Навистина, промената на името и двојазичноста беа само во нашите небањати глави. Еве ја, суверена Република Македонија со почнати преговори, стои гордо пред вратите на Европската Унија. Добивме датум уште преклани. Од авион, преку Телма, информацијата стигна до нашите срца. Специјалните „Чарлиеви ангели“ ја донесоа правдата во сечиј дом. Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се разголени. Мијалков и Груевски ја признаа вината. На бројчаникот на портата „Македонија“ пишува пет милијарди евра. Тие украдени пари се вратија кај граѓаните. Минималната плата е 500 евра. Но тоа не е најважно
Ајде, вака да започнам… Се извинувам за ненамерната грешка од минатата колумна. Но, благодарение на мојот „фактчекер“, кој веднаш реагираше, грешката ќе биде исправена. Нормално дека си имам „фактчекер“, па и јас сакам да одговарам на центри на моќ, не само нашите политичари, експерти и аналитичари. Само што мојов центар на моќ повеќе е центархалф. Имено, во минатата колумна порносајтот „Фриуанс“, го нареков „Фриоунс“. Им се извинувам на сите љубители и посветеници каков што сум и јас. Што да правам, одамна не сум тропнал на вратата на тој сајт, откако раскинав со Џена Џејмисон, затоа што имаше „one night stand“ со Мерлин Менсон. Нема да ми се повтори грешката.
Европската Унија ја презентираше методологијата за прием на нови членки. Државата-кандидат отвора поглавје по поглавје. Но ако заврши едно поглавје, а подоцна не го почитува, повторно се враќа од почеток со поглавјата. Тоа е лошо. Приоритет ќе биде владеењето на правото. Тоа е одлично. Оти тука сме многу јаки. Особено ако за поглавјето околу владеењето на правото се грижи Зоран Заев.
Нели рековте дека ќе го почитувате владеењето на правото?
Може и сум рекол.
Така ќе им срочи Зоќи кога нешто ќе оплескаме. Ако некој строг европравник многу ја „таласа“ околу правната држава, му го испорачуваме на Курто Дудуш во канцеларија.
Вашиот градоначалник го измачуваше нашиот експерт за право.
Да, да, извинете, судот го опомена, нема да му се повтори. А вие како дознавте за тоа?
Па пишуваат новинари.
А-ха, новинари.
Ама зошто го осудивте за тероризам новинарот што откри дека вашиот градоначалник измачувал наш експерт?
А тоа ли? Откривме дека за време на 27 април, тој новинар имал тетка што влегла во Собранието, а баш една постара женичка ме гледаше како да сака да ме убие.
Па тој случај шведскиот Врховен суд го прогласи за политичко полициски монтиран случај, а Шведска е дел од ЕУ.
Уф, тоа Русковска и Кацарска…
Ама рековте дека они се најдобри.
Може и сум рекол.
Вака тешко да го поминете поглавјето за владеење на правото.
Ех, тешко. Ами ќе помогнат Бејли, Стивенсон и Сорос. Ќе направат специјално јавно обвинителство за Европска Унија. Могерини ќе биде Катица Јанева. На оние што се против наше интегрирање ќе им натовари обвиненија. Јоханес Хан ќе ви спроведе балкански методи и ете ја Северна Македонија во Европската Унија.
На овој начин сигурно го поминуваме главното поглавје за владеење на правото. Со највисоки оцени. Ако некаде зачкрипи ги праќаме владините шарени активисти, твитерџии и папагали да кажат дека сето она што го забележала Унијата како негативно, сигурно се вмроовски лажни вести. Доколку запнеме околу полициско-политички судски монтировки, рекети за да нема обвинение, промена на име преку уцени за затвор, секако ќе им се објасни дека се тоа остатоци од груевизмот. Ако, пак, случајно се најдат Евреи во Унијата, кои нешто мрчат против нашата блескавост, ги имаме нацикомуњарите Видана, Мерсиха и Тричковски да изведат блицкриг и да кренат некој Аушвиц.
Во меѓувреме ги береме плодовите на Шарената револуција кога граѓанството урбани луѓенца срушија режим со пенкало. Добро сега, во реалноста друго се случи, па мораше Бејли да се поти, ЦИА да пишува тиранска платформа, па да смислува како поразениот да победи, ама тоа се неважни детали. Важно за сè што се залагаа „шарените“, тоа и се оствари. Навистина, промената на името и двојазичноста беа само во нашите небањати глави. Еве ја, суверена Република Македонија со почнати преговори, стои гордо пред вратите на Европската Унија. Добивме датум уште преклани. Од авион, преку Телма, информацијата стигна до нашите срца.
Специјалните „Чарлиеви ангели“ ја донесоа правдата во сечиј дом. Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се разголени. Мијалков и Груевски ја признаа вината. На бројчаникот на портата „Македонија“ пишува пет милијарди евра. Тие украдени пари се вратија кај граѓаните. Минималната плата е 500 евра. Но тоа не е најважно.
Се докажа дека презентираните прислушувани разговори, не се сечени, лепени и монтирани. Груевски не само што го криел убиството на Мартин Нешковски, туку и го нарачал. Сега со убиецот се во иста ќелија. Мијалков лично го возел багерот со кој го бркал и го убил Никола Младенов. Ама најважен од сè, Заев во судот ги презентираше доказите за „Монструм“ и како што рече самиот „Што сум рекол, остварувам“, ја донесе правдата во домовите на несреќните родители.
Сега останаа само уште дреболии. Укинување на радиодифузната такса и на екстерното тестирање. Отстранување на оградата пред Владата. И, секако, последните два километри од автопатот накај Косово.
Ама ништо од ова немаше да се случи, ако не верувавме во визионерските способности на шарените револуционери. Тие ги положија своите животи за правдата и слободата и сега мирно почиваат во алејата на владините кабинети.
Провоцираш, а Русјаков? Циничен си. Сега и ти сигурно си правиш бајрам со умот дека ќе има ревизија на Преспанскиот договор.
Јас ли? Воопшто. Точно знам дека Преспанскиот договор е плод на злосторничко здружување. Тоа е антиуставен и криминален акт за административен геноцид врз македонскиот идентитет и народ. Нема суд во светот, ако не е силуван од изопачената светска моќ, што не би го поништил и прогласил за злосторство против човештвото. Затоа ја разбирам нервозата на американската амбасадорка.
Па за само три години, американската „длабока држава“ ни спакува три проекти: тиранска платформа, специјално јавно обвинителство и Преспански договор. Тиранската платформа падна пред Венецијанската комисија. Специјалното јавно обвинителство се претвори во рекетарски клуб на цитирам, „ороспии и гомнарки“. Времето ќе покаже дека и Преспанскиот договор ќе доживее сличен мизерен крај.