Денес може само да заклучиме дека Бугарија не го почитува договорот од 22 ноември 1947 година! Клучното е зошто Македонија во моментов преговара за сопствената историја и за работи што биле дефинирани пред речиси цел век?
Зошто со договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година повторно е формирана комисија за ревизија на македонската историја, која проблематизира веќе претходно договорени отворени прашања?
Скопје и Софија утврдиле историска дистинктивност втемелена на вистини и факти уште по Втората светска војна
ОМО Илинден објави документ од 22 ноември 1947 со кој тогашните историски комисии помеѓу Македонија и Бугарија ги уредиле бугарските погледи на македонската историја. Станува збор за документи за исправки на историските читанки во Бугарија по Втората светска војна, поточно во 1947 година.
Во документите стои дека промените се со цел да се спречи големобугарскиот шовинизам и се однесуваат на различни историски периоди за кои денес „спорат“ македонските и бугарските историчари.
Во еден од документите стои дека Самоиловата држава не е западнобугарска држава туку типична феудална држава во која доминантно население се македонските Словени. Понатаму стои дека Климент и Наум се сесловенски просветители, а Кнежеството на Пребонд е првиот обид на македонските Словени да создадат независна држава, а браќата Миладиновци се македонски просветители!
Денес може само да заклучиме дека Бугарија не го почитува договорот од 22 ноември 1947 година!
Клучното е зошто Македонија во моментов преговара за сопствената историја и за работи што биле дефинирани пред речиси цел век?
Зошто со договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година повторно е формирана комисија за ревизија на македонската историја, која проблематизира веќе претходно договорени отворени прашања?
За потсетување, Бугарија е потписник на следните договори: (1) Договорот од Блед од 1947 година, со кој Бугарија ги гарантира правата и слободите на Македонците во Пиринска Македонија за слободен национален, економски и културен развој и воопшто односите меѓу Бугарија и Македонија; (2) Декларацијата на Организацијата на Обединетите Нации за човековите права; (3) Европската рамковна конвенција за национални малцинства; (4) Меѓународниот пакт за граѓански и политички права; и (5) Меѓународниот пакт за економски, културни и социјални права.
За жал, Бугарија одбива да ја потпише Европската повелба за регионални и малцински јазици.
Зошто Бугарија со новиот националшовинистички притисок врз Македонија ревидира веќе договорени решени дилеми во 1947 година, дека Македонците биле Бугари, македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, а целата историја на Македонија до 1945 година била бугарска?
Тодор Петров