Во текот на целиот завчерашен ден, екипите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ извршија поголем број интервенции на територијата на Скопје.
Секторот Водовод нотира зголемен број интервенции, и тоа реконструкции на водоводни мрежи, промени и поправки на вентили и друг вид активности на повеќе локации. Интервенциите се реализирани на улиците Партеније Зографски и Димче Мирчев во Центар, улиците 5, Христо Татарчев, Малина Попиванова и Живко Фирфов во Кисела Вода, на повеќе локации на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари, улиците Пребондова, Ѓоре Ѓоревски и Љуботенски Пат во Бутел, улицата Славеј Планина во Чаир, улицата Пандил Шишков во Горно Лисиче, улиците Горноврановска и Тодор Чангов во Аеродром, улиците во населените места Стајковци и Инџиково, како и улиците Х. Жефаровиќ, С. Михајлов, П. Тољати и Ж. Жорест во Гази Баба, улиците во Буковиќ и Грчец во Сарај, улиците Алексо Демниевски, Хераклеја, Борис Сарафов, Манчу Матак и Стево Филиповиќ во Ѓорче Петров, како и на улиците Козле и Жданец во општината Карпош.
Секторот Канализација во текот на завчерашниот дел имал зголемен број интервенции и активности во сите скопски општини, и тоа проверка на шахти по пријави, површинско чистење на решетки, одзатнување канализација, рачно чистење сливници и исфрлање отпад.