Откако пристигна автомобилот во кој се превезуваше шефот на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг, тој не излезе веднаш, бидејќи премиерот Димитар Ковачевски не беше пристигнат на местото за пречек.
Ова се забележува и на официјалното видео на владиниот „Јутуб“ канал.
Ова се случува за прв пат, гостин да чека во автомобил пред зградата на Владата. Досега секогаш домаќинот бил на местото за дочек пред да пристигне автомобилот со гостинот.
На пример пред три недели кога во посета на Скопје беше претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, премиерот Димитар Ковачевски беше на местото за пречек, веднаш штом пристигна автомобилот.