(Варијација на темата македонска ситуација)
Сè уште сме на бескрајната тема, драг читателу, на понижение и стигматизација на Македонците. Можат да се набројат многу клучни примери со варијации и подваријации на македонското современо историско ноктурно, помрачение слично на она напладне над распнатиот Исус на Голгота. Меѓу нив клучен е и „славниот“ Бадинтеров закон на францускиот правен, ама не и праведен експерт Робер Бадинтер.
Закон, кој, како што добро знаеме, ја сопнува демократијата, дефинирана како владеење на мнозинството, затоа што фаворизира кај нас исклучиво едно агресивно малцинство без кое не може ништо да се реши без негова согласност и волја, без разлика каква била таа. А секогаш е насочена против Македонците, но и против преостанатите поситни малцинства, кои тука се само неми статисти. Еј, и тоа таков „демократски“ закон ти го скроил еден Французин од земјата што себеси и денес сè уште се смета за авангарда на светската демократија. Да не ти се верува, оти таков експериментален закон нема ни во племињата во Африка и Амазонија. Ама во Европа и „европска“ Македонија има. А не верувам, драг читателу, дека Французинот не бил свесен што ќе се случи и се случува како последица од неговиот антидемократски закон. Ако, пак, не бил свесен тогаш не знам што да речам. Се плашам да не го навредам, оти нарцистичките Французи болно реагираат, под својата божемна космополитска маска, на приговори и навреди од помали од нив, а камоли од некој од, како што би рекол Конески, жител на „безначајно“ столчено племе. Сеедно. Бадинтер тече, некогаш со големи шурки, некогаш со капки што убиваат, како што е тоа со некои затвореници осудени на таква смрт. Сега не можам да се сетам точно чиј беше тој изум. Но сеедно. Кај нас тој изум е на Бадинтер. Изумот што од кај него дојде кај нас во облик на пронајдокот на неговиот славен сонародник месје Гилотен, чија инвентивна направа гилотината исече илјадници глави под Бастилја во француската претпросветителска револуција. Тој и ја фрли Каиновата сенка врз неа. Сега, немоќни, Македонците само можат да кажат: нека му е вечна слава на толку многу умниот правник (не и праведник) и француски „демократ“. Тоа е вистината.
А, лека полека, по сите пониженија, стигматизации и претходни масакри на секогаш осамените Македонци, драг читателу, мораме болно да констатираме и некои сега сериозни дефекти на нивниот колективен психолошки портрет. На некои, со јазикот на психијатријата речено, синдроми од кои е зафатено како од темен облак нивното битие и душа. Јунг тука би имал многу што да каже повеќе од мене, иако проблемот барем на ниво на болка ни од далеку не го познава како што го познавам јас. Сеедно. Два клучни болни синдроми се карактеристични, според нивното анемично однесување кон сегашната историска ситуација, за Македонците: таканаречениот стокхолмски синдром прво, и синдромот котард второ. Стокхолмскиот синдром е карактеристичен по тоа што жртвата е патолошки заљубена во својот џелат. Примерот на Македонците со нивната болна „заљубеност“ (сепак се потребни наводниците) во Јенките и Европа. Во Вашингтон и во Брисел, и покрај тоа што сега од нив ни дојде смртоносната идентитетска чума, која сакаше Гоце (етничкиот Бугарин на Пендаровски) да ја пропади од Македонија. Нашите/ненаши политичари не гледаат ништо, глупо безалтернативни, друго од Американците и Европа. Пред сè од овие првите, плашејќи се притоа од Русите како ѓавол од темјан. Како да ни се тие денес најголемите непријатели, па, така, погано некои наши соросови невладини и новинари-платеници го прифатија и пропагираа повампирениот западен антируски макартизам, карактеристичен за Америка во педесеттите години од минатиот век. Така, амероидот Димитров (Никола) протера, за да им се докаже лојален на Јенките, еден руски дипломат (не го дознавме неговото име), а сега од таквите како него се врши силна атака и на Самсоненко, и како што тргнале работите, ако оваа гарнитура ги добие и новите скорешни избори не е чудно од кај нас да се протераат уште и Пушкин, Достоевски, Чехов, Толстој… Само затоа што се Руси.
Вториот, да не заборавиме, оти се занесовме со Американците и Русите, драг читателу, патолошки синдром на македонската колективна душа е таканаречениот котард-синдром, именуван според францускиот невролог Котард 1882 г. во кој личноста смета дека покрај загубениот имот и социјален статус, загубила и внатрешни органи (срце, крв, мозок, бубрег, црева…). Како резултат на таа морбидна патолошка ситуација личноста престанува да јаде и да пие, станува анемична и запаѓа во длабока депресивна апатија. Ете, таков е и случајот сега и со Македонците дотерани на таквото психолошко дереџе од страшниот притисок на „демократската“ цивилизација, која го игра, иродовска, својот танц на перверзната Саломе Европа со колективната глава на Македонците. Како тогаш во Ерусалим со пресечената глава на златниот светец Јован, Крстителот на Исус.
И не знаеш, драг читателу, кој е попаталошки и поболен од овие два синдрома, кои ни ги натовари „цивилизацијата“ што мириса на фашизам. Еве, како врвна илустрација на нашиот стокхолмски синдром, на пример, е неодамнешното закачување на јарбол на знамето на најголемата терористичка организација на планетата НАТО, кој нè „прими“ под условот да си извршиме харикири, идентитетски да се самоубиеме со евтаназиската инјекција северна. И не е произволна таквата оцена за оваа мастодонтска воена западна организација. За тоа сведочат разорените земји на Блискиот Исток, Авганистан, па и во Европа крвавиот распад на Југославија стокмен пак според планот на ЦИА и на Пентагон. Па потоа и бомбардирањето на Србија, кое Елцин фатен за шишето вотка го Преспа, како резултат на што се создаде за американските интереси нова држава на автономната српска територија, а потоа со комбиниран метод на физички и идентитетски масакр дојде на ред и „столченото племе“, малечката жална Македонија. И што да ти кажувам понатаму, драг читателу, како што ги заклучува во поента многу од своите песни со морбидни сижеа славниот српски поет Васко Попа. А, еве, сепак се јавуваат надежни искри на отпор. Во Штип се искршени апсурдните табли за силеџиски, варварски наметнатата двојазичност, надвор од оцените на Венецијанската комисија. И тоа не е важно, оти анемична бриселска Европа си игра со божем демократски институции, а си ја тера како што сака својата работа, поддржувајќи ја Тиранската платформа. Добро. Ама ајде да го видам нивниот демократски капацитет што го демонстрираат десадовски (мислиме на сјајниот европски садист Французинот Маркиз де Сал) на Македонците. Ајде да ги видиме тука на свој терен, драг читателу, па нека Германија го воведе како официјален јазик турскиот, оти Турците во неа ги има околу 10 милиони, а потоа и Франција арапскиот, каде што Арапите се исто така тука некаде со бројката, ако не и повеќе. Нели, месје Тимоние? А со Меркел, која кон Македонците, со нејзиниот страшен притисок да се преименуваат, не сакам ни да разговарам, оти некако се покажа дека нејзината родословна генеза е од лозата на фирерот.
Да. Во Штип имаше диверзија, оти тоа е сега засега единствениот начин на борба против идентитетската и физичка ликвидација на Македонците. И таа треба и мора да продолжи, другар Заев и другар Димитров, оти еден ден пак ќе грмне гласот на пролетаријатот: „Смрт на фашизмот! Слобода на народот!“. А што станува со знамето на НАТО и на Шекеринска, која при неговото поставување веројатно мора да доживеала поголема креативна епилепсија од Достоевски, и тоа е нејзиното најголемо интелектуално и хуманистичко достигнување. А ти ме прашуваш, драг читателу, каква ќе биде кај нас судбината на НАТО-знамето. Па, веројатно ако се најде, или ако сега во утробата на македонските невести е зачнат некој нов Јане Сандански, без двоумење него ќе го симне од срамниот јарбол во мирољубивата космополитска Македонија. Тоа. Ништо друго. Диверзија како одбранбен механизам, без разлика што западните „демократски“ сатрапи ќе ја окарактеризираат како терористичка, затоа што со неа е божем нападнат борецот против светскиот тероризам НАТО. Борецот главно против муслиманите, но не ги штеди ни православните христијани, сметајќи ги како муслимани и закана по нив. Тоа е јасно, оти излегоа на виделина и на интернет документите на ЦИА за тоа. Па и Американецот Ханингтон ја напиша во таа смисла својата божем пророчка книга „Судир на цивилизациите“, на муслиманите (иноверци) и христијаните, мислејќи на католиците, на Големиот инквизитор што го наслика сјајно аналитички Достоевски во „Браќа Карамазови“.
И што е резултатот на сè ова, драг читателу? Тоа е од Западот прокламираниот тероризам од ИСИЛ и некои други организации и држави, главно муслимански, иноверни. Прокламиран од западните „демократи“ и „космополити“. А всушност се работи за една перверзно искривена вистина. Верувам, и го кажувам тоа јавно, дека луѓето (сега го избегнувам зборот терористи) што се самоубија со бомби околу појасот во париски Шарли ебдо, Батаклан и на други места во метрополи на Западна Европа, во деведесет и девет проценти не се терористи туку очајници. Тоа е вистинската дефиниција, без разлика на невините цивилни жртви. Оти Европа може само да ги сонува македонските ангелски терористи – гемиџиите, кои освен себеси како свети саможртва никого друг не убија. Па нели, месје Тимоние, Павел Шатев го испразни францускиот брод „Гвадалкивир“ полн со Французи, а дури потоа го торпедира за да нема жртви. Да. Ама сега овие новите што вие ги нарекувате терористи го креваат бродот на „демократските“ цивилизатори сосе екипажот. Зошто? Затоа што се тоа крајни очајници (тој пои е поисправен) на кои им се убиени браќа, сестри, родители, спалени им се домот и татковината, и што може да се очекува друго од нив освен во харикири-стил да се преплашат со бомби околу појасот и да тргнат на оние чии бомбардери и „воини“ го сториле тоа. А тоа е, пред сè, американскиот државен тероризам за кој пишува Чомски.
И што остана уште актуелно во македонските ноктурно предизборни варијации. А, значи, МПЦ и нејзиниот фарисејски (со исклучок на владиката Агатангел) синод. А тука е и темата за православието воопшто, кое како што е денес поставено е политичко, а не духовно и христолико движење. А јас сум ти тука, иако сум верник, драг читателу, некако како Коста Рацин кај нас и Толстој кај Русите богомил, оти богомилите први се побунија против политичкото подржавено православие и корупцијата на хиерархизираната црква, а за да го вратат првоапостолскиот морал на социјална и секаков друг вид правда меѓу луѓето. Првите пролетери и комунисти во ликот на Христос, кои и Александар Блок ги стави да маршираат по него во неговата знаменита октомвриска поема „Дванаесеттемина“. (продолжува)