Е, тоа софистицирано западно варварство под маската „демократија“, „мир“, „хуманизам“ дојде со полн деструктивен интензитет и кај Македонците со силеџиското преименување под варварски диктат на „балкански методи“ (идиотизам на Хан) на Брисел и на Вашингтон. А тоа е фашизам од прв степен, идентитетски геноцид, според антрополозите најстрашната смрт што може да му се случи на еден народ. Тоа е фашистичка операција да се избрише идентитетската историска меморија на цел еден народ: Македонците. Сеедно што таа смртоносна опера западните мајстори на смртта ја извршуваат со домашната квислиншка, марионетска влада што ја поставија за таа цел. Тоа не ги затскрива фашизмот, злосторството кон Македонците на бриселовашингтонските „демократи“ и „хуманисти“.
И на француски и на англиски, па и на македонски историја значи приказна. Приказната, пак, што ја раскажува историјата трае од ледената епоха на палеолитот до Нашата екстратехнолошка ера. Па сепак, да се послужам со една литерарна аналогија, историјата не е исто што и Шехерезада. Таа е понапред Шахријар чиј крвав меч виси над неа, па таа мора да плете цели 1.001 ноќ долги волшебни приказни за од секунда на секунда, од ноќ на ноќ, од столетие на столетие да го одбегнува неговиот удар, сè додека Шахријар не се смилува. Да. Но Македонија во улогата на Шехерезада не успеа да го смилува крвникот. Неговиот меч сега во Преспа ја пресече нејзината глава, онака како што ја пресече некогаш Ирод и главата на Јован Крстител, најголемиот и најсветиот по Исус, за темната царска гозба и танцот на неговата перверзна поќерка Саломе.
Во случајот на нашата литерарна аналогија Шехерезада е метафора на она што се именува со поимот култура, а Шахријар на она што се именува како варварство. Аналогно, пак, на Шахријар, попознат во таа смисла, е и Херострат, кој го запалил преубавиот храм посветен на божицата Артемида во антиката во Мала Азија со една единствена цел: да го задоволи својот деструктивен нагон и да заработи историска слава за себе. Кај нас таков Херострат сега е премиерот Зоран Заев, кој со само еден потег во Преспа го спепели преубавиот културно-цивилизациски храм Македонија, со истата херостратска цел и деструктивен нагон. Оти како што самиот им изјави надмено на Грците среде Атина, поголем Грк од нив, тој ќе бил запаметен во историјата по тоа што ѝ го сменил името на Македонија, без да биде свесен, бидејќи е битие само на потсвеста, дека со тоа извршил злосторство, идентитетско убиство на цел еден древен народ. А херостратска е во таа смисла, par exellance, и изјавата на премиерот Пендаровски, поголем Бугарин од Бугарите, за да има рамнотежа со Заев, дека Гоце Делчев е етнички Бугарин, кој само се борел за Македонија. Франкенштајновска комбинација.
Тоа се два крупни примери на историско варварство на херострати кон сопствениот народ. На микроплан и тие совршено ја илустрираат тезата поставена во насловот на овој текст дека историјата е составена од елементите култура и варварство. Пласт култура, пласт варварство, од палеолит до денес. Дури денес, со усовршените средства за убивање, тој ритам е пострашен и поинтензивен. Еволуционизмот на Дарвин, кој човештвото го смести на Галапагос, ја разви теоријата на еволутивната преобразба и напредок на видовите, меѓу нив и на човекот. Јас, пак, сум поклоник на креационистичкиот поглед на светот во чиј епицентар стои Бог, но сега, на нашата теза ѝ е добредојден Дарвин за да го потврди канибализмот на историјата: посилниот го јаде послабиот, на што, дарвинист во основа, и Ниче ја заснова својата теза на волјата за моќ и Натчовекот. Тој колективен Натчовек што го толчи светот денес е безмилосната железна империја Америка.
Дарвин зборува за биолошкиот, па во некоја смисла и за психолошкиот, но не и за моралниот и етичкиот еволуционизам на човекот. Веројатно и тој утврдил дека тој е запоставен од страна на мудроста и хаосот на неговиот бог – Природата. Но не и на оној Бог на Спиноза: Deus sive natura. И не само што моралот и етиката на човекот, за разлика од технологијата, што е трагичен расчекор, не напредувале, туку во некоја смисла дури назадувале, односно тие минувале низ некои перверзни цивилизациски трансформации во облик на дебела маска што го покрива лицето на злото. Една од тие дебели маски на модерната таканаречена, пред сè западна „хуманистичка“ демократија е перверзниот поим демократија. Да. Ние добро знаеме дека човек треба да се стресе кога тој ќе се употреби денес во Вашингтон или во Брисел, бидејќи веднаш треба да ги очекуваме западните „демократски“ бомбардери полни со смрт да се извишат над нечие туѓо небо и земја во името на таа нивна „цивилизациска“ придобивка. А всушност, станува збор не за демократија, туку за нафта, или за други материјални ресурси за да се задоволи бескрајно лакомиот апетит на (анти)хуманистичкиот Запад, кој му се помоча на Декарт, злоупотребувајќи ја како цивилизациско мото неговата максима: „Мислам, значи постојам“. Блискиот Исток, а потоа на Балканот Македонија, Босна и Србија се крунски пример на таквиот перверзен хуманизам на западната евроамериканска демократија. Бидејќи импотентната Европа, со страшен дефицит на тестостерон, и не може денес цивилизациски да постои без потентната Америка.
Е, тоа софистицирано западно варварство под маската „демократија“, „мир“, „хуманизам“ дојде со полн деструктивен интензитет и кај Македонците со силеџиското преименување под варварски диктат на „балкански методи“ (идиотизам на Хан) на Брисел и на Вашингтон. А тоа е фашизам од прв степен, идентитетски геноцид, според антрополозите најстрашната смрт што може да му се случи на еден народ. Тоа е фашистичка операција да се избрише идентитетската историска меморија на цел еден народ: Македонците. Сеедно што таа смртоносна опера западните мајстори на смртта ја извршуваат со домашната квислиншка, марионетска влада што ја поставија за таа цел. Тоа не ги затскрива фашизмот, злосторството кон Македонците на бриселовашингтонските „демократи“ и „хуманисти“.
Примерот со идентитетската ликвидација на Македонците покажува дека Европа ниту се откажала, ниту сака да се откаже од фашизмот. Посебно и Америка чиј беден вазал е таа. Не. Имено, парадоксот тука е во тоа што веднаш по победата над Хитлер, чист европски производ како и Маркиз де Сад, сојузникот Евроамерика не само што не се откажал од фашизмот, туку дури и без маска го продолжи неговиот континуитет. Тоа се случи првин со идиотските американски атомски бомби фрлени над Хирошима и Нагасаки во август 1945 кога ѝ беше скршен ’рбетот на „оската на злото“. Тогаш Американците рекоа: сега ние ќе го правиме подобро од Хитлер и Германците теза и на еден од нивните најдобри писатели Норман Мајлер. И го прават подобро. А Европа да не остане покусо и таа, иако на еден подзатскриен начин на селска оросподевица, исто така го продолжи со софистицирана перверзија тој континуитет. Лисабонската декларација беше, пред Преспанскиот, првата нејзина најсвежа фашистичка објава кон Македонците, но ако се вратиме наназад по Втората светска војна, парадоксално, европскиот фашизам во обновено руво пак фатално почнува со Македонците: со евроамериканските бомбардери на еврототемот Черчил, кои ги убиваа Македонците (жени, старци, деца, пеленачиња) на Грамос и Вичо, низ цела Егејска Македонија), ставајќи се на страната на грчкиот монархофашизам и чистејќи ги вековните домородци од своите родни огништа, планини, полиња и гробови. Тоа беше крунска потврда и на песимизмот на големиот германски писател и хуманист Томас Ман, кој по завршувањето на Втората светска војна, радосен, но и пророчки депресивен изјави дека Хитлер е победен во Европа, но не и европскиот фашизам. Примерот со Македонија сега, со нејзината насилничка идентитетска ликвидација е најубава, најгорчлива, најдепресивна илустрација на неговата темна јанѕа. Преспа е довршување на Букурешт 1913-та, по кој се покажа дека сепак Македонците се физички неуништливи, дека и понатаму нивното срце чука во свадбарски седумосмински такт, играат, пеат и стојат високо над смртта. И тие во Брисел и во Вашингтон, изненадени од таа македонска дрскост, мислеа, мислеа и го смислија на крајот идентитетскиот геноцид, најстрашната од сите видови на смрт. Да. Но дали по таа смрт навистина Евроамерика и балканските канибали што лакомо ја растргнуваат Македонија и нејзиниот културно-цивилизациски организам навистина ќе бидат посреќни? Не, бидејќи Македонците имаат една прастара мана, или поарно талент да воскреснуваат, да ја победуваат како Исус својата смрт. Нашиот простосрдечен народ вели: да се повампируваат и да го фатат за врат оној на кого ќе му се намерачат, кој ги тормозел во животот. Тоа е мората што ќе ги прогонува ликвидаторите на Македонците, европските и балканските канибали, но и домашните предавници на кои, такви какви што се, нерадо ќе им даде оваа света земја гробно место. Оти се срами од нив.