Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади едногласно донесе одлука за одржување јавна расправа по конечниот извештај од ревизијата на успешноста за имплементацијата на Истанбулската конвенција. пренесе МИА.
Извештајот, подготвен од Државниот завод за ревизија, се однесува на спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, со посебен осврт на специјализираните услуги за жените жртви на родово-базирано и семејно насилство.
Со дваесет и првата седница на Комисијата претседаваше пратеничката Олга Лозановска.
-За датумот и местото на одржување на јавната расправа ќе има дополнително известување – изјави Лозановска.































