Бугарите денес се служат перверзно, валкано и со шупливи факти за докрај да ја бугаризираат целокупната македонска културолошка меморија. Во таа смисла од нив, иако нивна антрополошка особина не е хуморот како што е тоа тој за Србите, на пример, е и вицот-прашанка што гласи: „Што ќе добиеш од Македонецот ако го ставиш во машина за перење?“ Одговорот е: „Чист Бугарин!“ Бугарска еурека. Да, ама некое македонско итарпејовче се досетило тој „суров“ бугарски виц да го варира во македонска варијанта, па го поставува прашањето: „А што ќе добиеш ако ставиш Бугарин во машина за перење“, одговорот е: „Валкана вода“. Во теоријата на полемиката тоа се вика: „Со книга на книга“. Фер е. Со виц на виц.
Тоа, драг читателу. Сега за екстранационалистичките Бугари не важи тезата за контекст на фактите. Да. Ама, глеј чудо, таа не важи ни за Заев и Пендаровски. Тие ѝ даваат ветар во грб на бугарската шизофрена теза дека Македонците се измислена нација на коминтерната, само за да не бидат она што се: да бидат бугарски Македонци, или македонски Бугари. Сеедно. Штета што не е жив Габриел Гарсија Маркез, кој во својот славен роман „Сто години самотија“ во стилот на магичниот реализам ги возвелича Македонија и нејзините алхемичари, кои во своето ремек-дело „Психологија и алхемија“ ги нотира и К. Г. Јунг, велејќи дека, покрај од Кина, алхемиските книги во Европа стигнале уште и од Македонија. Во неа тие стигнале најпрвин во Италија кај мецената на италијанската ренесанса Козмо ди Медичи. Нив во Македонија, најверојатно во Охрид, ги пронаоѓа дури во втората своја мисија Леонардо ди Пистоја, а на латински ги преведува најучениот монах во тоа време во Фиренца Марсилио Фичини. Станува збор за едно од капиталните дела на алхемијата „Корпус херметикум“ од Хермес Трисмегист, за кого нас Европејците нè учат дека е Египќанец. А дали е баш така? Мене во една полемика некои бугарски писатели ми пишуваа дека сепак тие факти (со кои ним им се врзани очите) не се однесуваат на некакви Македонци, туку само на Македонија како географски поим. И толку. Јас им одговорив дека се во тешка заблуда, бидејќи на гол географски простор се раѓаат само компири и патлиџани, ако сакаат и зелки, но не и алхемичари. Природно, за да ја демонстрираат својата националшизофренија, тие не го објавија мојот одговор. И не се бунев, бидејќи тоа и го очекував. Ќе бев изненаден (пријатно) да се случеше обратното.
Приказната е долга и предолга, драг читателу. Подолга кога станува збор за Македонија и од онаа на Шехерезада во „Илјада и една ноќ“. Таа тука трае со столетија и милениуми. Во контекстот Шехерезада/Македонија, пак, сега ми иде во свеста онаа луцидна опсервација на Иво Андриќ во неговиот говор во Стокхолм при доделувањето на Нобеловата награда, која сега можеби го чека и нашиот Заев. Имено, генијалниот српски писател тогаш рече дека Шехерезада имала еден единствен мотив за да му ги раскажува на суровиот Шахријар, долги илјада и една ноќ, своите чудесни приказни. Тој мотив се состоел во тоа таа да го одбегне мечот на немилосрдниот господар, кој поради еден несреќен автобиографски инцидент со спротивниот пол патолошки ги замразил жените. Поентата на Андриќ, секако, е дека и писателот го користи со истата цел тој мотив, ткаејќи ги на разбојот на јанѕата своите долги литерарни приказни. А јас сега, како што веќе претпоставуваш, драг читателу, за што дадов сигнал, ја гледам во тој контекст на мотивот Македонија како историска Шехерезада. Ама за жал трагична, за разлика од онаа од Багдад.
Имено, иако многупати се провлекувала дури и ранувана под него, Македонија сепак не успеала како Шехерезада од „Илјада и една ноќ“ да ја спаси главата од екстремно кон неа суровиот историски Шахријар компониран од балканските и европските сатрапи на злото. Таа ја изгуби конечно главата во Преспа со Преспанскиот договор! И тоа е суровата северна вистина на идентитетскиот геноцид над еден мал и мирољубив народ. Но, и покрај завршниот смртен удар, и понатаму трае масакрот на околните балкански хиени над обезличениот труп со име Македонија. Во овој есеј се занимаваме посебно со бугарската хиена од нив. Неговиот наслов, како што гледаш, драг читателу, е дијагностички, од областа на психијатријата: „Патологијата на бугарскиот македонизам“. Првата варијанта беше „темната страст на бугарскиот македонизам“ што е истоветен. Мојот омилен германски поет Рајнер Марија Рилке во своите песни говори за „темната страст на предметите“. Сеедно. Кај Бугарите тој предмет се Македонците и македонизмот. Тие посегаат со таквата мрачна страст кон целокупната македонска културолошка меморија, спуштајќи се дури и до праизворот на македонскиот идентитет во антиката. Оваа и таквата страст, сакале-нејќеле, отвора расправа за карактерот на колективната душа на еден или друг народ. Психологијата, особено онаа на Јунг што се занимава со архетиповите, го има проучувано многу сериозно овој феномен. Тука е Иполит Тен, Французин, со неговата сугестивна теорија за расата, средината и моментот, применета главно на подрачјето на уметноста. Таа тема странично или фронтално е присутна и кај некои германски филозофи и поети: кај Шпенглер, Шопенхауер, Ниче, Шилер. Се сретнува и кај некои руски писатели итн. Антрополозите исто така ја обработуваат, сè почесто за неа пројавува интерес и генетиката. Од југословенските писатели, тој феномен посебно ги интересираше Крлежа и Андриќ, и во нивните дела има брилијантни опсервации на таа тема.
Ние тука нема посебно да навлегуваме во анализа на тој феномен, иако сепак со самиот наслов на почетокот, сакале-нејќеле, веќе на извесен начин навлеговме во него. Неговата дијагностичка природа го налага тоа: темната страст за драстично варварско крадење на туѓата историска меморија и културно-цивилизациски имот. Во случајот македонскиот. Ако одиме, пак, понатаму, тука, драг читателу, можеме во таа насока на архетипна опсервација да си го поставиме сугестивното прашање зошто Бугарите и во двете светски војни беа на погрешната (за нив исправна) страна, на страната на фашизмот. И, секако, во тој контекст, зошто Македонците беа на страната на антифашизмот во борбата против оската на злото? Тоа се прашања и (хипо)тези што не се случајни и се фундаментални за доаѓање до некои битни одговори на темата загатната во овој есеј. Космополитизмот е есенција на македонската колективна душа, широко отворена кон светскиот простор и љубов за светот, како што пее и Кочо Рацин во „Татунчо“: „Ако куќа не направив / куќа цел свет братски ми е / братски порти што отвора“. Така, иако таа космополитска отвореност кон светот, почнувајќи првин од соседите, ни се врати, за жал, со негативен ефект од нив. Погубните договори со Атина, Софија и Тирана, форсирани силеџиски и од таканаречената меѓународна заедница, која со македонскиот пример и примерот на Блискиот Исток го обновува западниот фашизам. А во една пригода и нашиот германски пријател Волф Ошлис ни забележа дека сме премногу снисходливи кон странците, кои не го заслужуваат тоа.
Иако тоа е понапред бескрајна доверливост и отвореност на македонската „снисходлива“, односно отвореност на хомо балканикус наспроти ароганцијата на западниот нарцисоиден човек, архетип на либералкапиталистичката цивилизација. Тој вели оти тој западен нарцис смета дека е тоа природно балканскиот човек, како некоја пониска раса, да го боготвори и да се однесува снисходливо кон него, гостејќи го богато на трпезата на својата сиромаштија. Кај нас во Македонија има безброј примери за тоа. Па, зарем сме заборавиле како, на пример, на тој политички ветрогон со име Ервин Фуере од ЕУ, кој патем ништо позитивно не направи за Македонија, му го фрлавме понизно како на еврототем бурето со вино на Водици во Охрид. Па, и околу сите западни амбасадори кај нас играме обредни тотемски танци како некое африканско црнечко племе, додворувајќи им се и хранејќи ја нивната болна нарцистичка суета. И тие притоа се чувствуваат бескрајно угодно во својата улога на цивилизатори, самите нецивилизирани во духот на космополитската идеја за општо братство и љубов меѓу народите, идејата со која тргна на Исток кон Персија и Индија Александар Македонски.
Било како било, и меѓу Бугарите, екстранационалисти и варварски агресивни кон Македонците (нешто можеби што е наследство од нивниот протобугарски азијатски ген) можат да се најдат одделни примери на доблесни духови што умеат да го согледаат квалитетот на македонската колективна душа, каков што е тоа големиот бугарски поет Иван Вазов. Така, тој во својата песна „Една кратка од Цариград“, покрај менталната слика на повеќе претставници од повеќе балкански народи, ја скицира на тој план и сликата на Македонецот. Своите антрополошки скици поетот ги прави пред Јени Џамија во Цариград. Вели: „Фигури чудни, разновидни / и убави и безобразни!… / Се меркаат тука пред твојот поглед / и се крстосуваат неразбирливо: / и Муслиман добродушен, / и Грк горделив и лукав, / и Бугарин малодушен, / и Македонец правичен, чесен, / и работлив Ерменец, / и образован Французин, /и Анадолецот груб и прост, / и извалканиот, лош Арнаутин, / и шпекулантот Евреин, / и црниот Арап со сплескан нос…“ (во превод на Снежана Стефановска). Би рекле, со еден потег извонредна, длабинска антрополошка опсервација на знаменитиот бугарски поет, една брилијантна архетипска карактерологија на повеќе различни етноси, кои карактеристиката што тој им ја открива рендгенски проникливо тие на дело ја манифестираат како профил на нивната колективна душа низ историјата во минатото и денес, бидејќи едноставно тие карактеролошки црти се длабоко врежани во нивниот колективен ген. Што не значи дека тие црти, ако се негативни, не можат да се преобразат, трансцедентираат и сублимираат во позитивно. Но на тој план треба добра волја и работа на племето под диригентската палка на политиката и политичарите, кои, за жал, управуваат со народите, формирајќи ја почесто и повеќе од просветителските духови и гении колективната душа на еден народ. Денес особено во апсолутно политизираниот свет и на Запад и на Исток. И повеќе на Запад отколку на Исток.
Бугарите со нивната екстремна варварска националистичка агресивност кон Македонија и Македонците идеално се вклопуваат како пример во оваа теза. Но што мисли Вазов кога бугарската колективна душа ја дефинира на ментален план како малодушна? Можеби мислел, што може да биде веројатно, на недостиг од здрав космополитски и хуманистички елан витал во неа, до кого држел поетот. Можеби мислел на бугарската сервилност на ставање настрана на фашизмот во Првата и Втората светска војна, а потоа, по поразот на нивното фрлање во прегратката на Русите, на кои не еднаш им забиле нож на недоверба и неблагодарност во грбот. Русите што и ја создадоа голема Бугарија во Сан Стефано врз грбот на штета на Македонија. За жал. Русите што надвор од нивните историски промашувања кон Македонија сега особено под водството на Владимир Путин покажаа сериозен интерес за судбината на енормно и патолошки американизираните македонски политичари. Тие сакаа во ООН да го постават проблемот со нашето преименување и идентитетска ликвидација. Арно ама тука, без многу гајле за судбината на својот народ, морално крахира нашиот претседател Иванов, кој во Русија беше пречекан безмалку како мало божество, тотем, арно ама тој по она како што направи не го заслужувал тоа. Зошто? Затоа што одби да го даде предметот со Името и идентитетската ликвидација на Македонците во ООН, на што инсистираше Русија, за да може заедно и со Кина да ја поведе дебатата за бескрупулозното насилство на Западот (Брисел и Вашингтон) врз еден мал и мирољубив народ. И, природно, болно е, ама Русија нè призна како Северна, иако пред тоа изјави дека никогаш нема да ја прифати промената на нашето име. Да. Ама, како што вели нашиот народ, не бива убавина со сила. И така пропаднаа сите убави говори на нашиот бивш претседател, на крајот на краиштата се покажа дека тие сепак биле говори на една политички хипокритска личност. И ништо повеќе. Крајниот резултат: тој го лажел сопствениот народ.
(продолжува)