Фото: Принтскрин

Денеска сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот, бидејќи вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие кои што го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35 проценти на територија на СВР Скопје и вие сте тие кои што го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди – истакна вечерва министерот Панче Тошковски во своето вонредно видео обраќање до македонските граѓани по повод првиот ден од формалното започнување на проектот „Безбеден град“.

Тој, денеска (01.02.2026) беше во посета на компјутерскиот центар на „Безбеден град“ во СВР Скопје каде денеска и официјално стартуваше проектот „Безбеден град“ за евиденција на прекршоците во сообраќајот.

Тошковски сведочеше за успешниот старт на проектот, дека одвива според планираните параметри и граѓаните како што се и очекуваше во огромен број ги почитуваат сообраќајните правила. Министерот уште еднаш посочи дека со имплементирањето на овој проект и неговото официјално пуштање во употреба, за неколку часа покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија и сме можеле да покажеме еден поинаков пристап, за разлика од претходно.