„Насилникот си ти“, „МВР викни ми такси“, „ти ли ќе ми кажеш кога да се возам со такси“, „кажете ни дали сме безбедни! Сегде има полицајци“, „не сме безбедни ни дома, ни надвор“, гласат дел од пораките истакнати на протестот одржан попладнево пред Министерството за внатрешни работи, во знак на револт по неколку забележани напади врз жени во Скопје.
Повикот за протестот беше упатен преку социјалните мрежи. Учесниците на овој начин побараа одговорност, како и заштита од надлежните институции, бидејќи велат дека не се чувствуваат безбедно.
Организаторите сметаат дека полициските службеници се покажале неспособни и недораснати кога станува збор за жртвите на родово базирано насилство. А порачаа и дека системски и општествено се потфрла кога станува збор за безбедноста и благосостојбата на девојките и жените во земјава.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ исто така упати поддршка за протестот пред МВР.