала идејата на траење, а другата идејата на снага; на грчката уметност ѝ беше преостанато да ја оствари идејата на убавината“. Што значи конкретно дека естетскиот идеал се изначекал додека стасал до Грција за да го оствари, имено, таа и никој друг. Очигледно и кај Соломон Ренак е присутен феноменот „грчка вреќа“. Оти тој не можел да не знае, а знаел дека естетскиот идеал му е од Господ втиснат на човекот како нагон на битието за убавина. За тоа сведочи и уметноста на Алтамира од ледената епоха, но и некои праисториски пештери откриени во Родезија во Африка, во кои има прекрасни камени цртежи, естетски префинети, на женски тела, како и сцени на танц во кои се прославува убавината на животот. А идеалот на убавината е исто така силно втиснат и во староегипетската уметност. Египтолозите тука посебно ја нагласуваат бронзената статуа на Нефертите. Но не е само тоа.

Соломон Ренак својата естетска екстаза ја изведува пред сѐ од старогрчката (доколку е само старогрчка) скулптура, која, настрана од современата телесна убавина, психолошки аморфна, па оттука и францускиот сликар и историчар на уметноста Жерман Базен неа ја дефинира како „имперсонална убавина“. Сеедно. А колку е сепак таа галерија од генијални скулптури само грчка и на „грчко чудо“ е прашање. Смело прашање, но како хипотеза во склоп на целата фабрикувана, без отстапка, грчка културно-цивилизациска слика тоа е и повеќе од возможно. Дали во таа галерија нема и некој македонски, феникиски или некој друг скулптор. Оти ако меѓу грчките филозофи имало и еден таков великан, исклучително значаен за западната филозофија и научна мисла, каков што е покрај Платон и Македонецот од Стагира Аристотел, зошто да нема Македонци и меѓу античките грчки скулптори и сликари, на пример. Европа, која патолошки ја боготвори како апсолут античката грчка уметност, филозофија и култура a priori не може ни да замисли едно такво прашање. Но тука, како и во митологијата, доаѓа како Аладинова ламба, како неподмитлив сведок и јазикот. На пример називите во таа смисла на машкиот и женскиот акт во античката скулптура, ако таа не е именувана со некој бог или божица. Во тој случај машката скулптура или акт се вика курос, означен така според биолошкиот знак на машкиот пол. Женската пак се вика корица, во која се става мечот, малку метафорички според симболичка аналогија со биолошкиот знак што го означува женскиот пол. На Фројд воопшто не му било тешко да се најде во оваа аналогија. Да. И тие називи ставени за обележување на двата скулптурални модели/актови, драг читателу, можат денес да се сретнат во сите истории на уметноста на кој било јазик во Европа и светот. А тоа, пак, се македонски зборови за машкиот и женскиот биолошки знак за распознавање, а не грчки. Исто како што многу зборови од „Илијадата“ што ги пронашол германскиот лингвист Пасоф се од македонско словенско потекло, и денес се употребуваат во македонскиот јазик. И важно прашање во однос на називите за скулптурите е дали тие не се дефинирани од некој или од некои македонски скулптори во антиката која на овој простор целосно им се подарува на Грците и грчкото културно-цивилизациско „чудо“.

Темата на нашата колумна е огромна, а просторот мал, драг читателу. Но и „ситниот“ факт на именување на основните типови на античката скулптура со македонски зборови е доволен да се посомневаме дека меѓу Фидие, Мирон, Праксител и другите такви гении немало и некој Македонец што го дозголемува европското „грчко чудо“. А „нема“, бидејќи Европа во него без пардон и срам ја вклопила без отстапка и македонската античка културно-цивилизациска слика. Во таа смисла ќе приведеме еден кус цитат од книгата на Бертран Расел „Мудроста на Западот“. Расел кому сме му должни за „Раселовиот суд“, кој ѝ кажа на Европа дека Македонија, заедно со Ирска, го доживеала најголемиот геноцид во Европа во дваесеттиот век. Но одиме на цитатот, кој е експлицитен: „Со Александар Македонски грчкиот свет тргнал во напад. За десет кратки години, од 334 до 323 пр. н.е Персиското Кралство паднало пред македонскиот освојувач. Од Грција до Бактрија, од Нил до Инд, светот во еден миг паднал под власта на само еден човек. Александар, кој иако за Грците бил Македонец, се сметал самиот себеси за жител на грчката цивилизација. А, тоа ѝ го должел. Тој не бил само освојувач туку и колонизатор. Каде и да допрел со својата војска основал грчки градови со кои се управувало на грчки начин“. Соломонско решение. Ем Македонец, ем Грк.
Со сета почит кон сјајниот англиски филозоф, математичар, хуманист и космополит, нешто што не ѝ е баш својствено на англосаксонската раса, и тој ѝ подлегнал на формулата „грчка вреќа“ на Х.Д. Лоренс и „грчко чудо“ од кое е некритички заслепен европскиот Запад. За сета оваа заблуда, пак, најголема заслуга има Германецот Јохан Дројзен, советник на увезениот крал од Германија по формирањето на грчката држава во 1823 г., Ото Баварски. Тој ја напишал и „Историјата на Грција“, патем и конструирајќи го мегафалсификатот „грчко чудо“. Негова е кованката „хеленизам“, кој се однесува директно на епохата на Александар Македонски, а сѐ со цел да ги прикаже Македонците како Хелени-Грци. За да биде, пак, убедлив во тоа, лукавиот Германец ја фрла во оптек тезата дека Грците потекнуваат од Пелазгите, од чија лоза потекнуваат Македонците, Антите, Венетите, Илирите и некои други племиња. Со таа лага всушност Дројзен го крие вистинското потекло на Грците, кои како Данајци дошле од Египет, Африка. Тоа поубаво од него го знае таткото на историјата Херодот, кој вели дека откако дошле тука на Балканот презеле (еуфемизам за краделе) митови, обичаи и традиција од домородното пелазгиско население. И тоа ја доведува под знак прашалник и нивната од Европа славена митологија со целокупната богата галерија на богови и божества на Олимп.

Европа, драг читателу, априористички наседнува на мегафалсификатот „грчко чудо“ на Дројзен. Наседнува и на неговата глупава теза за некакво фантомско доселување на Словените од зад Карпатите на Балканот, глупост што сѐ уште се изучува на престижните универзитети во Западна Европа, иако не постои ниеден артефакт, ниедна керамида што ќе го потврди тоа. Додуша, Србите го открија Лепенски Вир покрај Дунав, необично богато наоѓалиште, цело археолошко благо, но од епохата на неолитот 8.000 години пр. н.е., а не од шестиот век. Но одисејски лукавиот Дројзен, небаре и самиот е како фалсификатор Грк, таа теза за доселување на Словените ја конструира со истата перверзна цел да докаже дека божем Грците се како Пелазгијци домородно балканско население, а на вавилонската дама (да не велиме ороспија), како што ќе видиме понатаму, тоа ептен ѝ одговара. Само да не бидат тоа Македонците, кои таа со садистичка страст ги „сака“.

(продолжува)