Фото: МИА

Бобан Црничиќ е нов директор на ЈП „Улици и патишта“, доаѓајќи на местото на Сенад Смаиловиќ кој вчера беше разрешен од градоначалникот Петре Шилегов, според информациите објавени во повеќе медиуми.

Црничиќ, кој е назначен за в.д. директор, досега беше вработен во правната служба на претпријатието како дел од тимот на Смаиловиќ.

Шилегов преку Фејсбук ја информираше јавноста дека го разрешува директорот, без објаснување. Претходно дел од медиумите објавија дека Смаиловиќ бил фатен од полицијата со кокаин.