Каков апсурд! Искажувањата дека е дозволено да се дадат информации за етничката, верската и јазичната припадност не само што се во спротивност со Законот за заштита на личните податоци туку се во спротивност и со Европската конвенција за човековите права – слободата на мислата, совеста и вероисповедта. Никој нема право да определува етничка или јазична припадност на една индивидуа, затоа што индивидуата е одделна личност во општеството
Пописот на населението се спроведува за да се утврди фактичката состојба и да се предложат развојни политики што ќе го подобрат квалитетот на сите граѓани – тоа е математичка операција. Логично се наметнува прашањето доколку пописот е бројчен систем, зошто тогаш две децении Македонија не организира и спроведе попис? Колку и да звучи чудно, одговорот на ова прашање го знаат и малите деца.
Најголемите контроверзии произлегуваат од Охридскиот рамковен договор и измените на Уставот, имено, во 2001 година се донесоа 15 амандмани како обврска од Охридскиот рамковен договор. Со овие измени, македонскиот народ се дефинира како етнос, а националностите се трансформираа во делови на народ. Во однос на јазикот се установи дека покрај македонскиот јазик, кој е службен јазик, службен јазик може да биде и јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, личните документи на граѓаните што зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се издаваат и на тој јазик и неговото писмо во согласност со законот.
Во однос на локалната самоуправа се регулира дека кој било граѓанин што живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, во комуникација со подрачните единици на министерствата може да употреби кој било од службените јазици. Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20 отсто од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик. За употреба на јазиците на кои зборуваат помалку од 20 отсто од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа. За министерствата се установува дека секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици, а министерствата одговараат на македонскиот јазик, како и на службениот јазик што го употребува граѓанинот.
Исто така со овие измени на Уставот се регулира соодветната и правична застапеност на граѓаните што припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа.
Очигледно е дека од формулацијата на амандманските измени што се составен дел од Уставот, произлегуваат сите контроверзии за пописот на населението. Соодветната застапеност на Албанците во институциите и употребата на албанскиот јазик се во зависност од бројноста на албанското население во Македонија. Со други зборови, правата на Албанците зависат од границата над или под 20 отсто од вкупното население. Никаде во Уставот не се регулира дека Албанците имаат по автоматизам права како што се регулирани со амандманите. Од бројноста на албанското население во Македонија зависат употребата на албанскиот јазик и застапеноста на Албанците во државните институции.
Затоа прашањето за тоа дали близок на лицето во странство може да даде одговор за јазикот, верската и етничката припадност предизвикува несогласувања. Апостол Симовски, кој ја презентира методологијата за попишување, ги посочи етникумот, верата и јазикот како податоци што само лично можат да се одговорат. Меѓутоа на оваа изјава се спротивстави неговиот заменик Илми Селмани, од чиј потпис зависи финалната потврда на пописот. Според Селмани, иако според Законот за заштита на личните податоци е забрането да се даваат податоци за друго лице, исклучок има само за попишувањето, што значи дека е дозволено да се дадат информации за познат кога попишувачите ќе го побараат тоа, вклучувајќи ги етничката, верската и јазичната припадност.
Очигледно е дека од формулацијата на амандманските измени што се составен дел од Уставот, произлегуваат сите контроверзии за пописот на населението. Соодветната застапеност на Албанците во институциите и употребата на албанскиот јазик се во зависност од бројноста на албанското население во Македонија. Со други зборови, правата на Албанците зависат од границата над или под 20 отсто од вкупното население. Никаде во Уставот не се регулира дека Албанците имаат по автоматизам права како што се регулирани со амандманите. Од бројноста на албанското население во Македонија зависат употребата на албанскиот јазик и застапеноста на Албанците во државните институции
Каков апсурд! Искажувањата дека е дозволено да се дадат информации за етничката, верската и јазичната припадност не само што се во спротивност со Законот за заштита на личните податоци туку се во спротивност и со Европската конвенција за човековите права – слободата на мислата, совеста и вероисповедта. Никој нема право да определува етничка или јазична припадност на една индивидуа, затоа што индивидуата е одделна личност во општеството.
Сега да ја анализираме суштината на проблемот! Најголемиот егзистенцијален проблем на Македонија е економијата, односно високата стапка на невработеност и немањето можност за креирање нови работни места. Како општество, сведоци сме дека цели домаќинства не примаат доход и живеат под линијата на сиромаштијата во подолг временски период, хронично сиромашни лица и семејства, несигурна иднина во поглед на работното место, лоши станбени услови, лоша здравствена состојба и сѐ така до бесконечност. Како да забораваме дека Македонија се соочува со висока стапка на сиромаштија, а сиромаштијата не познава етникум, јазик или религија.
Соочени со сиромаштијата, македонските граѓани без разлика на полот, верата, народноста и убедувањето заминуваат од Македонија. Албанците не се исклучок, привлечени од разликите во нивото на платите одлучуваат трајно или привремено да се иселат од родната земја. Затоа сме сведоци на празни куќи и цели населби низ Македонија, само погледнете ги Струга, Тетово или Гостивар.
Кој е виновен за оваа состојба? Одговорноста е на државата затоа што не овозможи образование во вистинска смисла на зборот, не постави меритократски принцип за напредување, не ја уништи корупција, не создаде доверба во институциите, владеење на правото, не создаде нови работни места итн. Но најголемата одговорност сепак ја сноси албанската политичка елита во Македонија, која дваесет години не ги подобри економските услови на Албанците. Време е албанските политички партии во Македонија да се потсетат на латинската поговорка – дела, не зборови! (acta, non verba!) и заеднички со сите други да работат во полза на општеството. Во спротивно, со секој следен попис бројот на Албанците постојано ќе се намалува.