Есеј за страста (2) (или како е задушена таа кај Македонците)

Уништи му ја страста како извор на елементарната животна радост и нагон за екстатично постоење на човекот, и готово е со него. Пресечете му го патот кон меморијата, како што ни го прават тоа нам, кон таканаречената регресивна трансценденција за враќање назад до архаичните слоеви на своето постоење, и тој е целосно безличен и мртов. Нема да се сеќава дури ни на првиот грев на прародителите, кој фактички, и покрај стерилната приказна на теолозите, го откри клучот на најелементарната примордијална човекова страст, чиј извор, надвор од стигмата и догмата на црквата, е сепак божествен. Адам и Ева не се прогнати од рајот, туку ним едноставно Бог им подарил нешто сепак достојно за неговото создание: судбина. Но тоа е друга тема, драг читателу, која сега сепак е во, иако наизглед далечен, контекст со она што овде го толкуваме. Имено, сакам да кажам дека тој западен сатански доктор Менгеле на ЦИА и целата преостаната масонерија на злото работи на проектот за целосно бришење на свеста и на сите генерички божествени потенцијали на човековата душа. На апсолутно зомбирање на глобалистичкиот човек, кој не треба да биде човек на културата, туку роботизиран идиот, испран од ум и чувства, човек по волјата на дебелите западни корпорации и банки, кои исто така ги водат идиоти компонирани не од ум и култура, туку од црева и тоа што е во нив и што треба да го исфрлат како свое цивилизациско достигнување низ нивното величество – задникот. Така, вглобена во тој глобалистички зомби-проект и една наша интелектуалка себеси се дефинира идентитетски како Земјанка, а не како Македонка.

Туку да се вратиме на уште некои аспекти на феноменот страст, драг читателу, кој сега ние го поврзуваме и го толкуваме во спрега со уништувачите на таа драгоцена божествена супстанција на човековото битие. Имено, тие работат на укинување на неа во својата мрачна сатанска лабораторија не само кај човекот, туку и кај животните и другите живи суштества. Банален но суштински пример: Еве ги во тој контекст кастрираните кучиња низ Скопје маркирани со жолти беџеви. Те потсетува ли тоа на нешто, драг читателу, во Хитлерова Германија? Аналогијата е груба но реална. Ним им е одземен со тој чин генеричкиот нагон за анималната страст, парењето што тие, по аналогија на човекот го доживуваат како врвна екстаза. Како свадба. Така. Значи, човекот, создание на Бог, (иако радикалното крило на богомилите мисли на ѓаволот), е способен да го уништи нагонот со име страст што произведува како некоја фабрика на битието радост и постоење, во сите живи биолошки суштества. А, веројатно, по диктат на Сатаната, западниот деструктивен Фауст како доктор Менгеле ќе почне да го прави тоа како експеримент и во царството на растителниот, па и на минералниот свет. Ќе се обиде да им ја одземе страста и на дрвјата и да ја укине нивната волја за цветање, за екстаза, за интуитивна радост од постоењето што им го дарил Создателот.

Оти како што покажаа експериментите на Кирлијан и на Бакстер, и растителниот свет располага со свој регистар на чувства, а можеби и на болка, она на што западниот доктор Менгеле воопшто не е чувствителен, затоа што неговата нарав е садистичка. Па, и од кај ни доаѓа како цивилизациско откритие Маркиз де Сад? А? Потоа царството на минералите на кое толку многу му се восхитуваа Гете и Новалис. Новалис, имено, отиде дотаму што сјајот на скапоцените камења во своите славни „Фрагменти“, како да се жива твар, го дефинира со поимот интелигенција. И не е исклучено дека сатанизираниот сега антигетеовски Фауст на помрачената западна цивилизација што веќе го води светот кон едно подло, софистицирано варварство еден ден ќе ѝ стави крај и на таа интелигенција на минералниот свет, ќе го угаси нејзиниот сјај, оти тој ѝ е наклонет на темнината, а не на светлината, од што се превртуваат во гробовите француските енциклопедисти, столбови на француското и европското просветителство.

Да, драг читателу, тие менгелеовци со темна душа не ги трпат сјајот и светлината, која Бог ја создаде првиот ден од креацијата на својот Opus mundi, и со која толку штедро ги надарил и етички и културолошки Македонците. Ги надарил со страст, со екстаза што значи божествен и праведен креативен живот, искревање, како што вели мудриот свети Климент Охридски, од анималното кон ангелското, нешто на што по сè изгледа одамна заборавил човекот на западната ариевска, болно нарцистичка цивилизација. Тоа е тоа. Некој не сака да поседуваме и да даваме светлина, и сега за да ja задоволи својата темна страст и душа нè става во идентитетска мртовечница. Да. Ама не знае западниот доктор Менгеле дека Македонците имаат протејска виталност за преобразби и воскреснување. А не го знае, за жал, тоа, ни нашиот македонски Менгеле од она смуртено село. Ни тој ни неговиот западен сатански ментор не знаат дека и според божјиот код на постоењето Македонија и Македонците се неизбришливи и затоа се така нервозни тие и брзаат да ја завршат работата. Затоа се и идиоти и глупави во мрачниот потфат.

А не дека западната цивилизација немала и блескави духовни епохи и личности за разлика од денешната Европа и од сегашните бриселски политидиоти. Не е тоа само епохата на ренесансата, а по неа на барокот, па на класицизмот, па експлозијата на романтизмот, кој се судира со рационализмот на просветителството, разочаран од немоќта на доброто и Бог и пеејќи му химни на Сатаната. Арно, ама тој нивен Сатана беше поетска метафора. За разлика од Сатаната на сегашната западна цивилизација (евроамериканска), кој е вистински кнез на злото, на парите и материјалниот профит по секоја цена, лишен од каква било романтичарска поетска конотација, како што е тоа тој кај Бајрон, Милотон или кај Лермонтов. Западот денес ги убил, во име на профитерскиот глобализам, и душата и духот и духовноста. Ги убил и Љубовта и моралниот закон за кој, како што мисли и Кант, човекот е априори задолжен од неговиот Создател. Тоа убиство на духот и душата, па и на моралот и етиката хипокритскиот менгелеовски Запад се обидува веќе цели три децении, од 1990 г. наваму, не сметајќи ги столетијата пред тоа, да го направи и врз нас, користејќи ги методите на лагите, притисокот и најразличните смртоносни закани. И, за жал, неговиот експеримент успеа. Се уби најдрагоцената енергетска супстанција во македонското колективно битие, супстанцијата на страста што произведува животна и креативна, духовна радост. Го убија безмалку дури и нагонот за постоење, сега-засега, толку многу карактеристичен за Македонците распнати цели столетија на маченичкиот крст на историјата. А успеаја да ги убијат, како последица на тоа, во добар процент и моралот и етиката за љубов кон родот и татковината кај него. Успеаја да доведат на престол без поголем наш отпор квислиншка, петтоколонашка влада и премиер, дозволувајќи им да ги урнат сите правни норми и институции само и само да го реализираат нивниот мрачен план за наша идентитетска ликвидација. Им препорачаа отворено, преку устата на оној нивен изветреан еврокомесар Хан, дури да користат и „балкански методи“ за тоа, кои божем се понецивилизирани од нивните фашистички методи. Тоа. Разбудени се тешките сенки на Третиот рajx на Западот, драг читателу, и тие сега ја префрлаат својата темна мртовечка прекровка врз послабиот дел од човештвото: Блискиот Исток, Авганистан, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија… Не можат врз Кина, Русија, Индија, Бразил… Кога би можеле и нив би ги прекриле со неа. Ама не можат, за среќа, сепак можеби за човештвото, кое е сега слично на месечината, со темна и светла страна: темна онаа на Западната, и светла онаа на Источната цивилизација. Генерално така. Нас нè суредија, ја нивелираа страста за живот и нагонот за постоење. Ни вшприцаа смртоносна анестезија во таа нивна операција од која којзнае кога ќе се разбудиме. Не велам и дали. Но сепак ќе се разбудиме макар и по столетие, две или три. Тоа е нашето историско искуство. А можеби и побргу доколку Европа ја снајде некоја голема катастрофа, како онаа во Првата или во Втората светска војна, катастрофи што самата си ги подготви таа и испрати на колеж, на касапница милиони европски животи. Да. А Европа и со геноцидниот нејзин случај Македонија, сигурен сум се доближува до својата катастрофа од која ние Македонците повторно, како во Втората светска војна со АСНОМ, ќе испловиме од неа како библискиот Јона од мрачната утроба на китот.

Парадоксот е во тоа што нам, искуството го кажува тоа, ни се наклонети европските катастрофи, кои Вавилонската блудница, како што ја викаше Европа Цепенков, ги доживува сепак како божја казна за својот цивилизациски блуд и безбожност.

Конкретно сега Македонија и Сирија се најевидентниот пример за тој нејзин цивилизациски оргијастички садизам на кој слободно може да му завиди и нејзиниот модерен цивилизациски архетип Маркиз де Сад. За таа садистичка, сега банкарска цивилизација, драг читателу, има нешто и во последната книга на Библијата, Откровението, познато и како Апокалипса, на апостол Јован. Има и во пророштвото на старозаветниот пророк Даниел, кој ми е посебно омилен. Но за тоа друг пат.

Претеравме. На крајот сме. Не губи надеж дека ќе се разбудиме од смртоносната анестезија со која божем се обиде западниот доктор Менгеле, и нашиот со неговата мрачна парламентарна сурија од она смуртено село, да нè лиши (усмртувајќи нè) од болката што нè пече. Ќе се разбудиме и тоа ќе биде надеж и светлина за целото човештво, како што е по аналогија мрак и болка за целото човештво и идентитетската смрт што сега ни ја зготвија нам, на Македонците.

До следната наша колумна сè најубаво драг читателу. Чувај го колку што можеш повеќе тенкиот пламен на страста за живот и постоење како индивидуа што ja манифестира волјата на колективот, имајќи ги притоа предвид и гробовите на сите твои предци и прапредци, како и уште незачнатите и неродени поколенија Македонци што доаѓаат од иднината алка за алка врзани за нив. Поздрав.

(Крај)