ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците дека во текот на утрешниот ден, 13.12.2020 (недела), како резултат на планирана системска интервенција, електронските услуги на веб-страната на претпријатието www.vodovod-skopje.com.mk, како и мобилната апликација нема да бидат достапни. Предвидено е прекинот да трае до 17 часот.
Имајќи ја предвид можноста за прекин на достапноста на телефонскиот број на дежурноинформативниот центар, 02 3073 010 во текот на утрешниот ден, за итни случаи корисниците ќе можат да се обратат на 072 304 269.