Посветена на Андон Дончевски
Македонци сакате ли да постоите? Ова е темата прашање за нашата денешна колумна, драг читателу, во која јас и ти не сме Јас, туку Ние, колективната душа на „столченото племе“ (Б. Конески), кое со обезименувањето го дотолчува оваа фашисоидна цивилизација. Таа, која нè фрли во идентитетска смрт, најстрашната од сите видови умирачка. Ние сме по ова на линијата што психолозите и филозофите ја дефинираат како гранична ситуација. Од неа или се креваш напред како ракета или се струполуваш во пад, како Адам и Ева по изгонот од Рајот. А ние сме токму во таков страшен пад од кој треба да се соземеме за да се вратиме од обезличување и смрт во автентично, генеричко постоење. Имено, затоа и го поставуваме денес, драг читателу, насушното есенцијално и драматично по нашата судбина прашање: „Македонци сакате ли да постоите?“
И тоа прашање веќе не е предмет на комотна хамлетовска дилема и меланхолична контемплација, туку категоричен императив како што е тоа натписот на знамето на нашите комити и војводи „Слобода или смрт“. Без одложување, оти е истечено времето за дејствување, иако сè уште не е доцна да се преземе нешто, сега и радикално. Оти е попусто, залудно да се занимаваме со она хипотетичко Дали (?).
Дали ако не беше така ќе беше поинаку? А сепак тоа дали, без и да сакаме нè држи како мора во клештите на болката и јанѕата и е неопходно за анализа на нашите судбински нешта. Дали? Дали мораше, се прашуваме, да ни се случи ова кога мислевме дека сме застанале на нозе и дека (колку сме наивни) блудницата вавилонска Европа, имено, му се радува на нашето колективно битие и постоење вглобени во нејзиниот просветителски слоган слобода, братство, единство за кој, според она што се случува во Брисел денес, залудно беа исечени толку многу глави под Бастилја и течеа реки крв низ улиците на Париз. Не, Европа не го признава космополитскиот концепт на Гоцевата раса за културен натпревар меѓу народите. Тоа. Оти видовме со нејзината par excellence фашистичка Лисабонска декларација од 1992 дека таа не се откажала од фашизмот, туку само сега се обидува него да го облече во ново пософистицирано руво. А, всушност, поперфидно од она на нацистичка Германија. А таква е и нејзината пак по Македонија неодамнешна фашистичка загрепска декларација. Европа што нѐ лиши од основното човеково право на сопствено име и идентитет како услов за влез во главната струја на цивилизацијата, а која како што ја видовме и доживеавме ние Македонците смрди на најодвратната канализација на распаднатиот морал и измет на бриселскиот промискуитетен политбордел.
И сега пак дали. Безброј прашања со дали. Дали не треба конечно Македонците да погледнат во себе и да се запрашаат кои се и што се, дали се суштества без мозок и без срце што работат само за туѓи интереси, ништејќи се на долг рок, можеби засекогаш себе, иако се еден од најдревните моќни печати на планетарната цивилизација, за што толку убедливо и со несоборливи факти сведочи и Библијата? Потоа, дали требаше во ова некогаш славно, а сега докусурено столчено племе да се намножат, како никаде на друго место во светот, како стаорци што разнесуваат чума меѓу родот толку многу предавници, котерулјевци? Дали?
Безброј дали на јанѕа и мора што искрснуваат како плипот во свеста на ранетите Македонци во тешка несоница. Дали? Дали мораше воопшто тие темни домашни изроди да се родат во ноќ без месечина и ѕвезди, таа влада и таа парламентарна сурија, плус оние осумтемина влечуги придодадени во неа за да се финализира злосторството? Дали мораа да бидат за зло зачнати тие со семето на Сатаната, без божја искра во себе? Дали воопшто мораа нивните татковци да повлечат бразда во нивата од која тие подоцна ќе бидат црпнати како злосторници за родот?
Татковците несреќни орачи што ја повлекле браздата со глуво семе во небичас, без да го проверат квалитетот на материјалот со кој ги создаваа тие бедни суштества со кои не може ни Дарвин на Галапагос да се направи и да им стави и ’рбет, ако Господ не го сторил пред него тоа. Тие што се зачнати по грешка во погрешно зло време, а можеби и на погрешно место. Тоа. А потоа откако татковците како-така, и не по своја вина можеби си ја завршиле работата во која вмешал Нечистиот прсти, товарот е оставен на сиротите мајки во чија света утроба (оти секоја мајчина утроба е Црква) беа зачнати тие изроди; дали мораа тие да ги донoсат до деветката нив, или требаше да ги подметнат во некој сив подизгорен џбун (да не страда цвеќето) за да не се срамат за она што го родиле како зло за Родот?
Дали? Безброј дали на кои како да нема одговор, иако судбината на столченото племе го дала него. А тоа е, дека некој меѓу народите требало да биде надарен не само со Песна и со Оро, со ѕвездени знаци на Божественото, туку и со Рана. Требало да ја преземе на себе и раната на човештвото, онаа на Исус од Голгота. А за тоа беа, имено, избрани не ни Грците што сакаат да бидат Македонци, не ни лажните Илири од Тирана, не ни лажните Тракијци од Софија, туку имено Македонците, за што сведочи сведокот над сведоците апостол Павле во Филипи и во Солун, кога им рече ним дека има намера со нив да се пофали, оти се праведни и вистинољубиви, пред Господ и дека се родени од почетокот „за спасение на светот“. Оти се тие новозаветниот избран народ што не го распна, туку го позна и возфали Спасителот.
Оти Македонците, знаеше Павле, го препознаа и сфатија, за разлика од варварска Европа, Словото Господово на гора: дека оние што се последни ќе бидат први, и оние што се тажни ќе бидат утешени. Ги препознаа и усвоија знаците на светото што ги избриша безбожна Европа, за што толку многу тагуваше душевно нежниот и растроен Хелдерлин, Германец кому му испеа химна Хајдегер, ама за кој фашисоидната фрау Меркел и не слушнала, а камоли да прочитала неколку негови стиха. Барем од неговата песна за Диотима, небеско тело во морниот сон на поетот. Ламентира Хелдерлин за загубените траги на светото во Европа легната во прегратката на безбожништвото, тоа што се протегна сега од Брисел до Вашингтон, кај Мики Маус, Том и Џери и кај планетарниот Супермен-каубој.
И крика од тоа убиство на Светото, на Божественото, на Убавината, драг читателу, не само Човекот, туку и Материјата, тварта низ која шета сега за да ја спаси од планетарните бизнис-идиоти Светиот Дух со света ламба, ама и со меч на одмаздата. И немој да мислиш, драг читателу, дека како поет (таа избркана сорта од нашата политика што го мрази духовното) зборувам глупости.
Не. Тоа што ти го кажувам не се метафори, туку гола вистина на нашето скрбно постоење: de profundis, nocturno, memento mori. Ти говорам за нашата микрослика на планетарната слика на пандемијата со име коронавирус, што е само маска (еве ја маската, космичкиот обреден изум на африканските црнци) за антихристите, кои повтеле да ги убијат човекот и човештвото. Тоа се тие антихристи што нè обезименија и нас, праќајќи нè во идентитетска смрт. Тие што имаат своја филијала и кај нас во името и делото на Заев, Димитров и останатите изроди од родот. Тие што се магнетизирани од сатанизмот на Ротшилдови, Бил-Гејтсови, Клинтонови и целата таа темна елита што ги шмука крвта и потта на сиромашните.
Така. А ти веќе ми замеруваш, драг читателу, дека сме се оддалечиле од зададената тема на колумнава со драматично прашање: „Македонци сакате ли да постоите?“ Не. Не сме се оддалечиле оти целата оваа долга, речи ја, дигресија, имено, и е вглобена во контекстот што го зрачи тоа. Она, пак, есенцијално, дали всушност и не е ништо друго освен средишна варијација на трауматичната тема на нашата колумна поставена во облик на прашање.
Оти уште од онаа прва социјална единица како општество на Адам и Ева по изгонот од Рајот, постоењето како фрленост е составено само од прашања, не и од одговори. Тие се есенцијалниот клуч за егзистенцијата, поезијата, филозофијата, религијата (нека простат теолозите што знаат сè), науката… Имено, во таа и таквата функција е и нашето дали, драг читателу, во онаа наша колумна. Дали, кое на свој начин е дијагностички, или повеќе откровенски клуч и за нашиот македонски крик, кој треба, оти ми се чини дека е таков неговиот потенцијал, да ја крене во воздух оваа перверзна силеџиска цивилизација. Крик е тоа, кој понекогаш во мене го чувствувам посилен од американските фашистички атомски бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки во 1945 г., и од звукот на англоамериканските бомбардери на еврототемот монструм Черчил со кои тој ги чистеше Македонците од родните огништа во Егејска Македонија. Таа од чии плодни полиња денес Грците јадат крвав леб, а за тоа говори и доблесната Гркинка Анастасија Каракасиду во нејзината книга, докторска дисертација одбранета во Америка, „Полиња од жито, ридови од крв“, за што од шизофрената грчка политика и политичари имаше закана по животот. А сè си мислам, дека не е чудо до неа да стигне таква закана и од нашиот политички гениј од смуртеното село, толку многу беневолентен кон Грците, „лицем светци, срцем волци“ (Г. Прличев).
Ѝ се поклонувам до земи, драг читателу, на Анастасија, на нејзината праведна и светла душа.
Македонскиот крик, огнена елипса што ги поместува, мислам, и ѕвездите. Крик, кого ние сега тука го обликувавме во драматичното Дали. Дали бевте толку глупави и мутави Македонци (простете ми на изразот оти ме боли, болката е компензација за него) та избравте премиер што среде Атина им рече на Грците што нè ништат и по должина и по ширина дека крадеме туѓи истории, оти не сме имале своја? Тоа. И уште дали моравте, калпави во умот (до кога ќе ви се извинувам) да изберете и претседател што ќе ве нарече стока и кој ќе ви каже дека најсветата личност на новата македонска историја Гоце Делчев е „етнички Бугарин“. Ајде, барем да речеше само Бугарин, без она етнички, оти со бетонот на таа страшна глупост тој ни ги заѕида со мрак прозорците што ни ги отвори кон светот „како поле за културен натпревар меѓу народите“ Гоце.
Крик до крик, болка до болка, рана до рана. Тоа е сликата на македонската колективна душа и битие, драг читателу, сега по фашистичката Преспа. Што да ти кажувам повеќе. Нас евроамериканските и домашните политидиоти нè свлекоа во гробницата со име Идентитетска смрт. Дури и нашиот надгробен камен сега е лишен од име и вечност. Тоа ни го смислија тие џелати во кои се вљубија нашите платени невладини, шарени и божем социјални демократи. Оти мора ме стега во сонот и јанѕа ме јаде најаве, драг читателу, кога ќе помислам дека ни еден единствен примерок од таа мастодонска антимакедонска партија не се осмели, не истапи храбро и доблесно и не рече: излегувам од неа, од нејзиниот геноциден проект на идентитетска смрт врз Македонците. А ќе си обезбедеше со тоа, ако истапеше, монумент на вечност и не ќе се најдеше, како што би рекол рускиот поет Рождественски, мермерен блок што ќе го собере во себе него така велик. Ама не се јави таков јунак. Целото „јунаштво“ им беше препуштено на квислинзите Заев и Димитров, заедно со парламентарната сурија антимакедонци (Албанците што му се радуваа на македонскиот идентитетски погром ги изоставувам), плус оние осумтемина дополнителни за конечна ликвидација темни суштества, несреќно зачнати и за несреќа родени.
Крик до крик, болка до болка, очај до очај, рана до рана: тоа е нашата сегашна историска, цивилизациска и егзистенцијална ситуација, драг читателу, и затоа како средишен столб што треба да внесе во неа смисла, карактер и храброст, и го поставуваме прашањето гром, со глас со кој Исус го скорна Лазар од гробот: „Македонци сакате ли да постоите?“ И одговарам императивно. Сакајте! Сакајте, оти нема друго чаре, оти во темна ноќ без ѕвезди и на страшно место треба да се запее, а не во летно пладне меѓу шарени цвеќиња. Тоа оставете им го на шарените недоносени типови, кои доволно се изразија кои се и што се. Тоа Македонци! Оти е крајно време. Ако сакате да постоите веднаш потпалете го со прометејски огин вашиот заспан, умртвен нагон за постоење. Кренете го високо над домашните квислинзи и евроамериканскиот фашизам од Брисел и од Вашингтон знамето „Слобода или смрт“, сега во варијанта „Име или смрт“. Никогаш северна, ни муртинска, ни евроборделска, ни натокриминална. Секогаш Македонија! Само Македонија!!! Да ги поздравиме со тоа предците што ги засрамивме!