Секој загрижен родител, за иднината на неговите потомци, а уште позагрижен човек се грижи и за државата. Ги воспитува своите- тие да не склопат случајно пријателство или недај Боже брак со маж, наречен ,,курва,, или со жена која по професија е проститутка или во најмала рака ги нарекуваа ,,шарена,,. ,,Шарената,, по природа и на сексуалната или политичката потреба, излегува на берзата со високи потпетици и чанта ,,Прада,, инаку без таков ,,дрес- код,, никој не би ја забележал поради нејзината дребна и нечовеколика појава. Се разбира дека има и родители со невообичаени семејни и нехристијански вредности и ,,домашно воспитание,, и тие ќе бидат особено горди, ако некое од нивните чеда стане маж-курва или жена-проститутка. Современиот живот донесе и современи мешаници- хермафродити.
Кучињата од мешани кучешки раси ги нарекуваат уличари или помијари и владеат со Скопје. Не е вообичаено, но ете, се случува во светската , за среќа не и во нашата, домашна политиката, со вкрстување на ,,шарени,, родители (село-град) да се добиваат и ,,шарени,, продукти- деца . Затоа, денес не е невообичаено да имаме шарени личности, шарени карактери и шарени продукти, не ми се веруваше, но имавме и шарена револуција. Шаренилото, е заразно и сеуште трае и нема повеќе еднобојни, сите се шарени. Некои го менуваат полот и сексуалната, па дури и политичката ориентација, по неколку пати во денот, а камоли во текот на мандатот. Таквите хермафродити не се ретка појава на ,,сточниот пазар,, и затоа, за нив има голема побарувачка и се постигнува (по)висока цена. За кого- како . Простиот македонски народ, кој не ја познавал античката митологија како мене, некогаш тој вид шарени ги нарекувал ,,фурнаџиска лопата,,. Фурнаџиската лопата е деловен инструмент со многу долга ра(ч)ка, за вадење бел леб во секое време и во секоја фурна.
Таа, фурнаџиската лопата, има две лица и како-год да ја завртиш, таа успешно и безконечно си го вади лебот. А зборот ,,хермафродит,, е од грчката, античка митологија, според богот Ермафродитос, кој бил познат по тоа што истовремено имал наличје и на машки и на женски репродуктивни органи. Во природата и денес тие се реалност, а постојат хермафродити кај растенијата и мекотелите, како полжавите и дождовните глисти, на пример. Дождовната глиста и на неколу дела да ја пресечеш, сакајки или несакајки, таа продолжува да живее, секој дел одделно и самостојно, дури тие продолжуваат и да се разможуваат помеѓу себе.Тоа се црвји отсечоци, на кои секој сом ,,капиталец,, им се радува. Често во градината, на тревата ќе видам два полжави со куќички, качени еден врз друг, во љубовна игра. Со детска љубопитност се пражував себеси: Господе, како ли се препознаваат кој е да од горе, кој е да од долу? А тие да ти биле хермафродити и воопшто не им е важно кој е горе, кој е долу, туку само да има игра и задоволство од неа. А и лесно се размножуваат ,, како печурки по дождот,,. Школките и коралите се исто така хермафродити. Од коралите се добиваат големи пространства и цели острови, на кои можеш слободно и самостојно, држава да си направиш. Сепак, постои опасност да направиш држава врз корали-хермафродити. Кога-тогаш ќе ја прогласат за Атлантида, ќе ја снема.
Или пак некои видови насекоми(гр)- инсекти(лат)се хермафродити, како на пример : мувата-танчарка, автралискиот ровец, германската оса, евкалиптниот молец, бубачката грабливец и други. Некои инсекти во текот на животот неколку пати се ,,преслекуваат,, од грозен молец, до пеперутка со волшебно шаренило, на кое се радуваат дечињата. Некои влекачи, кои неколку пати ја менуваат кожата, како змијата, на пример. Природата, за разлика од политиката отишла подалеку и направила ,,коеволуција,,(паралелна еволуција). Така на пример инсектите или животните довиваат исти бои и шари и неможеш да препознаеш кога се заедно: кога бумбар ќе слета на некој цвет со иста или слична шара и боја и тие заедно стануваат непрепознатлива целина. А, бумбарот и пчелата слетуваат на цветот да го оплодат, инаку без таа ,,коеволуција,, нема плодови на овошките. Има и предатори(грабливци)кој прекрасно се совпаѓаат со околината и оние дребни животни, кои неможат да ја препознаат таа симбиоза- коеволуција, брзо стануваат плен и жртви на таквите ,,шарени,, предатори, кои се толку слични или еднакви сосредината во која живеат и ловат. Познат вид гуштери, кои брзо ја менуваат бојата според околината, во својство на успешен лов за добар ручек, се игуаните. Но, заглавието, кое е пролог(гр.вовед) налага да зборуваме за машката и женската проституција во светот, а не кај нас, бидејки ние сме Република Македонија, која според некои била дел од Библиска Македонија. Проституцијата е ,,најстариот занает,, од кој може убаво да се спечали и убаво да се живее, се разбира важи да оние кои ја владеат професијата убаво.
По ниските видови ги нарекуваме уличари и ,,уличарки,, а во светот повисоките видови ги нарекуваат политичари и политичарки. Имало и ,,елитна проституција,,. Со неа не се бават елитни политичари и политичарки, туку фото модели и моделки( да проштеваат чесните од нив).Сепак, и покрај високата демократија која ја достигна и наметнува човештвото во светот, повеќе заработуваат мажите курви од жените проститутки. Стотина години пред Марија Магдалена, настрадал градот Помпеја, откако ждригнал вулканот Везув на 24 август 74 г.пне и со неколку метри вулканска пепел ја затрупа Помпеја и за неа не се знаело цели 1.600 години, се додека случајно не била откриена во 1746 година.Гратчето имало исклучително развиен стопански живот со многу занаети: бојаџии(простете, тур. го кажав, не знам како на македонски се вика боја)обработка на волна и платно од неа, изработка на статуи од луѓе, дури и во природна големина, кожари и метална обработка,ковачки работилници, парфимерии(!) и изработка на глинени ламби. Но, од поважните занаети откриени од археолозите била проституцијата. Со ископувањата била откриена 1862 г. двокатна зграда, наречена Lunaparium (Domus Publikus) ,,јавна куќа,, двокатно здание, со по пет спални на секој кат.Во антрето(претсобјето) има фрески со еротски сцени. Во собите на долните катови има камени легла, на кои постилале душеци (простете за повторна употреба на тур.душек не знам кој е зборот на македонски)а на ѕидовите има порнографски графити, извонредно е зачувана во собата 43.
Сепак може да се заклучи дека проституцијата не е практикувана само во оваа куќа.Често проститутките имале изнајмен стан или изнајмувале соба и во нив ги примале клиентите. Освен тоа, и келнерките практикувале да ја дополнат својата професија со проституција така што и крчмите служеле за таа цел. Од одлично зачуваните графити може да се видат имињата на проститутките и цените на нивните услуги: Атенаида- 2 аса (ас- е римска бронзена парична единица) задоволство со Сабина 2 аса, робинката Логада 8 аса или во опис на ,,услугите,, : Маритим лиже полни органи за 4 аса. Примаме и девици, за нив цените се движат од неколку аса до сестерции(400 аса). За најефтините проститутки се плаќало со еден леб или литар вино.Ова што ви го кажав е дел од светската историја и култура и нема ништо простачко поради кое градот и се во него УНЕСКО го стави под своја закркила. Археолошкиот локалитет Помпеи годишно го посетуваат 2,5 милиони посетели, броено со мене. Амстердам е најголемиот град и воедно екононска престолнина на Холандија. Тој е шестиот по големина град-метропола во Европа, со окулу 1,5 милиони жители. ,, Северната Венеција,, освен за музејот на Ана Франк, на Ван Гог и над половина милион велосипеди, градот е познат и по ,,црвените фенери,, и годишно го посетуваат 3,66 милиони туристи. До денес, покрај напреднатата возраст (68г.) не научив дали е неморално да си ,,купиш,, проститутка за еден час или да поткупиш човек-курва за цел живот. За среќа, мојот роден град и мојата држава се на страна од овие расипани белосветски процеси.