ИЗВЕСТУВАЊЕ НА XXXXXXXXXX ЗА XXXXXXXXXXXXТXX ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ 2025
КОНЦЕПТ XXXXXXXXXX.
Прифаќањето кандидатура за градоначалник на Скопје е чест и голема одговорност не само теоретски. Ако кон тоа се додадат и локалната состојба, негативната традиција на досегашната историја на градоначалниците во последните 30 години, постојаното намалување на процентот на скопското гласачко тело и трендот на постојаниот негативен развој на градот, тогаш прифаќањето е далеку од разумна постапка. Единствен излез што левата хемисфера (разумот) може да го дозволи е да добие дозвола од десната хемисфера бидејќи таа е постара во еволуцијата на човекот.
Роxxxxx.Мxxxxxx. како политичка партија постои за да стори најмногу што може во промена на насоката по која наопаку оди татковината и главниот град со неа. Изборите се концентрирана можност за внесување поинаква перспектива, која го подвлекува лошото кормиларење и го покажува исправниот избор на пловидба по реката на животот, која природно тече кон минатото.
ПРИОРИТЕТИ НА…XXXXXXX…
1. Што и како се зборува бидејќи зборот се овоплотува. Градот (како и се материјално) настанува од збор. Во оваа секојдневност тоа се вика: изборни ветувања. Во оваа секојдневност изборните ветувања бидуваа заборавени или недоносени затоа се престоруваа во ѓубре.
Кампањата на …xxxx…. внимаваше будно што зборува и како ветува.
2. Дефиниција на Скопје како град: Скопје сѐ уште ја чека својата заборавена дефиниција да се појави како вибрација соодветна на скопскиот идентитет, кој природно го содржи идејата за основање на градот.
Рxxxxxxx М…xxxx… го подвлече овој занемарен атрибут на името без кој нема идентитет за препознавање во лигата на историските градови!
Навидум неразбирлив, овој приоритет е суштински: град без идентитет е само чекалница. Овде, потсетувам дека повеќе од 30 години овој град и оваа држава чекаат препознавање. Додавам уште една гинисова поента. Прашање: знаете ли каде се наоѓа најголемата чекалница во светската железничка мрежа? Одговор: Најголемата чекалница е долга 500 метри, а широка 100 и се наоѓа во Скопје.
Р…xxxxxx. предложи идентификација на Скопје како историски град со атрибут: Скопје – град на големата мајка. Атрибут што природно се сложува со патронот на градот, кој не е променет најмалку 6.000 години.
3. Проверка на позајмени „мудрости“ кои се со сила внесени во „културата на живеењето“
Современата македонска политика пати од изветвени, несоодветни цитати кои се претставени како аксиоматска мудрост. Најстарата таква е неразумноста „напред кон посветла иднина“. Следењето на таа магла го донесе и најголемото загадување на воздухот во Скопје.
Р…… Мxxxxx…. предложи поинаква перспектива соодветна на сегашноста и хармонизирана со иднината: напред кон одржливо минато!
4. Во историјата на градот стои одредница дека градот никнал во 70 отсто случаи како кристализација на спомените = културата = традицијата. Град без споменик е само привремен престој.
xxxxxxx… се заложи за приоритетно чување на спомениците, насочено одгледување на културата и градење во духот на традицијата.
5. На стандардните прашања кои медиумски се предвидливи во секојдневноста на изборите, а се однесуваат на сообраќајот, ѓубрето, смогот и кучињата
xxxxxxxxxxxxxxxxx…. возврати кратко:
– сообраќај значи заемно почитување помеѓу управата и граѓаните што сѐ уште не е востановено во скопската инерција;
– ѓубре се создава прво во зборот на власта потоа се материјализира во градското ткиво;
– смогот е одговор на градот како живо суштество кое е трипати повеќе оптоварено во однос на можната природна физичка големина и поевтино е да се прогласи: не, Скопје отворен град, туку да се изгласа конечно: Скопје ограничен град во сите димензии – широчини, должини, височини и длабочини;
– кучињата не создаваат проблем во Скопје;
Проблемот го создава Министерството за сточарство.
РxxxxxxМxxxxxx предлага да им се дозволи на кучињата да го прават она што кучињата природно го прават: Министерството нека им ги врати овците;
6. Има една точка која медиумски е формулирана во прашањето: Кажи како да се забавуваат младите
…xxxxxx…. смета дека градот не треба да се занимава со забавување на младите, туку со запирање на исклучувањето на младите од сегашноста на Скопје (затоа што се исклучени заминуваат надвор од Македонија)
Родина Македонија смета дека исклучувањето започнува во ОУ. Затоа како приоритет го смета основното образование и воспитание бидејќи таму се создаваат граѓаните на Скопје.
7. Скопје во ваква секојдневност има финансиски алармантен кусок
Скопје се финансира со распродавање на Скопје. Скопје робува на некреативен економски модел преоптоварувајќи ги граѓаните со давачки, а во исто време правдајќи се со глобални кризи поради неспособноста за обезбедување работни места.
…xxxxxxx… се прашува како градот не може да обезбеди соодветна работа за своите граѓани, а може да бара придонеси?
Родина Македонија согледува дека проблемот е во економскиот модел врз кој треба да се темели природно главниот град. Тоа може да се согледа ако и само ако почнеме да ги читаме препораките кои ги испорачува Скопје.
А. Скопје да се почитува како историски град кој никогаш не си ја сменил денотативната вредност на името.
Б. Да се согледа дека е неопходна автохтоната максима: напред кон одржливо минато.
В. Да се разбере пораката дека градот без споменици не може да биде град затоа што е живо природно настанат идентитет.
Рxxxxxx Мxxxx смета дека треба да го послушаме советот кој Скопје упорно ни го нуди: Скопје е историски град, еден од најстарите во Европа и има скапоцена културно-историска, археолошка приказна. Забележете: стопанството упорно тоне – туризмот упорно расте!
Според финансиските резултати, скопското стопанство треба да ја смени пирамидата на приоритетите на своето домаќинство со поставување на туризмот како прв приоритет. Бесмислено… неверојатно и невозможно.
Рxxxx. М…xxx…. Вака ги изложи своите согледувања за одгледувањето на Скопје.
Родина Македонија знаеше за резултатот од овие избори пред да започнат, знаеја и другите. Во свое време знаеше и организаторот. Пред сите знаеше и народот. Затоа излезе колку да се препознае дека имало избори. Роди… М… Се вклучи поради тоа што е бесмислено, неверојатно и невозможно… и само затоа што таму е вистината.
Овој текст пристигна преку анонимна достава на која изворно пишуваше: CLASSIFIED. Адресата беше нејасна. На пример: Јулиан Ассагне… или така нешто… или: раздели па владеј… или така нешто… Го преведов колку можев… Ако држи место, објавете.
Вангел Божиноски
































