Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи.
-Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакуирани сите граѓани кои ќе побараат помош-додава министерот.
МНР претходно побара од оние кои не оставиле свои податоци веднаш да се јават во Министерството за да дадат прецизни информации за нивната локација со цел да се овозможи и нивна побрза евакуација. Дежурниот телефонски број кој постојано е активен во МНР е: +389 75 273 732