Претходната колумна, драг читателу, беше планирана за 15 јули, но по стек на околности се појави следната недела. Сепак останува актуелноста на нејзиниот наслов во облик на трауматичното прашање: „Македонци сакате ли да постоите?“ Колумната му беше посветена на Андон Дончевски, некогашен фудбалер на Вардар, а потоа и тренер на македонската фудбалска репрезентација. Тоа беше одамна во времето на моите студентски денови, кога во беспарица скокав преку бетонските ѕидови на стадионот за да го гледам Андон како со неговиот топовски шут дава голови од центар. Таков силен шут во тогашна Југославија имаше само уште еден фудбалер: Костиќ од белградска Црвена ѕвезда. Тоа. Но мотивот да му ја посветам колумната на Дончевски беше начинот на кој тој како тренер ги мотивирал македонските фудбалери пред да излезат на терен. Гоцевата раса. Имено, неговата педагошка магија, императивна во основа, била во портретите на македонските херои од антиката до Илинден и АСНОМ, кои пред натпревар тој ги закачувал во соблекувалната, велејќи им на фудбалерите: „Ги гледате ли: ќе се борите за победа како нив, со знамето ’Слобода или смрт‘“.
Мислам дека доволно објаснив, драг читателу. Одвреме-навреме ми се јавува Андон од Австралија со болката и раната на, како што вели Конески, столченото, а сега дотолчено племе по оној страстен идентитетски колеж од страна на „цивилизацијата“ во Преспа. И верувам, како и ти и јас, и тој е разочаран од резултатите на овие до немај-каде валкани избори. Покрај другото и затоа што тие не дадоа јасен одговор на прашањето: „Македонци сакате ли да постоите?“ Оти и сега, по онаа муртинско-преспанска катастрофа не смогнаа сили и не ја спотнаа својата волја за постоење, за громогласно на вака поставеното судбинско прашање да одговорат со: „Да, сакаме!“
Не. Нешто од поодамна не е во ред со нагонот на Македонците за постоење, за пиење на животодавна вода од својот автентичен генерички извор. Па сепак, и покрај сè, во нас останува надежта, драг читателу, дека нема да заспие огнот на меморијата во пепелта во која цивилизаторите нè спакуваа и ставија во мртовечка урна во Преспа 2018 г. Оти наравот на тој оган е свадбарска и еден ден тој ќе излезе од мртовечницата со оној екстатичен ороводен свадбарски крик „И-и-и-х!“, карактеристичен за столченото племе. Со него тоа минувало низ катастрофите.
Да. А ти веќе ми забележуваш, драг читателу, дека одиме во метафизика. Нестрплив си да се вратиме во реалноста, на изборите. Се согласувам. Ако го сакаш моето мислење, тие беа крајно валкани, што впрочем и не е некое големо изненадување.
Се одиграа по однапред прецизно изготвено сценарио во кое сигурен сум замешала прсти и „невидливата“, за разлика од пред неа екстровертниот империјален каубој Бејли, интровертна Кејт. Ништо ново. Па и самите Македонци. Кај нас веќе цели три децении од таканареченото „осамостојување“, кое испадна дека е лажно, ние сме заробена свест, ум, на двете мастодонски македонски партии: ДПМНЕ (без светиот акроним ВМРО напред, кој не еднаш тие го обесчестија) и СДСС, односно СДСМ без М, кое идиотски го предадоа и не го заслужуваат. Наместо него сега треба да стои на негово место С во ознака на северни. Па, така, се добива на крајот и двојно СС. Не те потсетува ли тоа, драг читателу, по аналогија на некоја славна СС-дивизија? Оти таа аналогија на крајот и не е случајна, ако имаме предвид дека оваа партија на фашистички начин, како слугинка на тој план на Брисел и на Вашингтон, со преименувањето изврши идентитетски геноцид над сопствениот народ. Да. Ама со една забелешка. Сепак нивната споредба и на нивниот фирер со Хитлер и германската фашистичка Националсоцијалистичка партија не држи од еден едноставен, суштински факт. Имено, тие за разлика од овие нашите фашисти не си го ништеа сопствениот народ, туку го подигаа до небеса неговиот идентитетски ерос и, ничеовски речено, волја за моќ. Јасно ти е, нели, драг читателу?
Оти и јас и ти од оваа мастодонска македонска партија што демонстрираше оригинален, за разлика од германскиот нацистички, фашистички геноциден капацитет, очекувавме барем некој да истапи и да ѝ каже НЕ за тој погром што го прави, дотолчувајќи го столченото племе. А толку многу напувани академски „интелектуалци“, срам да им е на безрбетниот „интелектуализам“, има во неа: министри, градоначалници, советници, административци, арамолепци итн. И повеќе од жално. Така, од евентуалната споредба меѓу нашиот и германскиот фирер, чија фиданка денес е фрау Меркел, ќе испадне во загуба, онеправдан германскиот.
Тоа е тоа. Туку и овие избори кај нас, драг читателу, покажаа дека поимот демократија е воопшто најлажниот и најманипулативниот поим што постои. Со него уште од антиката до денес, со исклучок во светската држава на Александар Македонски, само најперверзно се манипулира со една волшебна чудесна леснотија со масите. Па и сега со изборите, како што видовме „демократијата“ не успеа да издржи ни само еден единствен ден. А дури и тој ден да беше праведен ништо не менува во однос на перверзијата облечена во демократски фустан.
Оти ние ги избираме тој ден, а потоа тие владеат четири години и прават сè што сакаат: лажат, крадат, пливаат во корупција и криминал, му ја дерат по неколкупати кожата на народот, ти менуваат име надвор од референдумската волја, те обезличуваат и ти ја бришат целокупната неколкумилениумска меморија од овој ден назад до Јафет најмалиот син на Ное чии потомци сме, за што е сведок најважниот религиски и антрополошки документ на Западната цивилизација Библијата. Ама нив уво не ги боли. Тие говорат за демократија, а се диктатори. Говорат за социјална правда, а безмилосно крадат. Тие се изроди од родот, влечуги како и оние политидиоти од Брисел, заглавени во мочуриштата на Галапагос, неомозгани и задоцнети за ’рбет. Со нив и Дарвин се чуди, оти му ја уриваат неговата славна теорија за мачниот еволутивен напредок на homo sapiens. Тој е целосно збунет од македонските примероци, примати на тој план, кoи, ете, и на Галапагос дури останале како раритетни изроди, раритетни артефакти на еволуцијата што не ги допреле.
Да. Македонците не дадоа одговор на овие избори на прашањето дали сакаат да постојат. Тие како сè уште да се дрогирани од поимите како што се „демократи/ја“, „прогрес“, „иднина“, „Европа“, па дури и НАТО, кое им помагаше на албанските терористи во 2001 г., а сигурен сум ако затреба и сега ќе им помага. Наивен, овој народ сè уште верува во западната лажна демократија, хуманизам и правда. И по Лисабон, по Хаг и Преспа нему не му доаѓа паметот. А како функционира поимот „демократија“ на Запад. Тоа стана најопасниот збор таму.
Особено кога него ќе го изговорат Американците. Тогаш веднаш полетуваат нивните бомбардери полни со смрт во потрага по нафта и други материјални ресурси кај оние на кои тие им ги нудат во замена за тоа смртта и демократијата во пакет. Миротворецот и нобеловец Обама добро го демонстрираше тоа. Демократија. Тој збор и на Запад и кај нас, глупаво позападнети, е некој вид халуциногена дрога или речено со синтагмата на Маркс „опиум за народот“. Дрогата што современите автократски системи ја продаваат заедно со искривеното подржавено христијанство, а со иста цел за манипулирање на масите.
Сево ова добро го вкусивме и на нашите последни избори, драг читателу. Со еден збор, фигуративно речено, тие беа темница, без ниедна светилка што ќе ја осветли неа. Сепак, мора да констатираме дека, за среќа, во неа на до бескрај валканото македонско политичко небо изгреа една мала, но со интензивна светлина ѕвезда со име Левица и нејзиниот храбар, правдољубив и етичен челник Димитар Апасиев. Изгледа дека Македонија и Македонците долго, веќе цели три децении, чекаа на појавата на една таква личност на нејзината политичка сцена. Да. Ама, глеј чудо. Неговата појава, како надзвучна ракета, веднаш смртно ги исплаши сè уште актуелните официози на власта на геноцидниот автократ од Муртино, па бргу-бргу нивното Обвинителство го викна него на сослушување.
Познат метод на заплашување преку еден и на цел народ, безмалку по аналогија слично на она: „Од еден гревот навлезе во сите“. Итн. За што е викнат на обвинително распрашување Апасиев. За неговиот исказ на Фејсбук: „Ќе ве стреламе сите“. А кои се тие сите ни Обвинителството не знае, исплашено да не би и тоа биде застрелано. Ама со што? Феноменална глупост. Па белким Заев и Обвинителството од тие силни советници и стручњаци со кои се опкружени има некој јазикозналец што ќе им објасни дека зборовите имаат не само елементарно поимско, туку и преносно метафоричко значење, па така може да се стрела, застрела не само со пиштол и „калашников“, како нашите соживотници од 2001 г., туку и со мисли, идеи, па, ако сакаш драг читателу, и со клетви со кои стрела нашиот простодушен народ во очај. Итн. Сепак и покрај жестокиот притисок врз Апасиев на самиот почеток, тој има сила и карактер да го мине него, оти знае дека уште многу такви стапици и закани го очекуваат. Оти тој ним им мириса, како оние од 27 април, на терорист, за да го одржат тие континуитетот на барање и понатаму терористи меѓу македонските родољуби, за да не останат без работа Рускоска и Кацарска. А и да нема само албански терористи заради етички мир и соживотворење. Но тој ќе издржи, бидејќи за разлика од нив, влечуги, е правен од цврст материјал и има ’рбет.
А јас признавам, а верувам, како и ти, драг читателу, дека одвај чекам тој и Левица, покрај преостанатите нивни реформски потези, да ја почнат и тешката борба за враќање од смрт на столченото племе. На Името за кое и Македонски Манифест веќе 12 години се бори и ќе се бори до последен здив. Толку. На крајот сме, драг читателу. Ама за крај сега, ако дозволиш, ќе завршиме со една моја песна од поетската книга во завршна фаза со депресивен наслов „Погреб во Преспа“. Ама ќе видиш дека покрај сета траурност во неа има и една силна светкавица што им се противи на пепелта и смртта во кои нè фрлија меѓународните, балканските и домашните изроди, влечугите на модерниот цивилизациски Галапагос, кои не може ни Дарвин – да ги објасни. Туку, еве ја песната со наслов „Нашата и ваша рана“ и со неа најсрдечно те поздравувам до следната наша средба.