Претседателот Стево Пендаровски закажа седница на Советот за безбедност во среда со почеток во 12 часот, соопшти кабинетот на шефот на државата.
На дневен ред на седницата што ќе се одржи во вила „Водно“, ќе биде безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион.
На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.