Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека од Е-112 е добиена пријава за пожар во поранешната фабрика ОХИС.
Како што соопштуваат од ЦУК, во фабриката е опожарен оџак и дрвна маса во еден од објектите.
– Гаснењето на пожарот во ОХИС е во завршна фаза. Нема информации за горење на било какви опасни материи. Веднаш откако ќе биде изгаснат ќе имаме повеќе информации околу пожарот – информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Известени се БППЗ на Град Скопје.