Општина Центар
Од Општина Центар информираат дека маалските полициски службеници се враќаат. За влијанието на полициските службеници во населбите пред граѓаните што живеат околу ООУ „Кочо Рацин“ на Водно разговараа претставници од Општина Центар и позорникарите што ќе патролираат во овој реон.
Тие пред граѓаните посочија дека непосредното физичко присуство на униформирани лица, меѓусебната комуникација и размената на информации довело до намалување на прекршоците од областа на јавниот ред и мир и намалување на извршени кривични дела во овој дел од централното градско подрачје.
На средбата, позорникарите им порачаа на граѓаните на Водно да ги практикуваат нивните совети за заштита на домовите од кражби.
Општина Центар информира дека овие средби со граѓаните, на кои секогаш присуствуваат и претставници на МВР, ги прави со цел жителите во населбите да ги запознаат полициските службеници што ќе патролираат и ќе ги заштитуваат нивните животи и имоти.