Главниот град ни тоне во отпад, нема доволно вода, во јавниот транспорт може слободно да се запали, да нема клима или воопшто да не дојде. Контејнерите се преполни, отпадот се шири, се развива верски туризам, се молиш да стигнеш безбедно на дестинацијата. Автобусот може да збира „чат-пат“, затоа, пак, несовесните граѓани редовно трупаат кабаст отпад, кој Комуналец не го собира, а кучињата скитници се присутни на секој чекор. Дивоградбите си станаа нормална појава, додека зелените површини исчезнуваат. Нашата „метропола“ нема ноќен живот. Главно збиралиште на младите им е пред една скопска пекарница. Жално, упропастуваме цели генерации. Акведуктот, Калето, Камени мост, реката Вардар, Матка, Водно, Чаршија, Градски парк, уште ли треба да се набројува? Сето ова е во фаза на преживување
Градот убав пак ќе никне. Каде и кога? За Скопје зборуваме? За градот на солидарноста и поим за култура на Балканот. Од град во кој „владееле“ уметноста и урбаниот живот, град што буквално пулсирал во ноќните часови со забава на која завидувале и големите метрополи, до град што тивко, но брзо пропаѓа. Каде промашивме? До кога ќе бидеме незаинтересирани? Па, ова е наш град, не е туѓ. Ќе се откажеме ли од Скопје?
Градот и државата добија можност да организираат младинска олимпијада, спортски настан од највисок ранг, над 4.000 млади луѓе од различни држави да се натпреваруваат во своите дисциплини. Од некоја трка во Скопје да излезе можеби иден Усеин Болт или од некој базен некој нов Фелпс или гимнастичарка како Надија Команечи и многу други рекордери со злато на нив. Настан што секој град може да го посакува, можност за промоција на градот, државата, економски и туристички раст. Што направивме од тоа? Национален срам. На социјалните мрежи фотографии, статуси, поплаки за условите. Коментарите велат како во војна да ги пратиле децана, а не на спортска манифестација од највисоко ниво. Рака на срце, ретко кој знаеше и дека во Скопје се одржува олимпијада. Според дел од информациите, некаде од 2020–2021 година, ако не се лажам, потврдено е дека Скопје и Македонија ќе бидат домаќини, доволно време да се организираме со „сите салтанати“ Учесниците се жалеа од сместувачките капацитети, условите за натпреварување, безбедноста, превозот, храната и состојбата на градот. Нормално, по навика, нема надлежен за тоа и никој не е виновен. Да сумираме, национална срамота.
Главниот град ни тоне во отпад, нема доволно вода, во јавниот транспорт може слободно да се запали, да нема клима или воопшто да не дојде. Контејнерите се преполни, отпадот се шири, се развива верски туризам, се молиш да стигнеш безбедно на дестинацијата. Автобусот може да збира „чат-пат“, затоа, пак, несовесните граѓани редовно трупаат кабаст отпад, кој Комуналец не го собира, а кучињата скитници се присутни на секој чекор. Дивоградбите станаа нормална појава, додека зелените површини исчезнуваат. Нашата „метропола“ нема ноќен живот. Главно збиралиште на младите им е пред една скопска пекарница. Жално, упропастуваме цели генерации. Акведуктот, Калето, Камени мост, реката Вардар, Матка, Водно, Чаршија, Градски парк, уште ли треба да се набројува? Сето ова е во фаза на преживување.
Колку и да сакам да продолжам, не можам да не се навратам уште еднаш на Олимпијадата. Сликите што се вртеа низ социјалните медиуми за храната што ја јаделе натпреварувачите или дел од некој оброк, ама па ич не ме вознемири. Знаете зошто? Па, нашите студенти така функционираат 30 и кусур години.
Останува да им се извиниме на младите. На младите што нѐ посетија и добија погрешна слика за оваа држава. Овој народ е одличен домаќин, оваа држава знае како се прават големи настани. Оваа грешка мора да се поправи, како знаеме и умееме. Мораме да се поправиме, затоа што следен пат треба да сме среќни ако ни се даде можност да организираме турнир во џамлии. Јас сакам да им се извинам и на младите што сега остануваат да живеат во оваа држава, во овој град. Дечки, вие треба да добиете бенефициран стаж за „преживување“ овде. Мораме да си ја чуваме државата
Сте виделе во какви услови живеат студентите? Што јадат? Оброкот во болница е за нијанса полош од тој на сликата. Зошто би изненадиле со нешто подобро? Останува да им се извиниме на младите. На младите што нѐ посетија и добија погрешна слика за оваа држава. Овој народ е одличен домаќин, оваа држава знае како се прават големи настани. Оваа грешка мора да се поправи, како знаеме и умееме. Мора да се поправиме, затоа што следен пат треба да сме среќни ако ни се даде можност да организираме турнир во џамлии. Јас сакам да им се извинам и на младите што сега остануваат да живеат во оваа држава, во овој град. Дечки, вие треба да добиете бенефициран стаж за „преживување“ овде. Мораме да си ја чуваме државата.
Да си ги засукаме ракавите и да си го средиме градов. Немаме резервен. Отпадот се фрла во канта за отпадоци, да садиме дрвја наместо да сечеме, да се грижиме за природата и да не дозволуваме да се приватизира секоја јавна површина. Активни граѓани се гласни граѓани. Гласни граѓани се коректив на секој што мисли дека градот му е приватна сопственост. Скопје е наше – на нас, граѓаните. Градот убав пак мора да никне.
Бојан Петровски
Авторот е приватен бизнисмен