Антисемитизам, намигнување на Третата светска војна

  • Џихадот е зад вас! Во вас! Зараза! Корасан се нуклеаризира. Хамас можеби ќе го „ликвидираат“ во Палестина, но тој има метастази низ целиот свет, исто како Хезболах, ИСИС, Корасан, Ал каеда итн. Џихадот е автозголемувачки, „мозочна инфекција, амеба“, несмирувачка, како и еврејската исламска фобија

„Ако повторно имаме Аушвиц, ќе има и светска војна“, велеше мајка ми. Значи антисемитизмот не е еврејски проблем, туку глобален и безбедносен. Дали ќе се оствари пророштвото на Самуел Хантингтон? Секој сака Бог да е негов, а прават безбожности. Овој напис е а пропо интервјуто на професорката Алмира Халперин со реномираниот новинар Христо Ивановски. Амира Халперин е директорка на Институтот за мобилни студии и е експертка за бегалци, со медиумски технологии, работела во „Би-би-си“. Таа ги истражува џихадизмот, тероризмот, антисемитизмот и превенцијата од нив. Во македонските медиуми се проширува оваа тема. Дали во Македонија има џихадизам? Одговор: сегде се! Антисемитизмот во „Би-би-си“ е табу-тема. Во Британија има џихадизација на градоначалници, а понизност кон исламот има најмалку од пред 50 години (јас тоа го знам оти бев таму тогаш), поради нафтата и парите, а уште од Кромвел и Лок правела „инженеринзи“ меѓу Отоманите, Евреите, Арапите и другите. Британија ја создаде Саудиска Арабија, а сега таа се „саудизира“. Почеток е за корупција, потоа шаријатизација, па хаос, конфликт и најсетне – војна и јудеохристијанска деконструкција (David Cook: Understanding Jihad). Истото тоа е и во САД (на пример новиот градоначалник во Њујорк). Европа е џихадизирана (книга: „Еуроџихад“ од Ангел Рабаса и Шерил Бенар). Европа е Азија. Во Франција се влезени во партиите и изборниот систем, а во Германија секој ден има конфликти (според Синан Селен од БфВ, има 32.000 припадници на Хамас – предлагаат соработка со „five eyes intelligence” – Notz, Rotcliffe, Kokola).
Џихад е зад вас! Во вас! Зараза! Корасан се нуклеаризира. Хамас можеби ќе го „ликвидираат“ во Палестина, но тој има метастази низ целиот свет, исто како Хезболах, ИСИС, Корасан, Ал каеда итн. (книги: Glenn E. Robinson „Global Jihad“, Magnus Ranstorp et al. „Salafi Jihadism and Digital Media“). Џихадот е автозголемувачки, „мозочна инфекција, амеба“, несмирувачка, како и еврејската исламска фобија. Дали верувате дека пред 1979 година, кога во Иран владееше шахот Мохамед Реза Пахлави, Израел имаше одлични односи со Иран? Дури постоеше и воен сојуз меѓу Израел, Иран, Турција и Америка. Меѓутоа се вмешаа англиските служби (MИ6) сакајќи да го сменат шахот, а Франција брзо-брзо го нафрли ајатолахот Хомеини нели би добила влијание врз комплексот Иран-Либан-Либија-Алжир. Хомеини направи ужасен масакр врз луѓето на шахот и воведе џихадистички режим. Не само тоа – тој постојано извезува глобален џихадизам и терор врз арапските и европските земји, Балканот и Израел. Така, ниту Израел ниту светот е безбеден со овој „извоз“, а тоа речиси никој не го сфаќа. Постојано сака да направи атомска бомба, со извесност да ја фрли на Израел. Гадно е. Израел има околу (веројатно) 90 атомски бомби, доволно да го уништи светот, но сепак не може да дозволи Иран да ги има. Пред 35 години со д-р Владо Николов (за жал, тој веќе не е меѓу нас) напишавме книга со наслов „Антисемитизам“, кога немаше интернет и користевме книги од историјата на Евреите. Ни помогна со финансии и технички аспекти академик Иван Дејанов, кој потоа измисли нешто многу позначајно во „над три димензии“ – Центарот на холокаустот во Скопје, заедно со многу луѓе. Подоцна дознавме дека дотогаш дури и во светот немаше книга со наслов „Антисемитизам“. Како што велеше Жан Пол Сартр – „не сакаа да пишуваат за холокаустот да не случајно ги навредат нацистите“. Ние се охрабривме по средби со личности како Симон Визентал, Ели Визел, Ефраим Фукс, Ицак Навон, Лео Крамер, браќата Албохер и Жени Лебл од кои добивме значајни податоци. Сега веќе има многу книги на таа тема. За антисемитизмот и холокаустот пишував доста, но се има сенс дека е тоа мината или „изветреана тема“ и нема потреба од извикување. Напротив – сега антисемитизмот нагло се зголемува, поврзано со растечкиот џихадизам и Израелско-Хамас-Хезболах-Иран-Јеменски конфликт. Сите муслимани и голем дел од немуслиманското население се солидарни во осудувањето и напаѓањето на Израел, но и сите Евреи во светот. Ционизмот, кој воопшто не знаат што значи – го изедначуваат со сатанизам, империјализам и фашизам.

Замислите, Евреите ги прават фашисти („демократските“ земји им забрануваат учество на културни манифестации, изложби и фестивали). Кај нас проценувам дека 80-90 отсто од луѓето се проџихадисти. Не верувате? Ај да видиме. Пред сѐ кај нас 30 отсто од населението е муслиманско и иако нема да ви признае, стопроцентно е проџихадистичко, иако не знае што значи поимот „џихадизам“. Врз тие 30 отсто додајте уште 50 отсто од другото население, медиумски „напумпано“, кое не знае ништо за ционизмот, формирањето на Израел, холокаустот и антисемитизмот. Победата врз нацизмот никој веќе не ја слави и обележува, освен за жал Евреите, Русите и понекој Србин. Жално. Нацизмот во ЕУ се изедначува со комунизмот, значи нашите родители партизани биле „нацисти“. Врз тоа имаме и џихадофилична христијанска партија Левица – всушност лажна левица, со „љубов“ кон Хамас, Хезболах, џихадизмот („Red Jihad”), енверохоџаизмот, омраза кон Израел, Евреите, Американците, Албанците и Корејците, a во Скопје на второ место по дадени гласови. Ужас! Ако победат, ќе станеме талибанци и Ким-илијанци на Балканот – мрак (читајте ја нобеловката Малала, а исто така и J. Esposito: Islamic Leviathan). Во голема доза во Босна и Косово се бореа против Србите во 1991, 1996 и 2001 година, а кај нас во 2001 година. Во Кина има Ујгури (сум ги сретнал) 18 милиони фундаменталци заедно со дијаспората. Што ако се намнoжат како во ЕУ и Балканот? Сега има џихадски групи и вежби – на Косово, Албанија, Македонија, Санџак, Босна и велат Бугарија. Елитни единици од Иран има во Албанија и Босна. Што прават таму? Службите се индиферентни. На ТВ Хепи велат дека Евреите го изгубиле „кредитот“ од холокаустот и демек тој слободно и морално може да се повтори. Срам да им е! Извинете – им пожелувам да им се случи исто што и на Евреите во историјата. Анатема! Зарем заборавија дека пет века беа мачени? Ги заборавија Ќеле кула, Смедеревска тврдина, „сеча кнежевска“ и револуциите? Против кого се бореа во Босна? Заборавија дека заедно со Евреите ги касапеа во Јасеновац, Јадовно и други логори? А „Ханџар дивизија“ во Босна, која ги искла Србите, Евреите и други? Ел Хусеини, нивниот лидер и пријател на Хитлер, Химлер, стана главен муфтија на Ерусалим. Го инструира Ал Бана да ги формира „Муслимански браќа“ и извршија безброј тероризми и убиства. Идеолозите беа Кутб, Мавдуди, Тамиа, Вахаб (18 век), Азам, ал-Сури и др. Формираа Џихад, Хакимиа, Такфир, потоа „Ал фатах“ со федаините, кои срушија многу патнички авиони и други акции. За жал и срам Југославија ги поддржуваше со идеологија, пари, оружје обука и со организирање гласови во Обединетите нации (ОН). ОН така станаа „џихад-навивачка“ организација, да не речам корумпирана „џихад-прчварија“ и до денес (кого поддржаа при распадот на Југославија?).

  • И моите не веруваа дека постојат Аушвиц и Треблинка, па кинисаа. А борбата меѓу Евреите и Арапите е братокрвие, метафизиоцид, како Каин и Абел. Исто како Србите и Хрватите, меѓуславјанска „салата“, или католиците и протестантите. Дали има Евреи антисемити? Секако, тоа е инстинкт на себепогубување, „моргазмус“. А како е создаден тој инстинкт? Прашајте ја Македонија. Прво ја самораспарчи империјата, Исус ги спаси, а сега некој ги носи на пазар остатоците. Но Господ сѐ уште нѐ сака. Не изневерувајте го!

Во „манифестот“ џихад велат дека треба да ги „истребат“ сите Израелци, а потоа сите Евреи во светот и сите „неверници“ (Евреи, христијани, муслимани што не им се придружуваат). Методите на убивање треба да бидат по „Шарија“, сечење делови, вадење очи, сечење глави, касапење… Ете, тоа го поддржувавме ние и комунизмот, а сега и „демократските“ земји во светот. Се враќаат и балистите – 22 Ес-ес планинска единица, организирана од Абас Ерменџи и германски Ес-ес ридски единици, кои колеа и палеа живи луѓе. Подоцна Ерменџи учествувал и во формирање на УЧК, но умрел во 2003 година, УЧК-единиците жестоко се бореа во Македонија и Србија. Нашите армиски сили беа слаби и млитави, па се вмешаа „бранители“ (полициски и воени резервисти и доброволци). Како „награда“ бранителите добија затвор и отпуштање од работа. Потоа Македонија потпиша серија „регресивни“ договори со УЧК, Грција и Бугарија, со што ја постави егзистенцијата на државата во голем ризик. Сега се засилува јавниот антисемитизам поради конфликтот Израел-Хамас-Хезболах-Иран. Во Европа (Франција, Германија, Белгија, Италија) имигрантите џихадисти се скоро на власт и таа е џихадо-алиенирана. Палестинско знаме секаде – а македонско нигде. Признавањето на Палестина е „љубов“ кон Палестинците? – Тикви! – Џихадистите масивно влијаат на изборите и поткупување со пари од дрога, гас, нафта, старини, пљачкање, луѓе и други валканици. Во Париз имав тетка што со тепање ја убија џихадисти на 80 години (притисок за иселување). Евреи си одат од Франција, а следува и Њујорк со новиот градоначалник.
Малку за теоријата на џихадот. Тој е средновековно верување дека исламот треба да се брани со борба. Во модернизмот е незадоволство од Западот – искривен антикапитализам. Капитализмот е алиенација од животот, продуктот-процесот (Маркс), идентитетот, личноста, верата и групата. Исто така тој е парасексуализација, параедукација и дефамилијација. Потоа е алиенација од социјалноста (аномија – Диркем), бирократски кафез (Макс Вебер), неавтентичност (Хајдегер), „не си што си“ (Сартр) или си ништо (Ками). Во современоста си безенергичен-бесмислен-изолиран-самоотуѓен, со хиперакцелерација-хиперперформанса (Роса Хартмут), „изгор“ (Биунг Хан кај неолиберализам), нерелација (Џаги), непрепознавање (Хонет), или дигитална компулзија (Флабпохлер). Други алиенации: радикализам = исламизам (Рој), деконцептизација (Круглански), депривација на свети вредности (Атран), изолација (Кепел), отуѓеност со екстремизам (Мухамад Икбал).

Постои и еврејска отуѓеност – алиенација од љубовта, светот, предрасуда, дијаспора, гетовска, вечност во амбис, апсурдност (Кафка), постхолокауст себенаоѓање (Филип Рот), јас-ти (Бубер), изгубен идентитет од холокаустот (Хаим Греид), меѓу Евреин и неевреин (Алберт Коен), нехероизам во агресивно милје (Амихи), неразбирање при домавраќање (Хаим Гури). За професорката Халперин е алиенација од насилство и грижа (за светот). Во Израел, за жал, има еврејски фундаменталисти со сличност на џихадистите, со контрареакции и тенденции на бруталност и освета.
При распадот на Југославија и Советскиот Сојуз, советскиот аналитичар Игор Панарин предвидуваше распаѓање и на САД. Истото тоа го предвидуваа и мојот другар, аналитичар и врвен разузнавач Иван Бабановски и една група. Јас не сакав да верувам во тоа. Првпат поверував во колапс и распад на САД за време на ковидот, кога дефицитите се објавуваа од 13-15 трилиони долари, а и Израел со „мистични“ последици од масовната вакцинација. Вторпат поверував во тоа кога речиси сите американски универзитети беа окупирани од џихадисти, а еврејски студенти и граѓани беа тепани и бркани од универзитетите, кафеаните и други јавни места. Тогаш се осмелив да му пишам на номинираниот кандидат Трамп дека џихадизмот ќе ги распадне САД, а со тоа и Израел и светот, ако тој не дојде за претседател и не преземе строги мерки. Верувам дека го прочитал, бидејќи ми прати куртоазно писмо како одговор. Кандидатката Камала Харис беше (дискретно) против Евреите и имаше намера да признае палестинска држава. Сега тоа е избраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, за кого српскиот антисемитски канал ТВ Хепи вели е Србин, поради името Зоран. Зоран би можел да биде и Македонец (не дај боже). Типот е џихадист, отворен антисемит, кој вели дека е против „еврејска држава“ и сѐ е јасно. Њујорк е најголема концентрација на Евреи во светот и нивно иселување може да биде крај на еврејството. Препотентно кажано – Америка без Евреи ќе регредира и ќе биде како Европа. Следна фаза е бркање на другите немуслимани (немојте да се смеете – ќе биде густо) и на крајот ќе биде како во Британија – градоначалници џихадисти на сите градови. Така ќе се оствари пророштвото на Хантингтон дека светот ќе стане исламски (Хантингтон, Махди, Хадити, Ал Афгани, Абдух, Реза Панхарст, Бернард Луис, Јакоб Ландау, Азми Озкан, Кемил Ајдин, Саид итн). Не верувате? Ако. И моите не веруваа дека постојат Аушвиц и Треблинка, па кинисаа. А борбата меѓу Евреите и Арапите е братокрвие, метафизиоцид, како Каин и Абел. Исто како Србите и Хрватите, меѓуславјанска „салата“, или католиците и протестантите. Дали има Евреи антисемити? Секако, тоа е инстинкт на себепогубување, „моргазмус“. А како е создаден тој инстинкт? Прашајте ја Македонија. Прво ја самораспарчи империјата, Исус ги спаси, а сега некој ги носи на пазар остатоците. Но, Господ сѐ уште нѐ сака. Не изневерувајте го!

Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио