Вертикално распореден текст на новинарска страница во печатен медиум. КОЛУМН а… изговор на англискиот збор за столб во архитектурата. Овој архитектонски елемент е сочинет од основа, тело и капител=глава. КОЛ УМ НА… На дрвен столб поставена глава доколку на македонски ги препееме слоговите од кои е сочинет англискиот збор. Ова гласно размислување поттикнува кон можна полезна авантура во рамките на историјата на јазикот македонски. НО со ваков национализам… нема добрососедство, а без добрососедство нема НА то, нема Е у и… нема иднина…
За да не биде да нема, веднаш го вклучувам факторот без кој не би постоела „европската архитектура“. Грчка.
Еднаш се обидов со пристапот преку етимологии, но тоа тешко оди со речникот, кој издаден во Атина и сам по себе има многу проблеми со коренот. Но има излез. Постои и познат е „грчкиот ред во архитектурата“ и тој неприкосновено владее преку познатите три колумни ДОРСКИ, ЈОНСКИ и КОРИНТСКИ.
Да се обидеме да го подвлечеме добрососедството.
И дорската и јонската и коринтската колумна се појавуваат (интересно) во исто време (службено), во 6 век пр. н.е.! Ако ги анализираме како архитектонски феномени, очигледна е нивната преголема разноликост и како форма и како порака. Ако додадеме дека историјата сите ги лоцира во Јонија, вчудовидувањето е алармантно! За да го вратиме назад првичниот обид за добрососедство, мораме да се вратиме НАЗАД (во минатото) со извинување дека имаме намера за ПОСВЕТЛА ИДНИНА. Едноставно посветлата иднина не може да го реши ова дисхармонично создавање архитектонски РЕД.
Чекор по чекор, натаму-наваму, копајќи по археолошки локалитети, го наоѓате почетокот на првата колумна: ДОРСКИОТ СТОЛБ! Го наоѓате во САХАРА, но не во 6 век пред Богомладенецот, туку во 27 век пред Богомладенецот… и го откривате името на архитектот: ИМХОТЕП… Ако е со дорскиот (многумина учени сметаат дека ДОРЦИ не постоеле) така… ГО наоѓате ЈОНСКИОТ (Јонјани постојат), но не во атарот ни на „ГРАЕКИА МАГНА“ туку во палатата на асировавилонскиот крал НАБУ-АПЛА-ИДИНА (не иднина) и не во 6 век пр. н.е. туку во 10 век пр. н.е.! Коринтскиот им припаѓа на Персијците исто така околу 6 века пред учебничкиот 6 век пр. н.е.!
Има некоја мака со колумната. Кој рече дека дорската, јонската и коринтската колумна се „ГРЧКИ“!? За волја на вистината и добрососедството тоа не го рекоа Грците. Доказот е едноставен: ВО АНТИКАТА НЕМА ГРЦИ! Има Данајци, Елини, Атинци, Тебанци, Спартанци, Јунани, но нема Грци…
Пак кон минатото сега нешто поблиску: Лизикратовиот споменик во Атина. Прв споменик на кој заедно се поставени трите колумни една над друга (тоа не се прави во весник)! Интересна е локацијата во времето: наскоро по битката кај ХЕРОНЕЈА! Во 338 г. пр. н.е. Филип Македонецот влегува во Атина. Под власта на МАКЕДОНИЈА е поставен РЕДОТ НА ЕВРОПСКИТЕ КОЛУМНИ (потегот на најголемиот антички политичар според сериозните политички аналитичари на стариот свет беше визионерски обединителен – од некаде знаел дека ќе има ЕУ)…
Потоа минаа 1.800 години. Европа реши да го прифати овој македонски обединителен политички потег како европски ред, иако некои ренесансни интелектуалци го исмеваа со нам познатата етикета АНТИКВИЗАЦИЈА. Бидејќи степенот на информирање во периодот на италијанската преродба многу зависеше од нелегалното пренесување на книгите од македонските библиотеки, а терминот *ГРЦИ* беше секојдневен СЛЕНГ (во светот на Римјаните), со значење *учен човек*, но не се однесува на народ (според истражувањата на Зенон Косидовски), чаршијата овие колумни ги промовира преку телалите во „класичен грчки ред“…
Потоа поминаа уште 400 години и тоа што се користеше како сленг стана учебник… Потоа апсурдот исплива надвор од архитектурата со сета своја разновидна гнасотија на лагата, се разбира токму со Македонија. Името ѝ е надалеку веќе познато: Д НЕЈМ ИШУ! Колосалноста на овој феномен во светската историја лежи во медиумски поставената фокусна точка кај инаку јасно оцртаниот проблем. Дваесет и пет години се бара чаре да се прогласи исчезнување на МАКЕДОНИЈА и Македонците како МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИ, а сета археологија на територијата е истетовирана со тоа име и напросто нема начин да се избрише доказот!
Од друга страна, никаде нема археолошки или каков и да е друг доказ за постоење на името ГРЦИЈА и ГРЦИ, но медиумите и ЕУНАТО не го поставуваат тоа прашање како едноставно решение на „Д НЕЈМ ИШУ“. За да се покрие тоталниот апсурд се погрчува сѐ што е производ на светската култура до 6 век пр. н.е. со години и десетици години, до апсурд дека и Буда бил Грк (по малку), и Ши ХУАНГ ТИ барал помош од *Грците*, да не зборуваме за Египет и поназад до ИлиЈадата и… Инвентивноста нема граници кога се во прашање Еу и НАто и нивната ХИЗ СТОРИ…
Еве најнова вест: во Илијадата не се фалсификувани само Пајонците! Ништо за тоа. Неодамна градоначалникот на КИЛКИС (Кукуш е срамнет со земја (мислам и тоа беше за влез во еУ и наТО) и неговата локација е бележана само со еден ДАБ, кој е под заштита на УНЕСКО) создаде општина ПАЈОНИЈА. Се очекува во уставните измени, покрај откажувањето од македонското сјајно минато, за секој случај да се изгласа и откажување од македонското пајонско минато, бидејќи сега има такво име на територијата на денешниот добрососед, кој ако исполниме сѐ што бара, барем еднаш – некогаш во посветлата ИДНИНА (и понатаму се надеваме) ќе почитува договор со варварите од север. Зарем за тоа не стои гарантот Еуу (не знам зошто овие самогласки ме потсетуваат на песната „ЈУТУТУНСКА ЈУХАХАХА“) и НАто, кои со децении ни даваат силна поддршка за да бидеме силно посветени на влезот. За пречекорување на прагот… богами ќе почекаме: ТОА Е НАШАТА ПОСВЕТЛА ИДНИНА… Ова се повторува во правилни циклуси од 1689 до денес. Сѐ се случува во СЕГАШНОСТА. Навика. Навика.