Фото: Архива

ПРЕСРЕТНУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ЗАМЕШАТЕЛСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Уште од памтивек, или со векови, демократијата се дефинира како „владеење на народот“. Тоа е општествено уредување каде што врховната моќ му е дадена на народот и се извршува непосредно преку него или преку негови избрани претставници.

Според дефиницијата на Абрахам Линколн, „демократијата е управување на народот, од народот и за народот“. Но Европа и меѓународната заедница ги кршат сите овие дефиниции и постулати за демократијата. Врз Македонија тие практикуваат „демократија“ на притисок и постојано наметнување туѓи штетни предлози, кои македонскиот народ не ги прифаќа

По неуспешната и одложена собраниска седница за уставните измени, поради немањето на потребното мнозинство гласови, врз Македонија се динамизира меѓународното замешателство за спроведување на бараните уставни измени, што, пак, е спротивно на волјата на народот.

Меѓународниот притисок врз Македонија како да стана политичка константа и нов европски критериум, што ниту е во духот на демократијата, ниту во склад со прокламираните европски вредности. Да се бара од една држава постојано да спроведува нешто што е спротивно на волјата на народот е практично газење врз демократијата, меѓународното право, европските вредности, па дури и цивилизациски придобивки на новото време.

Уште од памтивек, или со векови, демократијата се дефинира како „владеење на народот“. Тоа е општествено уредување каде што врховната моќ му е дадена на народот и се извршува непосредно преку него или преку негови избрани претставници.

Според дефиницијата на Абрахам Линколн, „демократијата е управување на народот, од народот и за народот“.

Но земји од ЕУ, па Брисел, односно меѓународната заедница, ги кршат сите овие дефиниции и постулати за демократијата. Врз Македонија тие практикуваат демократија на притисок, уцени и постојано наметнување туѓи штетни предлози, кои македонскиот народ не ги прифаќа.

Македонија како држава и македонскиот народ, од своето постоење секогаш биле на вистинската страна на историјата. Македонскиот народ е вграден и во антифашистичката борба, во писменоста, култура и сите историски и европски придобивки. Зошто тогаш тому таа Европа е слепа кон Македонија и бара од нас да се откажеме од своите идентитетски корени?

И ако ЕУ декларативно се промовира како строга и бескомпромисна во однос на промоција и заштита на демократијата во сопствените редови, зачудува како истата таа ЕУ не ги почитува демократијата и слободната волја на народот кај земјите-кандидатки, како Македонија. Или, со други зборови, зошто се врши толкав притисок врз македонскиот народ и државата, за нешто што е против волјата на мнозинскиот народ.
– Да беа ЕУ и Македонија деца, уцената на ЕУ ќе ја наречевме булинг, малтретирање. Ќе алармиравме јавност, медиуми, психолози, педагози, ќе вриштевме дека не смее да се случува; дека мора да запре! Како ја нарекуваме сега? Реал политик?! Реал (реална) политика е само фенси назив за оправдување на насилието на посилниот. ЕУ има класична тврда позиција на преговарање (со притисок и уцени), а нашите власти – класична мека позиција на преговарање (прифаќање притисок и отстапување пред уцени). Меката позиција секогаш губи пред тврдата – смета професорката Тамара Јованов–Апасиева.

Според неа, изненадувачки е и тоа што голем дел од луѓето го прифаќаат тоа како нормално, неизбежно?
– Не е нормално! Не е неизбежно, напротив, само е прифатено и дозволено! Насилието, без оглед кој го прави – деца, возрасни или нации, треба да запре – порачува таа.

Кај народот има една изрека што вели со сила убавина не бидува. Пренесена во актуелниот политички контекст таа може да гласи и вака: Со сила и против народната волја уставни измени не бидуваат.

Пожелно е ова да го слушне и разбере и Европа и меѓународната заедница. Што поскоро, тоа подобро.