фото: Фејсбук

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес остварил телефонски разговор со Дерек Чолет, советник на Стејт департментот на САД.

Од МНР информираат дека соговорниците размениле мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и актуелните случувања во и околу Украина.

– Беше изразена заемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, повлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права. Воедно, соговорниците ја истакнаа значајноста од заеднички пристап кон актуелните безбедносни предизвици и упатија повик за деескалација на состојбите во интерес на европската сигурност – се наведува во соопштението за разговорот.

Во тој контекст, биле поздравени напорите на меѓународните партнери и заложбите во рамки на НАТО и ОБСЕ за смирување на состојбите и зачувување на мирот.