Су Леи, вршител на должноста амбасадор на НР Кина
Во мај, Генералниот комитет на 78-та Пленарната сесија на Светска здравствена асамблеја (WHA) одлучија да го отфрлат таканаречениот предлог за „поканa на Тајван да учествува во Светската здравствена организација (СЗО) како набљудувач“ поднесен од страна на одредени земји. Ова е деветта година по ред како СЗО го отфрла таканаречениот предлог во врска со Тајван, што целосно покажува дека придржувањето кон принципот „една Кина“ е волја на народот и е генерален тренд. Светската здравствена организација е специјализирана агенција на Обединетите нации на која можат да се приклучат само суверени држави. Како дел од Кина, Тајван нема право да стане членка на СЗО. Ова е фундаментален принцип потврден со Резолуцијата 2758 на Генералното собрание на ОН и Резолуцијата 25.1 на Светска здравствена асамблеја.
Во 1971 година, 26-то Генерално собрание на Обединетите нации со убедливо мнозинство ја усвои Резолуцијата 2758, со која одлучи да ги врати сите права на Народна Република Кина во Обединетите нации, признавајќи ги претставниците на Владата на Народна Република Кина како единствени легитимни претставници во Обединетите нации и целосно решавајќи го прашањето за претставувањето на цела Кина, вклучително и Тајван, во Обединетите нации од политичка, правна и процедурална перспектива. Ова е политички документ што го отелотворува принципот „една Кина“. Принципот „една Кина“ е основна норма на меѓународните односи и универзален консензус на меѓународната заедница. Тоа е исто така фундаментална премиса и политичка основа за Кина да воспостави и развива односи со 183 земји, вклучително и со Северна Македонија.
Оваа година се одбележува 80-годишнината од победата на кинеската народна Војна на отпорот против јапонската агресија и Светската антифашистичка војна, како и 80-годишнината од ослободувањето на Тајван. Враќањето на Тајван на Кина е важен дел од победата во Втората светска војна и повоениот меѓународен поредок. Каирската декларација, Потсдамската прокламација и низа документи со меѓународна правна сила го потврдија суверенитетот на Кина над Тајван, а нивните историски и правни факти се несомнени. Во моментов, властите на ДПП тврдоглаво се придржуваат до сепаратистичката позиција за „независност на Тајван“, здружувајќи се со надворешни сили постојано прават провокации за „независност“ и намерно ја искривуваат и оспоруваат Резолуцијата 2758 на Генералното собрание на ООН. Ова не е само оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, туку и оспорување на меѓународната правда и универзалниот консензус, како и оспорување на глобалниот поредок по Втората светска војна. Без разлика што велат или прават властите на ДПП, тоа не го менува фактот дека двете страни на Теснецот припаѓаат на една иста Кина, а Тајван е нејзин дел, ниту пак може да го промени основниот модел на меѓународната заедница на придржување кон принципот „една Кина“, ниту пак може да го запре историскиот тренд дека на крајот Кина ќе биде обединета.