Во скопската Зоолошка градина има ново бебе од видот елен лопатар.

Информацијата попладнево ја споделија од Зоолошката на нивната страница на Фејсбук.

– Малечкото веќе напредува супер и е милениче на целата група елени кои се грижат за него – пишува во објавата.