На иницијатива на вработените од Регионалниот центар за управување со кризи и со подршка на вработени од ПО на ДЗС Кичево, беше исчистен кругот на објектот во кој се лоцирани четири установи. Кругот на овие установи го загадуваат кучињата скитници кои од блиските контејнери влечат секаков вид на отпад, кој потоа го растураат на овој локалитет.
– За да ја подобриме екологијата во нашето опкружување презедовме акција за чистење на кругот од зградата во која се наоѓа нашето одделение. Во акцијата се вклучија и вработени од Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување. Нашата акција даде вистински резултат бидејќи кругот на зградата е комплетно исчистен и истиот повеќе ја нема онаа грда слика со расфрлан секаков вид на комунален и друг вид на отпад. Ова е којзнае која по ред акција што ја преземаме ние, а исти такви акции ќе спроведуваме и во иднина за секогаш да имаме пријатно катче за престој и работа – истакна Сузана Тасеска, раководител на РЦУК Кичево.
Таа посочи дека проблемот го создаваат кучињата скитници кои во голем број ги има на кејот на реката Сушица или во кругот на нивниот и соседните објекти. Тие ги влечат најлоните полни со секаков вид на отпад и ги растураат во кругот пред оваа зграда.Со пренамената на поранешната Команда на гарнизонот Кичево во нова општинска зграда се очекува и присуството на кучињата скитници еднаш засекогаш да заврши и оваа грда слика да биде неповратно минато. З.А.