Ако можат да му ја укинат слободата на говор на американскиот претседател, што е со нас преостанатите? Нивното однесување е рамно на кампањата на Германската студентска унија во 1933 година за палење политички неподобни книги. Тука веднаш до мене стига ехото од хистеријата на прогресивните луѓенца што врескаат: „Тоа се приватни компании и можат да забранат кого сакаат“
Фак! Во Данска се учи историја. Видов на филм. Мадс Микелсен игра професор по историја. Дански филм. Најновото ремек-дело на Томас Винтенрберг. Се вика „Налевање“. Светскиот наслов му е „Another round“. И во него многу историја. Па, уште неколкупати пеење на данската химна. Но и многу патриотизам. Љубов кон татковината. Затоа Данците не се Финци. И никој жив не ги зема за пример кога треба да се обликува новата нормалност. Новата нормалност полека го освојува светот. А таа има многу алатки. Како исфрлање сцени од филмови. Па, така, наскоро сигурно ќе бидат исфрлени политички некоректните сцени од данскиот филм. Часовите по историја. Наметнување љубов кон татковина. Оти се знае дека сите имаме само една татковина. Глобалистичкиот неолиберализам.
Или серијата „Фарго“. Четврта сезона. За мене најдобра досега. Ремек-дело. Јас би дал „оскар“ за најдобар филм. Сеедно што е серија. Една од главните улоги ја игра Крис Рок. Глуми бос на мафија Афроамериканци. И како секој мафијаш, има лоши навики. Земања фирми и домови на луѓе што запаѓаат во финансиски кризи, па позајмуваат од него. Е, не може така. Не може црнец да биде негативец. Особено не сега. Афроамериканците само што се ослободија од робовладетелството на Трамп. Тие сега мора да се појавуваат само во позитивно светло. Затоа, исфрлање сцени. Секаде каде што Крис Рок прави неубави работи.
Таква е новата нормалност. Не може Афроамериканец да биде негативец. Напротив, сега мора да ги има во секој филм. Тоа се новите холивудски правила. Барем по еден црнец. Дури и ако снимаш филм за Исус и апостолите. Кифа ќе го направиш црнец. Има таков филм. Ама мора да има и барем една жена. Заради родова еднаквост. И геј, секако. Како во „Ковенант“, на пример. Тоа ви е последниот филм од серијалот „Елиен“. Оној што почна со Сигурни Вивер. „Елиен“ како филмски серијал егзистира речиси четири децении. Во него има неоткриена вселена, непознати планети, вселенски брод, екипаж од Земјата, андроиди и најзаебаниот вонземјанин во историјата на научнофантастичниот филм. Нема тука место за никакви љубовни приказни. Ни стрејт, ни геј. Ако сакаш да гледаш љубов, пушти си го „Љубовна приказна“ со Рајан О’Нил и Али Мекгроу. Ако сакаш геј-филм, ене ти го ремек-делото „Почетници“ со Ијан Мекгрегор и Кристофер Пламер. Во „Елиен“ се тепаш со гадни вонземјани, тоа е поентата. Љубовта тука само го прави филмот досаден. Како во „Убава жена“ да се појави вонземјанин. Е, ама, ете, во „Ковенант“ мораше да ја има. Геј-врска. Таква е новата нормалност. Па, тие и од последниот „Терминатор“ направија феминистички булшит.
Да се вратам јас на исфрлањето сцени. Лудилото не запира. Се забрануваат цели филмови и серии. Го забранија „Однесено од виорот“. Бил расистички. Го цензурираа „Фаличен пансион“ од исти причини. Би-би-си сами се посипаа со кофа гомна. Најпрво ја прогласија „Фаличен пансион“ за серија на векот. Нешто најдобро што произвеле во своето постење. Потоа ја прогласија за расистичка. Така е тоа со безумноста на неолибералите. Џон Клис и Роан Еткинсон кренаа глас против монструмот наречен политичка коректност. Ама хистеричната неолиберална енџиовштина е погласна.
Ќе исфрлале сцена од „Сам дома 2“. Онаа каде што се појавува Доналд Трамп. Сосема кратка сцена. Ама затоа перверзијата на неолибералниот естаблишмент е огромна.
Му благодарам на мојот пријател Димитар што ми го посочи последното интервју со Ларс фон Трир. Меѓу другото, данскиот генијалец посочува дека политичката коректност е најголемата деструктивност што во моментов маршира низ светот.
Сепак, забраните и цензурата не се толку нова појава. Има повеќе од 20 години како Американците го исфрлија од сите учебници Дејвид Ворк Грифит. Автор на немиот филм „Раѓање на нацијата“. Со овој филм практично почнува уметноста на режирањето. Како што Езенштајн е култен за уметноста на монтажата. Или Орсон Велс за модерната режија. Но има еден проблем. Грифит бил расист. Во вистинска смисла на зборот. „Раѓање на нацијата“ е расистички филм.
Не се согласувам со исфрлање на Грифит и неговиот филм од учебниците по филмска историја. Сеедно што авторот бил расист. Треба да се знае кои се неговите заслуги и што направил тој за филмската уметност. Како и фактот дека е расист, а тоа е лошо и погрешно. Но она што го направил за филмот не може да му се одземе. По таа логика треба да се забранат „Форд“, „Кока-кола“ и ИБМ. Сите соработувале и извезувале во нацистичка Германија.
Правилата на таа нацистичка Германија се враќаат на голема врата. Само маскирани во политичка коректност. Пред осумдесетина години човештвото беше многу поцивилизирано. Да беа како денешниве хистерични глобалисти, ќе ѝ ја сечеа главата на Лени Рифенштал. Или режисерката на Хитлер, како што е позната. Рифенштал е генијална режисерка. Не била нацист по убедување, но ширела нацистичка пропаганда. Веројатно избрала да работи, а не да заврши во логор. Како и да е, без нејзините филмови немаше да имаме некоја визуелна претстава за психопатот.
„Госпоѓице, не верувајте му на Евреин!“ Оваа реченица можете да ја најдете како цитат од најголемиот научник на човештвото, Никола Тесла. Дали Тесла бил антисемит? Секако дека не бил. Овде станува збор за стереотип. Евреите се премногу итри и ним не може да им се верува. Тоа е поентата. Како што кај нас во минатото се раскажувало дека на итрите Мариовци не може да им се верува. Ама замислете сега Израел да побара Тесла да се исфрли од учебниците. Среќа што Евреите се едни од најинтелигентните народи, па не би направиле таква глупост.
Што не важи за неолибералните глобалисти. Тие веќе утре може да ја забранат наизменичната струја.
Сето ова кулминира со однесувањето на хајтек-корпорациите. Ако можат да му ја укинат слободата на говор на американскиот претседател, што е со нас преостанатите? Нивното однесување е рамно на кампањата на Германската студентска унија во 1933 година за палење политички неподобни книги. Тука веднаш до мене стига ехото од хистеријата на прогресивните луѓенца што врескаат: „Тоа се приватни компании и можат да забранат кого сакаат“. Многу ги сакам кога се секогаш вака глупи поради сопствената деструктивност и љубов кон омразата спрема неистомисленици. По таа логика, можам да отворам кафе-бар и да забранам влез за оние луѓенца што врескаа: „Ајде Зоќи, рокни ја бомбата за Смилковско!“ Оти, нели, тоа е приватен кафе-бар. Според таа нивна празноглава хистерија, океј биле и натписите „Забрането за црнци и Италијанци“ (цитат од Фарго) по приватните кафеани. Многу се смешни кога се ловат во сопствената хистерија, ама па од неа ниту можат да расудуваат.