Општина Центар преку фотографии ја прикажува вистинската слика на просторот кај поранешната фабрика за мебел „Треска“ кој вчера почна да се расчистува. Градоначалникот Горан Герасимовски вчера изјави дека локацијата има потреба од итно расчистување затоа што претставува сериозна закана за животот на околните жители земајќи ги предвид пожарите во кои гореа азбестни табли.
На локацијата досега имаше два големи пожари, вториот по силна експлозија поради што Министерството за животна средина повика жителите да ги затворат прозорците. Просторот често е и престојувалиште на бездомници чие здравје е загрозено од нечистотијата налик „Чернобил“ и големиот број на глодари.
Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски и вчера изјави дека и повика да не се шпекулира бидејќи расчистувањето на просторот се прави со цел да се отстранат азбестните плочи и целата нечистотија за која години наназад апелираа и жителите.
Отстранувањето на отпадот според Законот за сопственост и други сродни права, каде е
регулирана приватната сопственост и обврските го прават сопствениците и со цел безбедно расчистување на просторот тоа го прави најмена фирма во неколку фази по посебни протоколи.
Денеска на социјалните мрежи градоначалникот Герасимовски приложи и фотографии кои го прикажуваат шутот и опасноста во некогашна „Треска“.
Општина Центар повторно појасни дека просторот и депонијата кај „Треска“ се расчистува единствено по апелите на граѓаните за нивните безбедносни, здравствени и еколошки причини и ниедни други.
Комерцијална објава