Крајна цел е создавање безидентитетска чипувана и зомбифицирана маса, која ќе ги загуби сите хумани карактеристики, па затворени во свет на конструиран страв и манипулации, како несвесни обездушени суштества без суштина да се сведат на пет основни дејства: јадење, празнење, работење, задолжување и трошење
Заминува американскиот амбасадор Џес Бејли. Неговата биографија ќе биде исполнета со купишта чудни информации од престојот во Македонија. Пред сè, ќе пишува дека дошол во Република Македонија, а заминал од Република Северна Македонија. Меѓу доаѓањето и заминувањето ќе има богатство податоци. Јавна поддршка и октроирање на власт на Зоран Заев. Одобрување на нелегитимното објавување незаконски прибавени прислушувани разговори. Мешање во внатрешните работи на Македонија преку притисоци за донесување Пржински договор каде што четири партиски лидери и двајца амбасадори, надвор од устав и без легитимитет за такво нешто, одлучуваа за иднината на државата. Противуставно наметнување на неговата волја во однос на тоа кога може, а кога не може да се оди на предвремени избори. Истурање милиони долари на медиуми и „граѓански здруженија“, преку УСАИД и Џорџ Сорос. Префрлање албански гласови на контото на СДСМ за време на изборите во декември 2016 година со што на неспособната и кај народот непопуларна опозиција им донесе 49 пратеници.
Притисок врз ДУИ да не коалицира со победникот на изборите, туку со поразениот СДСМ преку тиранската платформа на ЦИА. Директно мешање во судската влас за ставање на ВМРО-ДПМНЕ во заложничка положба. Признавање на нелегитимно избраниот собраниски спикер Талат Џафери, кој беше изгласан со недоволен број гласови, надвор од процедура и без записник. Заедно со врвот на СДСМ, ДУИ и одредени високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, сценарист на настаните од 27 април и дел од прогонот и тортурата на луѓето од „Заедничка Македонија“. Некои од незаконската кампања на власта за успешност на референдумот за промена на името, а откако тој не успеа, мртов ладен го прогласи за успешен. Беше еден од главните актери за брутално, нецивилизирано и незаконско обезбедување на двотретинско мнозинство преку уцени и закани кон пратеници од опозицијата. Најзаслужен за силеџиското преименување на Македонија и бришење на македонскиот идентитет. Она што нема да го пишува во неговата биографија е фактот дека за неполни пет години стократно го зголеми револтот на Македонците спрема американската политика. Од позиција на сатрап го зголеми индексот на омраза спрема Американците во светот.
Оттука е неговото предвремено пензионирање. Тешко е денес да си нормален Американец, кој гледа како неговата татковина уништува, окупира и ликвидира други држави. Мачно е да си свесен дека изопачената политика на твојата земја прави да си омразен низ сиот свет. Еве како се збогував со него на Фејсбук: „Збогум господине Бејли, ми беше чест и задоволство како индивидуалец да војувам против изопачената моќ што ја претставувате. Вооружени со огромна планетарна, финансиска, политичка и овдешна полтронска сила ме поразивте, ми ја укинавте татковината претворајќи ја во перверзна травестија, ми го укинавте идентитетот и историјата, но, ова е миг, а јас единка, затоа добро запаметете, вашите наредбодавци од невидливата Елита, колку и да се убедени во сопствената моќ, не можат, како и никој друг,, да обликуваат иднина по сопствен терк, зашто, чудни се патиштата Господови“. Во меѓувреме, среде држава што се откажа од сопствениот идентитет ќе се носи закон со кој и на родителите ќе им се одземе мајчинскиот и татковскиот идентитет. Нема веќе да има „мајка“ и „татко“, туку „родител 1“ и „родител 2“. Така било модерно по светот. Тоа да ти се викало родова еднаквост.
Инаку, ако ги видите оние што најмногу се залагаат за оваа нацистичка будалаштина ќе сфатите дека најголем број од нив немаат деца. Почнете со распрденава скопска интелектуална бижутерија и сè ќе ви стане јасно. Бре, мајк… извинете, бре родител 1 или 2, тамам сакав да станам модерен, ми го скршија филмот. Баш планирав, кога повторно ќе се родам, да бидам посвоен од две лезбејки што ќе ги викам мама и тато, па на другарките во школо ќе им се прчев со муабетот, „Тато има поголеми цицки од вашите“. И сега што? Како ќе звучи моето прчење? Мојот родител 1 или 2 има поголеми цицки од вашите? Идиотизам! Во ред, ако до толку имаме потреба да укинување идентитети предлагам веста за донесувањето на овој закон да гласи вака: „Законот за Родител 1 и Родител 2 го изгласаа Глупак 1, Глупак 2, Глупак 3, Глупак 4… Глупак 26, Глупак 27, Глупак 28… Глупак 62, Глупак 63, Глупак 64…“ Хммм, Зоќи, ми текна, сите ние сме направени од родител 1 и родител 2, само тебе Бејли ти е родител 3. Цинизам на страна, сето ова има своја мрачна страна. Дел е од големиот план на изопачената глобалистичка елита, која сака да воспостави контрола над планетата, луѓето и ресурсите. Ќе ги замолам оние што се кострешат на вакви теми и веднаш ја вадат глупата флоскула „теорија на заговор“, да ги спакуваат куферите и да отпатуваат од колумнава. Изопачената светска елита чија крајна цел е воспоставување една влада, една војска и една банка каде што само тие се господари, а сите други робови, во својата агенда има различни алатки за спроведување на замисленото. На пример, една од тие алатки е држење на светската популација во постојан страв преку исценирани војни, тероризам и разни видови катастрофи.
Друга алатка се постојаните намерно создавани економски кризи.
Трета нивна алатка за спроведување на пеколниот план се константни манипулации со човештвото преку лажни научни догми како неодарвинизам, задолжително вакцинирање, глобално затоплување и друго. Укинувањето на термините „мајка“ и „татко“, демек заради родова еднаквост е дел од нивната антиидентитетската војна против човештвото заради целосна контрола и намалување на популацијата. За укинувањето на националните и културолошки идентитети беспредметно е да пишувам. Сите ние го почувствувавме на сопствената кожа. Планот треба сега да се спроведе на глобално ниво. Лудилото со родител 1 и 2 е удар на основното ткиво на човештвото, а тоа е семејството. Крајна цел е создавање безидентитетска чипувана и зомбифицирана маса, која ќе ги загуби сите хумани карактеристики, па затворени во свет на конструиран страв и манипулации, како несвесни обездушени суштества без суштина да се сведат на пет основни дејства: јадење, празнење, работење, задолжување и трошење. Секое креативно и духовно будење или некаков бунт против изопачената елита ќе се контролираат преку средствата за терор врз душата и свеста, кои се сместени во флоскулите „политичка коректност“ и „говор на омраза“.