ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење поради енормно зголемена потрошувачка.
– Дневното производство достигнува и над 350.000 метри кубни вода. Апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови – соопшти јавното претпријатие.
Укажува дека „ваквата енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем“.
– Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот – стои во апелот на скопски Водовод.