Фоо: Ка.М

Болницата „Борка Талески“ – Прилеп доби донација на постелнина од конфекцијата „Конфи ангел“ по повод Денот на здравјето – 7 април. Со постелнина се обезбедни 400 кревети во сите одделенија.

– Конфекцијата „Конфи ангел“, е една од најопштествено одговорните компании, која постојано не поддржува. Постелнината е за околу 400 легла. Донациите секогаш се добредојдени. Најважно е денес на Денот на здравјето да кажеме дека инвестиците во човечки капитал, вложувањето во кадарот е многу значајно. Испративме 50 лекари на специјализација, дел на супспецијализација. Очекуваме и нововработените доктори да заминат на специјализација, но и да има вработување на нов кадар. Секогаш е потребна и опрема. Сега на пример ни треба нов компјутер за томографија, бидејќи постоечкиот е застарен. Се надеваме дека ќе обезбедиме нов заедно со Министерството за здравство – изјави Кети Смилеска, директор на болницата.

Од „Комфи ангел“ велат дека донацијата е благодарност за спасен живот на повреден вработен.

– Во болницата се погрижија да го спасат животот на нашиот млад вработен, особено несебичноста на младиот доктор Давид Јованоски. Тука направија се за да го транспортираат на „КАРИЛ“ каде исто така се заложија да го спасат неговиот живот. Се врати жив од Скопје. Комплетното опремување на леглата е за пациентите да се чуствуваат попријатно додека престојуваат тука. Донацијата е околу 12 илјади евра, а исто така имаме донација и за „КАРИЛ“ – изјави Ирена Јакимоска, сопственик на „Комфи ангел“, потенцирајќи дека фокусот треба да е грижата за здравјето на сите и дека ќе продолжат да донираат за болницата.

Ка.М.