Управниот одбор на Здружението на судиите бара целосно исполнување на барањата дефинирани во Стратегијата и Предлог-активностите за реализација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите по сите 6 точки, доставени до Министерството за правда и надлежните судски институции, информираат Управен одбор.
Овој е заклучено на последната седница на здружението одржана на 7 април, кога меѓу другото е донесен и заклучок договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите на судиите од најмалку 15 отсто да се усвојат од страна на Владата во најкраток можен рок, но не подоцна од две недели, како и Собранието да ги донесе измените на Законот за платите на судиите во најкраток можен рок, но не подоцна од 30 јуни 2022 година.
– Доколку не биде утврден текстот на предлог измените од страна на Владата во наведениот период, согласно консултациите со судиите во РСМ, Управниот одбор донесе одлука за одржување на предупредувачки протест на 28 април 2002 година од 11 до 11.30 часот – велат од здружението.
Оттаму појаснуваат дека во насока на целосно остварување на истакнатите барања, Управниот одбор, истовремено ќе ги активира сите расположливи правни механизми пред надлежните домашни и меѓународни институции.
– Овие заклучоците ќе бидат доставени до Министерството за правда при Владата на РСМ, претседателите на судовите и подружниците на Здружение на судиите на Република Северна Македонија – се додава во соопштението.