Истакнатиот професорД-р Вулнет Палоши од Тетово почина во понеделникот 18 јуни по тешко боледување, информираше неговото семејство.

Палоши е роден 1950 година во Тетово, а целиот свој профеисонален ангажман го посвети на градежништвото и инфраструктурата. Дипломирал во 1980 година на Градежниот Факултет на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2005 година се стекнува и со највисокиот стручен назив доктор по технички науки.

Од 2007 година предава на „ Државниот Универзитет во Тетово“. Во текот работниот век бил на повеќе општествени функции во локалната самоуправа и во државните институции. Автор е на голем број научни трудови и книги. Погребан е во вторник на муслимансктие гробишта во Тетово.

A.С.