Научниците предупредуваат: Заразата од коронавирус на отворено не е невозможна
Пепи Дамјановски: Ризикот на отворено, како парк, улица, плоштад…, каде што може да се одржи растојание од два метри е речиси никаков. Ама на пазар, редици пред банки, маркети, школски дворови…, не е баш дека нема ризик. Е, сега, поедноставно им е да донесат мерка маска да се носи секаде, отколку да остават секоја будала сама да проценува каде има ризик, а каде нема. Како што маската не се носи за да се заштитите вие, туку тие околу вас, од можноста да сте инфицирани, а да не сте свесни за тоа. Арно ама така уште помалку ќе носат маски. За жал, тоа е!
Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома
Илинденка Милевска: На прашањето зошто смртноста на заразените од коронавирусот е толку висока во Македонија, директорката на Инфективна пред две недели изјави дека лесно заболените доцна доаѓале во болниците, односно кога состојбата ќе се искомплицира. Сега изјавува лесно заболените да не доаѓаат во болниците за да остават место за тешко заболените. Ја прашувам директорката кој е тој што ќе им каже на лесно заболените пациенти што се лечат дома дека состојбата им станува комплицирана и тешка кога матичните не ги примаат позитивните пациенти туку комуницираат со нив по телефон. Ало, директорке, усогласи се сама со себе!
Директорот на „Македонска пошта“, Ејуп Рустеми, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“
Мирјана Трајановска: Тешко на сите нас, тешко на оваа земја, тешко на идните поколенија! Вакви одлуки се хорор за целата економија и стопанство! Неуспешноста во раководењето и менаџирањето со јавна фирма и нејзиното доведување до банкрот, во нормалниот свет на бизнис се казнува, а кај нас, еве, се наградува! Па, кај го има ова лудило? Сѐ е ненормално! Јазак!
Администрацијата ќе работи од дома или со смени
Васко Костески: Натерајте ги банките да работат и да не ги малтретираат луѓето со часови!
Кој пат да го фати пензискиот систем?
Коста Спиркоски: Возот за Германија! Допрва почнуваат да идат овие проблеми!