Во изминатиов период градинката „11 Октомври“ спроведува градежни активности и реконструкција на стариот дел. Во тек е поставување енергетско ефикасни прозорци, кои значително ќе придонесат за постигнување оптимални температури во текот на зимскиот и на летниот период. Исто така се врши репарирање на паркетот, а наедно наскоро следува и поставување надворешно катче за играње за децата.
– Оваа година, со помош на општината Бутел, во овој објект има поголеми градежно-занаетчиски работи. Веќе се поставени климатизери за децата во јаслените групи, и во тек е замената на дотраената дрвена надворешна столарија со енергетски ефикасна ПВЦ-столарија со која се очекува оптимизирање на условите за престој на децата во градинката и заштеда на електрична енергија како и заштеда на масло за домаќинства за греење во зимскиот период. Потоа следува фазата на молерисување, на сите ѕидни површини во објектот, стругање и лакирање на подните површини, и набавка на детски мебел. Исто така, во тек е набавката на детската опрема за катчиња за играње во дворот на градинката. Со сите овие реконструктивни и градежно-занаетчиски работи се стремиме кон подобрување на условите за престој на децата во градинката – велат од „11 Октомври“.