Сиве години на независна македонска држава одбивавме да ги слушнеме сведочењата за страдањата на преживеаните жртви на комунистичкиот режим на повоена Македонија и истите тие да добијат општествено признавање. Општествата не можат и не треба да ги принудуваат преживеаните да зборуваат, но ниту да инсистираат на тоа да молчат. Нашето одби да ги слушне оние што сакаа да зборуваат за тоа минато. И сѐ уште е глуво на нивните страдања. Damnatio memoriae, или проклетството на меморијата, е наметнатата осуда на сеќавањето за жртвите на комунизмот
(проклетство на меморијата)
Зашто некој мисли дека по триесет години независна држава мемориски се погребани животите на луѓето погодени од репресијата од страна на тајната полиција во поранешна комунистичка Македонија? Можеби така некој посакува да верува, но сеќавањата на таа репресија се свежи и болни и денес како пред триесет години. Ова не е историја со која успеавме да се справивме, зашто низ отворањето на процесот на декомунизација на македонското општество не обезбедивме вредна лекција за тоа како се управува со меморијата на еден народ. Никогаш не ни беше дозволено да размислуваме за теророт во комунистичка Македонија како само за уште еден дел од македонската историја, зашто многумина ќе мораа да се срамат од нивната улога во таквата историја. Се покажа дека сеќавањето во Македонија не дејствува, а отсуството на меморија не ги лекува поделбите. Таканаречениот самонаметнат „пакт на заборавање“ за Македонија значеше дека јавното сеќавање на жртвите на комунизмот требаше да биде ограничено и потиснато. Спомените ги задржаа преживеаните и роднините на жртвите. Никогаш неформализиран „пактот за заборавање“, главно требаше да ги заштити старата комунистичка номенклатура и нејзините наследници од одговорност за прекршување на човековите права. Затоа е потребата на рециклираните комунисти во независна Македонија да го контролираат јавниот наратив за комунистичкото минато и колективната меморија на трауматските настани од тоа минато. Сиве години на независна македонска држава одбивавме да ги слушнеме сведочењата за страдањата на преживеаните жртви на комунистичкиот режим на повоена Македонија и истите тие да добијат општествено признавање. Општествата не можат и не треба да ги принудуваат преживеаните да зборуваат, но ниту да инсистираат на тоа да молчат.
Нашето одби да ги слушне оние што сакаа да зборуваат за тоа минато. И сѐ уште е глуво на нивните страдања. Damnatio memoriae, или проклетството на меморијата, е наметнатата осуда на сеќавањето за жртвите на комунизмот од оние што ги сметале во комунизмот за предавници или друг вид непријатели на државата. Жртвите на комунизмот се осудени на заборав во македонското општество.
Македонската мемориска култура не им овозможи на жртвите на комунистичкиот режим да ги раскажат своите приказни јавно преку филмови, книги и во споменици и музеи. Пристапот до досиејата беше ограничен, лустрацијата сатанизирана, оневозможувајќи општеството да се помири со своето минато. Немам дилема дека најголемата победа на комунизмот беше да создаде народ без меморија, народ со испран мозок, кој не може да се сети што бил, што имал, или што правел пред комунизмот. Затоа не треба да изненадува што судбината на жртвите на комунистичкиот терор е обвиткана со мистерија во Mакедонија. Кога не се зборува, кога меморијата е управувана од старата номенклатура во новото време жртвите во голема мера беа заборавени од пошироката јавност, а нивните имиња беа избришани од колективно сеќавање. Македонија живее во наметната посткомунистичка амнезија. Политиката на амнезија го препокри комунистичкото минато, кое ниту беше политички криминализирано, ниту симболично демонизирано. Затоа на Македонија итно ѝ треба закон за историска меморија, кој главно треба да дејствува во насока да ги идентификува оние жртви и нивните потомци на комунистичкиот режим што имаат право на финансиска компензација за прекршување на нивните човекови права за време на тој режим.
Законот треба да ја спротивстави меморијата на уништувањето против уништувањето на меморијата. Новата власт ќе мора да реши на која страна од историјата сакаме да бидеме. Дали ќе има доблест и храброст да го прифати своето минато за да ја направи промената што ни треба. Или ќе остане заробена од Damnatio memoriae.
Редовните читатели на моите колумни ќе ја забележат мојата општа одбивност да ја поништам културата на бришењето на меморијата. Особено да ја заборавиме репресијата на еден режим што некој сака да биде искорнат од историјата на една нација, со цел да ги укинат нејзините сеќавања за жртвите на таквиот режим. Верувам дека нашите современи иконоборци, и потенцијалните уништувачи на меморијата, сфаќаат какво сомнително интелектуално друштво одржуваат, кога толку решително се стремат да ги избришат сеќавањата за нашето минато. Сигурно е подобро да ја прифатиме историјата, да учиме од сите нејзини разновидни агли и разновидни прекршувања, наместо да се обидуваме да го поништиме минатото и да се преправаме дека никогаш не постоело. Како и жртвите на тоа минато.
Проф. Звонимир Јанкулоски