Фото: Маја Јаневска-Илиева

Традиционално, секоја година на 1-ви јануари моторџиите од Скопје се собираат на плоштад да си ја честитаат Новата година.

И денес моторџиите се собираат на плоштадот Македонија во 12 часот и симболично го означија почетокот на новата сезона.

Магливото време воопшто не претставуваше пречка за вљубениците во машините на две тркала да си ја честитаат Новата Година, а тие што невозеа, се загреаа со греана ракија и вино.

На плоштадот присуствуваат искусни и добро познати моторџии и новајлии.