Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово, потврди за МИА, Стошевски. Тој сè уште не го зел решението за назначувањето и најави официјална изјава во текот на утрешниот ден.
Министерот за здравство Арбен Таравари вчера по посетата на семејството на младиот кумановец кој почина по примена терапија, во изјава за медиуми информираше дека го разрешува д-р Стефан Трајановски, укажувајќи дека ДЗСИ констатирала неправилности во болницата за што е разрешен Трајановски, а најави и дополнително испитување од официјалната комисија за утврдување на лекарска грешка.
Стошевски е магистер на економски науки, а 17 години е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.