(Европа е на работ од бездната, НАТО е клинички мртво)
Направивме долга, долга дигресија, драг читателу, за нашата болка за која немаат никакво чувство власта и парламентарната сурија од изроди на Заев. Глупави и аморални тие го продадоа Името, нашето единствено богатство во светската сиромаштија и ноќ за влез кај вавилонската ороспија Европа, за која сега во стилот на Наполеон Макрон решително рече дека таа е „на работ од бездната“. Тоа што не го виде доскорешниот челник на ЕУ, страстен љубител на француски коњак, Јункер, кој збогувајќи се на крајот од кариерата со бриселскиот цивилизациски Содом и Гомор „меланхолично“ ѝ порача на Европа да се чува од национализмот, правејќи притоа фрапантна грешка. Имено, исправно беше нејзе да ѝ порачаше да се чува не од национализмот, туку од фашизмот. Оти кај Германците на Хитлер нацизмот и фашизмот беа во амалгамска синтеза, ама тие кај малите и онеправдани народи како што се Македонците се раздвоени. Национализмот кај нив е патриотско чувство, љубов кон родот и негова одбрана кога е историски загрозен. Не фашизам, кој е карактеристика на моќните западни нации.
Сигурен сум, драг читателу, дека сега со епохалната детекција на Макрон за клиничката смрт на НАТО на Шекеринска и преостанатите политидиоти, и за Европа наведната над бездната на смртта, Макрон (дали тоа го разбира Тимоние?) направи епохален цивилизациски чин. Јас би рекол и морален, и затоа од сè срце го поздравувам. Со својата дијагностичка изјава, длабоко аналитички и етички промислена, тој им ја даде на бриселските политидиоти својата рендгенска снимка на која е фиксиран ракот од кој боледува во претсмртна агонија некогаш убавата демократска, просветителска, а сега фашисоидна и во целосна морална атрофија Дама на ариевската западна цивилизација. Всушност сега со својата епохална изјава францускиот претседател како темпирана напалм-бомба на парампарчиња го разнесе европскиот ариевски нарцизам. Многу далеку повеќе отколку што го сторија тоа терористите на ИСИС во париската концертна сала „Батаклан“. А којзнае и дали тоа беа навистина терористи, оти јас, драг читателу, и покрај крвавиот трагичен чин се сомневам во тоа. Прашуваш зошто? Па затоа што мислам, со ретки исклучоци, тоа во најголем број се очајници, а не терористи како што ни ги претставува нив перфидната ЕУ-Европа. Оти ако некому во Ирак, Авганистан, Сирија или во Либија му го срушиле домот, му го убиле семејството и му ја спепелиле татковината, нему на крајот на краиштата не му останува ништо друго освен да се препаша со динамит околу појасот и очајнички да тргне против тие што го сториле тоа. Да, драг читателу, ме разбираш, нели? Оти Западните моќници зборуваат, матејќи ја водата, сè за други терористи, означувајќи ги почесто како иноверци, муслимани и поттикнувајќи го на тој начин религискиот фашизам, кој и теориски го елаборира како сон на западната Сатана Ханингтон во своето по малку кич по малку култно егзибиционистичко но опасно доктринарно дело „Судир на цивилизациите“. Тоа. Никогаш Западните моќници не проговорија за својот државен тероризам, користен за свои „демократски“ потреби за грабеж на туѓи материјални, па и духовни блага. Погледнете ги „Лувр“ во Париз и Британскиот музеј во Лондон, па ќе видите колку се тие натрупани со музејски артефакти од нивните колонијални грабежи од Балканот до Египет и Азија. Да. За тој државен тероризам, да не бидеме неправедни, сепак проговори една сјајна и доблесна етичка личност, водечкиот американски интелектуалец Ноам Чомски, кој за него врз примерот на каубојска Америка напиша неколку капитални книги за депресивната слика на модерната цивилизација во која сепак Сатаната има западно лице.
А што се однесува до бриселските ЕУ-политбирократи, тие заборавија кои се духовните стратези на идејата за обединета и хуманистичка, а не за материјално лакома и егоистичка Европа. Тоа се Иго и Бакунин, и двајцата на свој начин анархисти-утописти. Бриселските политидиоти едноставно ја извалкаа и упропастија нивната идеја, нешто што веројатно му е многу јасно и на францускиот претседател та отворено ја кажа својата немилосрдно точна дијагноза за болеста на Европа и на НАТО, и двете франкенштајновски творби на современите ЕУ-планери на „среќата“ на Стариот Континент на кој се остава, со исклучок на Бугарија и Романија потребни за да се исклучи Русија, настрана Балканот како некој вид дупка или темна крчма како што би рекол Крлежа. Балканот, кој, пак, и покрај сите митомански мани, како што вели Андриќ, сепак има душа и дар за безрезервна гостољубивост кон странците за разлика од Европа и западниот човек што мисли дека е од повисока раса, па треба секогаш да биде тимарен од простодушните Балканци за кои тој мисли дека се примитивни. И денес мисли така. А дека сонот-утопија на Иго и Бакунин е помочан од бриселските ЕУ-политбирократи е најубав доказ и случајот со идентитетскиот геноцид што го извршија над Македонија со нивната влада, со Заев, Димитров и другите домашни изроди во неа и во парламентот. Но тоа не минува. Сигурен сум дека и Макрон го знае тоа.
И така, сè е јасно со Европа драг читателу. Ајде да речеме дека за нив Македонија е мала попатна бубачка, која не е никаков грев да се згази и уништи. Ама што правиме со нејзината мрачна русофобија и обнова на макартизмот. Уште Толстој и Достоевски пред Путин сега го знаеја тоа. Прочитај ги нивните текстови за Вавилонската дама и сè ќе ти биде јасно драг читателу. Шведскиот (европски) Нобелов комитет затоа, имено, и не му ја даде првата Нобелова награда за литература на генијот од Јасна Полјана, затоа што го оцени како словенофилски анархист, како што мисли, за жал, и Руската православна црква што фрли анатема врз него и сè уште не ја повлекува, а особено му замери на неговиот анимозитет кон Европа. Тоа беше пресудно нему да му ја доделат наградата на еден осреден француски поет Сили Придом кого денес не можете да го најдете во книжарниците во Париз бидејќи и самите Французи го имаат заборавено. И воопшто најглупавото нешто на Европа, импотентна целосно без ерос и тестостерон кон варварска Америка, а нејзината изолација на нобјатната матушка Русија, која не еднаш ги сопирала и амортизирала азијатските походи на Хуните и Монголите кон неа.
И не дека во модерна Европа немаше и нема хуманистички духови со отворен хоризонт на умот и душата. Јас во таа смисла, драг читателу, сто пати, можеби и сум ти здосадил, сум посочувал на Томас Ман, кој и по падот на Третиот Рајх и Хитлер рече дека не е победен фашизмот. И погоди. Да беше сега жив тој, ама немаме среќа оти наместо него жива е Меркел, ќе ја укореше најостро бриселската Европа за нејзиниот нацифашистички идентитетски геноцид над Македонците. Во тоа ни најмалку не се сомневам. Како што ќе го стореше тоа, се разбира месје Тимоние, и сјајниот француски хуманист писателот и нобеловец Анатол Франс, кој целиот свој благороден живот покрај другото им го посвети на Ерменците и Македонците, застапувајќи се и борејќи се за нивните права за сопствен идентитет, слобода и достоинствен човечки живот. Постојат редица светли хуманистички ликови што ѝ го обелуваат колку што се може валканиот образ на Европа, колонијалистичка и антихуманистичка, до гума заглавена во мрачната филозофија на либералкапитализмот за материјални богатства.
Меѓу нив сега ми доаѓа на ум и сјајниот просветлен ум на Херман Хесе, австриски Германец, нобеловец за литература и автор на култните романи „Демијан“ и „Сидарта“, кој ги преживеа двете европски светски војни и како и Макрон сега ја детектира болната шизофренија на западната заглавена во лакомост и аморалност картезијанска цивилизација. Еве што вели тој во својот есеј „Поглед во хаосот“, објавен истата година кога и „Демијан“, разочаран од европскиот човек: „Човекот ЕССЕ НОМО, уморен, лаком, див, детинест и рафиниран човек на нашата доцна доба, европскиот човек кој умира и сака да умре: испеглан од секој копнеж, болен од секој порок, ентузијастички вдахновен со знаење за својата пропаст, подготвен за секој напредок, зрел за секој чекор напред, целиот жар и целиот умор, осамен, испразнет, прастар, истовремено Фауст и Карамазов, животно и мудрец, оголен, полн со детски страв од смртта и полн со уморна подготвеност да умре.“
Да. Српскиот психоаналитичар со христијанска и јунговска ориентација Владета Јеротиќ во своето дело „Болеста и творештвото“ вели дека Јунг речиси истите реченици ги има напишано 1931 г. во својата книга „Душевните проблеми на сегашноста“. Се разбира дијагностицирајќи ја кобната психолошка слика на шизофренијата на човекот на западната цивилизација оддалечена, како што би рекол Хелдерлин, од трагите на светото. А тука сега парадоксално е и Макрон, драг читателу, кој како да се надоврзува во таа смисла на размислите на Хесе и Јунг, трауматични во основа. Тоа е храбро и чесно и јас лично го поздравувам за оваа негова искреност, која стои надвор од безобразната мимикрија на западната политика и политичари. Да се детектира така отворено сликата на Европа, која стои над бездна е навистина доблест од еден западен европски политичар. Од психоаналитичка гледна точка тоа навистина звучи, макар и несвесно, мазохистички, но е безмилосно храбро и чесно. Со својата немилосрдна дијагностичка изјава Макрон, да се надеваме, ѝ ги отвори широко замижаните очи на бриселска Европа, во основа конфузна и глупава, а најмногу лакома. Меркел никогаш, кусогледа, не се ни обиде да повлече дијагностички потег како Макрон.
Толку сега засега драг читателу. Останува уште јас и ти да го поканиме во овој случај морално храбриот француски претседател на еден кафе-муабет и да му честитаме, но во Македонија без смртоносната придавка на Заев и на Димитров северна. И да ѝ пишеме на внуката на фирерот, која толку многу идиотски нè притискаше да си го смениме името да се угледа на нејзиниот француски колега. Да. А тоа што Макрон се спротивстави да добиеме датум за преговори со ЕУ, тоа тој го стори, длабоко сум убеден овој пат, не против македонскиот народ, туку против македонската апсолутно криминогена и разбојничка влада, која дури да трепнеш ја продаде целокупната македонска меморија и културно-цивилизацискиот имот од антиката до денес. Таа, која, како што вели еден мој пријател не е ни фашистичка, бидејќи фашистите не го ништеа својот народ, туку други, па за неа мора да се измисли некој нов квалификатив. Таа е раритетна во светската историја, бидејќи не постои друг таков пример на влада што е апсолутно смртоносна кон сопствениот народ, кого топтан го третира како Хитлер Евреите во Втората светска војна, па без око да ѝ трепне целиот го стави во гасната комора на идентитетската смрт. Тоа и така! Што да ти раскажувам повеќе, драг читателу, во општата светска ноќ во која Антихрист ќе владее сè до Армагедон и Второто пришествие на Исус, и нам сега засега, и пред тоа сум ти го рекол тоа, не ни останува ништо друго освен да ја запееме онаа познатата de profundis меланхолична песна „Господе дојди што побргу“! Дојди за да го кренеш мракот што го налегнал срцето на Македонците и на човекот насекаде во светот. Амин!
(крај)