Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 го оцени случајот со контроверзниот украинец Олександр Онишченко како настан кој го урива кредибилитетот на државата и на Агенцијата за национална безбедност.
– Имам сосема јасен став по ова прашање, тоа е настан кој го урива кредибилитетот на државата и на Агенцијата за национална безбедност и тука немаме дилема – вели Спасовски.
Сепак, тој посочи дека случајот со доделеното државјанство на контроверзниот Олександр Онишченко нема да ја наруши безбедноста на земјата и рече дека ќе има одговорност за тие што погрешиле.