По четири месеци денеска официјално почна реконструкцијата на мостот кај Безистенот во Битола. Од Општина Битола соопштија дека по четири месеци ја обезбедиле потребната документација за реконструкција на мостот.
Од Општината предвидуваат дека во 20 работни дена ќе завршат сите градежни активности, по што ќе следува период за постигнување на потребната цврстина на бетонот од 28 дена, пробно товарење на мостот и пуштање во употреба.
Со ваквата динамика, Општината планира да ги заврши сите активности до крајот на мај, кога мотсот кај Безистенот официјално ќе биде пуштен во употреба. М.М.