Северна: проект на европскиот фашизам (4)

И што да се зборува, драг читателу? Уште една причина за анимозитет на Европа кон Македонците и македонизмот е пак космополитскиот модел на владеење со светот замислен како „поле за културен натпревар меѓу народите“. За разлика од нејзиниот римски начин на колонијалистичко владеење со него за лична материјална корист. Да пукнеш, а не можеш, не ти даваат да речеш Оф. Така. Но за да се стигне до целосна идентитетска ликвидација на Македонците во Брисел и во Вашингтон, за поуспешно и побрзо финализирање на тој пеколен план, решија покрај нивниот софистициран перверзен метод на политички притисок, да се употребат и конкретна сила и закана со воена катастрофа во која ќе нè снема. Така, имено, и беше испланирана терористичката 2001 г. на ОНА и албанските терористи врз Македонија и Македонците. Дека е тоа жива вистина сведочи и логистичката и воена поддршка на терористите од страна на евроамериканскиот НАТО во кој ние на крајот, реализирајќи го срамно мазохистички својот „стокхолмски синдром“ на заљубеност на жртвата во џелатот, се фрливме во неговата прегратка, сосе Шекеринска, Заев и целата преостаната политичка гарнитура, која во некоја асална држава одамна ќе беше судена од судот на народот.

И како најголем парадокс во 2001 г. беше тоа што Вашингтон и Брисел ни забранија да се браниме доблесно и машки со воведување пак на нивното перверзно правило, а е во корист на албанските терористи, познато како пропорционална употреба на сила. Се сеќаваш, нели, драг читателу? Со други зборови, македонски бранител не смееше да пука во албански терорист сè додека не биде убиен од него, за, се разбира, дури потоа, со тоа западно правило, да му возврати нему. Така ли беше мудри и по малку перверзни во поглед кон македонското прашање европски амбасадори запоседнати низ добродушната Македонија? А? Или не е така? Кажете. Оти ние сè паметиме.
И ајде што беше тоа така, туку Брисел и Вашингтон со сè нè клекнаа на колена пред терористите и ни го зготвија понижувачкиот капитулантски Охридски договор, кој како чекан до денес мава и го разбива на парчиња македонскиот суверенитет. Плус, западните „демократи“ уште терористите ни ги доведоа и во Владата и парламентот. И тоа беше пак во нивниот цивилизаторски план за идентитетско дотолчување на Македонците, за нивно целосно понижување и стигматизација под претекст дека ја отвораат за нив убавата европска иднина, а всушност цело време ги водеа по патот на губилиштето однапред замислено и кренато во Преспа. Но пред тоа требаше да се испробаат на Македонците сите „демократски“ направи за мачење на западната либералкапиталистичка инквизиција низ еден топло-ладен садизам.

Притоа, како моќна алатка за таа деструкција ги употребија Албанците, иако тие мораа, ако се повикуваат на нивниот племенски морален кодекс во Лек Дукаѓини, да им се извинат на Македонците за стореното злосторство кон нив и да им се заблагодарат за нивната поддршка на косовските бегалци во 1999 г. кога нивното НАТО ја бомбардираше Србија за во неа да им создаде втора албанска држава. Тогаш во малата и сиромашна Македонија, иако друг го правеше тоа злосторство и тој требаше да пружи рака за помош, се истоварија околу 400.000 косовски бегалци, доволно за да се скрши нејзиниот ’рбет за да не може потоа долго да закрепне. Но Македонците не рекоа лош збор, подадоа рака и го отворија срцето кон страдалниците. А како всушност беше искажана од нивна страна таа благодарност: со тероризам врз оние што им подадоа рака во најдраматичниот историски миг. Така. А таквиот тип „благодарност“ продолжи и понатаму со нивниот политички тероризам во Владата и Собранието потпомаган, некогаш премолчано, а некогаш отворено од Брисел и од Вашингтон. Всушност, секогаш отворено.
Сè се одвиваше забрзано како на филмска лента. Од Евроамерика, пак, без попис и статистичка фактографија им беше доделен процент на Албанците во Македонија 20 проценти, иако ни денес тој не е потврден, па затоа и неколку години по ред тие го минираат пописот. За тој повластен процент беше изготвен и таканаречениот Бадинтеров закон, изум на Французинот Робер Бадинтер, пак во перверзен француски стил. Со него буквално е укината демократијата на мнозинството во Македонија и се штитат, по вена на негова стигматизација, правата (надвор од нормата како што е тоа на запад во Европа) на малцинството, кое нив ги има (албанското) над европските стандарди. Како да станува збор за жители на некој национален заштитен зоопарк.

А нели, мудриот просветителски демократ Бадинтер, можеше тој закон, што го нема ни во Амазонија, да го изготви и им го предложи, на пример и на Французите за специјална заштита (како на Албанците кај нас) на Арапите кај нив, потоа на Германците за Турците, и најпосле и на Англичаните за Индусите и Пакистанците кај нив. Итн.: на Белгијците, Холанѓаните…
Па и доведувањето на терористите од „бојното“ поле во Владата и парламентот, преоблечени во европското „просветителско“ руво како борци за човекови права. Тоа го отвора прашањето за двојниот стандард на Европа, нејзиното сурово правило за изопачување на нештата така како што ѝ одговараат нејзе, применето главно на колонијалистички од неа подјармните помали и послаби народи, улога во која беа и се Македонија и Македонците. Оти да ги прашаме во контекст на тој стандард и правило и Европејците, дали на пример и терористите од париски „Шарли Ебдо“ и „Батаклан“, од Лондон, Мадрид, Берлин, Брисел, исто така не треба да се трансформираат во борци за човекови права, како и дружината на Али и компанија кај нас, и потоа да ги распоредат, за да ги унапредат демократски и економски, како нашите, нивните земји: да им направат и ним двојазична, па може уште и тријазична тиранска платформа, Охридски договори, бадинтерови закони, и пак тие да бидат незадоволни и незадоволни, оти сè уште немаат нивен премиер, доволно министерски и директорски места итн. итн. Што велиш за оваа аналогија, драг читателу? Таа е немилосрдно точна, како математичка равенка поставена од Лобачевски, оти фигурата аналогија е по дефиниција најмоќната ламба за да се осветлат и демаскираат работите без фарисејска мимикрија.

Така ли е господа евроамбасадори, или сметате дека сме доволно глупи за да не го разбираме тоа, додека вие ни држите по везден, од што добивме неизлечива мигрена, лекции за европските цивилизациски вредности. И, да знаете, доста ни е од тие лекции. Не сме идиоти. Во ситуација сме како оној еврејски поет што по холокаустот над неговиот народ му се обрати на Севишниот: „Господе, избери си друг народ“, и ние да ѝ речеме на вашингтонска Европа (ти се допаѓа ли оваа кованка, драг читателу?), избери си друг народ за „цивилизациски“ експеримент сега. Доволно ги испроба на нас сите направи на твоето инквизициско „цивилизациско“ мачилиште, при што во финалето ја испроба дали сè уште функционира врз златната колективна глава на Името и твојата „просветителска“ машина на смртта, изумот на доктор месје Гилотен. И, се покажа дека не за’рѓала. Со тоа, драги европски колоноцивилизатори, само маестрално го потврдивте фактот дека антропијата кај вас нема пристап единствено во подрачјето на злосторството. И космосот, не само обичните предмети, се аби, па Отецот, како што нè извести Синот, ќе мора еден ден да создаде Нова земја и Ново небо, ама нема намера да создава и Ново зло, оти тоа што е присутно и со Преспа и зголемено од вас добро стои, на цврст метафизички постамент. Оти историското искуство покажува дека додека постоите вие ќе постои и тоа. Злото!
И така со забрзано темпо од 1990 г., чекор по чекор, со една ужасна акрибија беше дојдено до јуни 2018 г., кога беше поставено бриселовашингтонското губилиште во Преспа во која пенкалото на политичкото чудо од Муртино, со и неговиот министер Димитров во улога на гилотината на месје Гилотен ја пресече, како некогаш во Ерусалим Ирод на Јован Крстител, нашата колективна глава Името; го исцица сиот оган од нашата неколкумилениумска меморија и нè стави како пепел во мртовечка урна. Аналогијата притоа со Крстителот на Исус тука не е ни најмалку случајна, драг читателу. Оти и Македонците секогаш навртени околу незгасливиот оган на Името како и тој, го исправаа патот за Господ.

Патот за божественото, кое се покажа дека западната профитабилна неолиберална капиталистичка цивилизација не од денес и не од вчера го мрази. Сум те потсетувал во таа смисла, драг читателу, на ламентацијата пред две и пол столетија на мојот омилен поет германскиот ран романтичар Хелдерлин: „Изгубени се, ги нема трагите на светото.“ По холокаустот над нас во Преспа ние би можеле со полно право илјада пати да го словиме пред европските амбасадори кај нас тој Хелдерлинов слоган што го дијагностицира во настапот на богот на парата, Златното теле, дефектот, исчашениот од божјото лежиште на душата на западната европска колонијалистичка цивилизација, подготвена сè што е свето да го ништи во име и само во име, бескрајно лакома, на материјалниот профит.

(продолжува)