Со низа свечености и манифестации Битола денеска ја одбележа 120 годишнината од смртта на Гоце Делчев.
Делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, придружуван од претставници на Советот на општината, како и претставници на политичките партии, Ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“, основното училиште „Гоце Делчев“ и други граѓани, денес по повод одбележувањето на 120 години од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на великанот на македонската национална борба. Денешниот ден е потсетување и одавање почит на големото дело и заложба на столбот на македонската револуционерна борба.
-Денешниот ден е одавање почит кон македонскиот национален херој, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водич, високо свесен, пред своето време, вистински алтруист, космополит кој го разбирал светот единствено како поле за културен натпревар на народите. Одбележувајќи 120 години од смртта на Гоце Делчев, истовремено одбележуваме и 120 години од големото наследство кое ни го остави оваа импозантна личност, која со гордост и пиетет ја славиме. Неговиот лик и дело не потсетуваат и ни помагаат да се издигнеме од сите премрежја и предизвици и да останиме достојни за неговата идеја и жртва, а како негови горди потомци, да продолжиме да ја чуваме и негуваме искрата на национална одржливост. Слава му! – реча Коњановски.
Инаку одбележување на 120 годишнината од смртта на Гоце Делчев, во Битола, продолжува вечерва во Офицерскиот дом со културно уметничката .
М.М.