Поради списите во предметот и заштита на интегритетот на обвинителката Вилма Русковска, Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста додека се разгледува материјалот и се разговара за него. Со двотретинско мнозинство, сите обвинители беа едногласно согласни дека новинарите и невладините треба да ја напуштат седницата.
Во списите кои ги добил Советот на јавни обвинители, ја има кривичната пријава против Русковска поради која е супспендирана, но и преписки кои обвинителката ги имала.
Детали од жалбата на Русковска не се откриваат. Жалбата беше поднесена во минатата недела, а Русковска е убедена дека ги побива сите аргументи на Јовески со кои ја суспендираше.
Како причина за супспензијата беше наведено тоа што против Русковска се води кривична постапка, а по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за претресот, кој не бил направен согласно закон.
За Русковска, нејзиното суспендирање значи и суспендирање на правото и правдата во државата. Таа кажа дека ваквата одлука е притисок врз неа, кој ќе влијае и на колегите кои водат случаи за висока корупција.